Македонија
(Видео) Ковачевски: На 9 мај гордо ги славиме победата над фашизмот и големата идеја за Европа

Премиерот Димитар Ковачевски се обрати на свеченоста по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, што се одржа во дворот на Владата.
Пригодната свеченост по повод 9 Мај почна со положување венци пред споменикот „Ослободители“ на Скопје.
„Денеска, одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај како Ден на победата над фашизмот и како Ден на Европа. 9 мај е еден датум за два големи настана во историјата на Европа и на нашата земја. Денешниот ден е запишан со златни букви во историјата на напредна Европа и на Европејците“, посочи Ковачевски.
Како што рече премиерот, ова е ден кога ги чествуваме и се поклонуваме пред големото дело на припадниците на партизанските единици од Народноослободителната војна, кои со двете заседанија на АСНОМ ги заокружиле вековната борба и стремежот на македонскиот народ за своја самостојна држава.
„Нашите сограѓани од тоа време, припадници на сите етнички заедници, ги дадоа своите животи затоа што избраа да застанат на страната на сојузничките, антифашистички сили, кои решија да се обединат и да им застанат на патот на фашистичките окупатори.
Од денешен аспект од огромно историско значење е што создавањето на македонската држава се оствари и преку учеството на партизанските единици на страната на антифашистичкиот сојуз. Тоа учество беше и останува вистинската страна на историјата и единствениот и вистински избор“, нагласи Ковачевски додавајќи дека Втората светска војна на територијата на Македонија завршила со приближно 25.000 загинати борци и други жртви.
Премиерот додаде дека изборот на македонскиот народ, заедно со сите други народи, бил македонската држава да биде создадена како дом на слободата.
„Затоа денеска имаме силни, големи причини, да славиме и да бидеме дел од прославите во Европа.
Да ја славиме победата над фашизмот и да ја славиме големата идеја за Европа“, посочи Ковачевски.
Тој нагласи дека денеска се одбележуваат и 72 години од денот кога на 9 мај 1950 година францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, повикал да почне изградбата на нова Европа.
„Чувствувајќи одговорност за важноста каква иднина ќе им обезбедат на своите граѓани, европските земји што го прифатија овој повик прифатија и дека споделуваат заедничка историја и влегоа во решавање на разликите меѓу себе.
Седум години подоцна шест европски земји ја основаа Европската економска заедница со договорот од Рим и го почнаа процесот на европската интеграција, кој ќе биде крунисан со она што денеска претставува ЕУ.
Ние, граѓаните на Република Северна Македонија, ги избравме Европа и Европската Унија зашто се изградени на вредностите во кои веруваме и ги практикуваме и ние.
Оттаму, кога велиме дека ЕУ е избор на граѓаните на Северна Македонија, велиме и дека тоа е избор за економски посилна Европа. Избор за поправедна и побезбедна Европа, која ни припаѓа нам, на сите нас.
Затоа се гордееме и на овој избор. Ја избравме иднината. Иднината на Европската Унија – иднина што му припаѓа на секој европски граѓанин“, истакна премиерот.
На свеченоста пред Владата свои обраќања имаа и претседателот на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, Никола Стојановски, амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, и амбасадорот на Европската Унија, Дејвид Гир.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во рамки на неговата посета на Украина оствари средба со својот домаќин, Дмитро Кулеба. Ова е нивна втора средба во само неколку недели.
Како што информираа од Министерството за надворешни работи, централна тема на разговорите била руската агресија врз Украина и нејзините последици врз украинската држава и граѓани, но и пошироко. Соговорниците се согласиле дека во прашање е грубо кршење на меѓународното право и неиспровоциран напад врз суверенитетот на една земја, но и сериозен обид да се уништат темелите на регионалната и глобална безбедност и стабилност.
„Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина, и Украина ја заслужува сета почит, помош и поддршка поради тоа“ изјави Османи, појаснувајќи дека државата од почеток се приклонила кон сите мерки на осуда и санкции против Руската Федерација.
Станало збор и за европската перспектива на двете земји, влијанието на украинската војна врз овој контекст и потребата процесот да го добие своето зголемено внимание, согласно новата геополитичка и безбедносна динамика.
За време на својата посета во Киев, Министерот Османи ја реотвори Амбасадата на Република Северна Македонија во Украина со што истата е ставена во полна функција.
„Ова не е само симболичка порака, туку суштински израз на пријателство и солидарност кон украинскиот народ и држава“, изјави Османи.
Македонија
Кирил Лазаров: Престанете со корупција во политиката и политика во корупцијата

Став на Кирил Лазаров – сопственик на Никоб групацијата
„Последната корупциска афера на малверзациите со плацевите во Делчевско во кои биле вклучени и неколку луѓе, високо позиционирани во ЕВН, a во исто време и високо позиционирани партиски пајташи во ВМРО – ДПМНЕ, е само уште еден доказ дека корупцијата ги пуштила метастазите од туморот во секоја клетка на општеството, на најјако.
Дрскоста на пајташите одела до таму, што нивните апетити биле во насока да се збогатат за 1,5 милиони евра за само неколку дена, (што за чесен бизнисмен во Македонија би му требале едно 10 години) и за таа цел го довеле во заблуда целиот управен одбор на ЕВН, кој е еден од поголемите странски инвеститори во Македонија.
Но, суштината е дека корупцијата не би метастазирала до секоја клетка ако барем една политичка елита во овие 30 години не се обиде да аплицира некаков лек во организмот и да му помогне на системот барем да почне да се бори.
Тенденