Контакт

Македонија

(Видео) Коалиција Села – Гаши: Ќе го победиме Ахмети, ние стоиме на зборот за разлика од ДУИ

Објавено пред

Под мотото „Држава за сите“, Алијанса за Албанците на Зијадин Села и Алтернатива на Африм Гаши ќе настапат заедно на изборите, откако денеска и официјално го потпишаа договорот за коалиција. Како што најавија, очекуваат оваа коалиција да победи на изборите и да влезе во власта по изборите. Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, рече дека се сигурни дека разочараните гласачи на ДУИ ќе ја изберат оваа опција, бидејќи, како што кажа, од Ахмети не може да очекуваат ништо друго освен нова борба за министерски фотелји.

„Али Ахмети и граѓаните не треба да се плашат од победата на нашата коалиција, туку напротив треба да се радуваат. Гласачите добро знаат кои сме ние, знаат дека секогаш сме стоеле на дадениот збор, за разлика од ДУИ. Нашата победа ќе значи правда, рамноправност и достоинствен живот за сите, а ДУИ ќе ги извадиме од фиоките каде што се имаат поставено со години, по министерствата и владата. Ахмети не беше достоен да биде дел ниту од избирањето на претседателот на Собранието, тој наместо да остане да гласа, избега. Неговите ветувања за јазикот, за Албанец претседател на Собранието се стари уште од 2014 кога беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Ветуваше прво двојазичност, па Албанец претседател , па ЕУ и НАТО и на крај од сите тие ветувања ништо, освен што се изборија да влезот по министерства и да освојат повеќе ресори. Гласачите ќе дојдат кај нас затоа што даваме конкретна понуда и реални проекти“, порача Села, лидерот на Алијанса за Албанците.

Неговиот коалициски партнер Гаши рече дека анкетите за рејтинзите биле на страната на опозициските коалиционери, што, според него, било доволно за освојување на власта. Гаши не сакаше да каже колку пратеници точно очекуваат, но додаде дека очекуваат добар дел од незадоволните Албанци да им ја дадат поддршката.

„Ако сакате математиката, еве ќе се обидеме просто да пресметаме. 250.000 гласови има албанскиот политички блок, по последните избори од 2016, 70 до 80 гласови отидоа на контото на ДУИ, остануваат 170.000 гласачи ако не ги сметаме нивните. Значи, ако освоиме добар дел од оваа бројка, ќе биде повеќе од доволно да се сметаме за победници на овие избори“, додаде Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

Што се однесува до предизборна коалиција со македонските партии, лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, рече дека сè додека во Македонија има етничка дискриминација нема услови за таква коалиција.

„Сè додека во Македонија немаме држава за сите, сè додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација од етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, додаде Села.

Македонија

МВР ја најави процедурата за лицата што за време на викенд треба да излезат од карантин

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи соопшти за процедурата за лицата сместени во државен карантин, на кои тој им истекува за време на викенд, кога има целосно ограничување на движењето.

Пороцедурата ќе се одвива така што овие луѓе ќе бидат прашани од страна на полициски службеник за име и презиме на лицето и податоци за возилото што ќе дојде да го изврши транспортот.

Од МВР појаснуваат дека полицајците имаат списоци на дневна основа кој граѓанин кога го напушта државниот карантин и тие ги најавуваат лицето и возилото што ќе дојде по оној што го напушта карантинот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Објавено пред

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести денес министерот за здравство, Венко Филипче.

Фазата во која се наоѓаме, со најголеми рестрикции на движењето, ќе се искористи за подготовка на производствените капацитети, рестораните и економските оператори да се подготват за постепено враќање на вообичаениот начин на работа.

„Се подготвуваме и за периодот, тогаш кога ќе дојде согласно бројот на новодијагностицирани пациенти за кои, искрено се надевам, согласно предвидувањата некаде на крајот на април да го достигне врвот, постепено животот да се врати во нормала, целокупниот работен процес. Сакам да упатам една јасна порака дека нема да може така лесно целокупниот работен процес, но и животот да се врати во нормала со истиот интензитет имајќи го имаме предвид искуството на некои други земји и предвидувања дека секогаш постои ризик и за втор пик, врв на дијагностицирани пациенти. Во таа насока следната недела почнуваме интензивна комуникација со претставници на стопанските комори на кои од наша страна, од страна на Комисијата за заразни болести ќе им се даде јасна насока на економските оператори, на производствените капацитети, на рестораните како треба нивниот процес да го организираат за тогаш кога ќе се одлучи дека е дојден моментот да се отстранат сите овие рестриктивни и ригорозни мерки и целокупниот тој процес постепено да се врати во нормала. Сето тоа ќе се работи во овој период додека траат мерките, за кои искрено веруваме дека ќе стават крај на патот на ширење на вирусот“, рече министерот Филипче.

Мерките ќе се олабавуваат постепено за да не се случи нагло зголемување на бројот на пациенти, нешто што засега министерот смета дека успешно сме го избегнале.

Тој уште еднаш апелираше граѓаните да ги почитуваат мерките.

„Ова е тежок период, убаво е времето и навикнати сме надвор, но мора да издржиме, да се почитува забраната и за што пократко време да може да кажеме дека сè што сме направиле вредело“, рече министерот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Објавено пред

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство, Венко Филипче. И мајката и бебето се во добра здравствена состојба.

На Инфективната клиника во последниве 24 часа примени се пет нови пациенти, со што вкупниот број хоспитализирани на клиниката е 68. Од нив, 20 се со потешка клиничка слика, а седум се во критична состојба.

„За четворица пациенти се чека вториот контролен тест, пред да бидат испуштени од клиниката како излечени“, информираше Филипче.

Во Градската болница „8 Септември“ има 25 хоспитализирани пациенти. Од нив пет се во тешка состојба и се приклучени на вештачка вентилација.

Во болниците во Битола и во Штип има по четворица пациенти, од кои на еден му е потребна кислородна поддршка.

Во последниве 24 часа регистрирани се 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови во Скопје – 12, Куманово – 13, Прилеп – 8, Тетово – 1, Струга – 2, Велес – 8, Кочани – 1, Пробиштип – 1.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 663 лица. Според последните објавени информации, 30 пациенти починале како последица на коронавирусот.

Министерот кажа и дека притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој е позитивен на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија2 часа

Намален условот за фирмите што користат субвенција – вработените ќе мора да ги задржат до јули, а не до септември

Фирмите што користат субвенција од Владата нема да смеат да отпуштаат работници до јули, а не до септември како што...

Економија3 часа

Прераспределени повеќе од 6,5 милијарди денари од буџетот за економските мерки

Владата на денешната седница ја донесе одлуката за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и меѓу фондовите...

Македонија5 часа

Филипче: Следната недела почнуваат подготовки за олабавување на мерките за движење

Следната недела ќе почнат подготовки за олабавување на мерките за рестрикции на движењето и враќање на животот во нормала, извести...

Македонија5 часа

Мајка и бебе од Кочани позитивни на коронавирус примени на Инфективната клиника

Мајка и нејзиното четиримесечно бебе од Кочани се примени на Инфективната клиника, откако биле утврдени дека се позитивни на коронавирусот,...

Македонија5 часа

Притвореник кој вчера починал во скопскиот затвор позитивен на Ковид-19

Притвореник во истражниот затвор во Шуто Оризари вчера починал од срцев удар, а по извршената обдукција било утврдено дека тој...

Македонија5 часа

Откриен случај на болеста њукастел во земјава, АХВ најави засилени мерки

Агенцијата за храна и ветеринарство донесе решение за воведување заштитни, контролни и дополнителни мерки, со цел контрола и спречување на...

Економија7 часа

Светска банка прогнозира рецесија од -0,4 до најмногу -2 отсто годинава

Економската активност во земјава годинава ќе се намали за -0,4% споредено со лани и тоа во најоптимистичкото сценарио што го...

Македонија7 часа

Нови 46 случаи на коронавирус, прв случај во Пробиштип

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 46 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје...

Европа9 часа

Данска идната недела ги отвора училиштата и градинките

Данската премиерка, Мете Фредриксен, најави дека државата ќе ги отвори градинките и основните училишта за првите пет одделенија од следната...

Македонија10 часа

Донирани околу еден милион евра на сметката на Министерството за здравство

На наменската сметка на Министерството за здравство за донации за борбата со коронавирусот до сега се пристигнати  средства во висина...

Свет11 час

Кина презема нови мерки поради страв од нов бран на вирусот како резултат на асимптоматски случаи

Кина, во која помина епидемијата на коронавирусот, презеде нови мерки за да ги спречи асимптоматските носители на вируси да предизвикаат...

Економија11 час

Русија подготвена да го намали производството на нафта за 1,6 милиони барели дневно

Според договорот што го постигна со земјите на ОПЕК, Русија соопшти дека е подготвена да го намали производството на нафта...

Свет12 часа

САД пред Шпанија по бројот на починати од коронавирус – втор ден по ред има повеќе од 2.000 жртви

Соединетите Американски Држави регистрираа речиси 2.000 смртни случаи на коронавирус втор ден по ред. Според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“,...

Регион12 часа

Брнабиќ потврди: Србија 60 часа во карантин за викендов

Српските граѓани ќе поминат 60 часа во карантин овој викенд, потврди премиерката Ана Брнабиќ, објаснувајќи ги новите рестриктивни мерки за...

Свет12 часа

Рекорден број на заразени со коронавирус во Јапонија

Во Јапонија за прв пат денеска се регистрирани повеќе од 500 нови случаи на коронавирус во еден ден.Министерството за здравство...

Европа15 часа

Андреа Бочели ќе пее во празна катедрала на Велигден

Еден од најпознатите светски тенори, италијанскиот оперски пејач Андреа Бочели, ќе пее на Велигден во празната катедрала „Дуомо“ во Милано,...

Македонија24 часа

(Видео) Граѓаните што имаат потреба од лекар за време на полицискиот час не мора да се јават на 192

Владата денеска ја почна серијата информативни видеосесии со наслов „Ковид-19, прашања и одговори“, во чии рамки се одговараат актуелните прашања...

Европа1 ден

Рекорден број починати за еден ден во Велика Британија

Во Велика Британија во последните 24 часа од коронавирус починаа 938 луѓе, што е рекорден број на смртни случаи во...

Европа1 ден

Вo последните 24 часа во Италија починале 542 лица

Во последните 24 часа во Италија од коронавирус починале 542 лица, со што бројот на смртни случаи се искачи над...

Македонија1 ден

Излекувани уште двајца пациенти од Штип

По информациите добиени од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека денеска попладнево се регистрирани уште две лица...

Досие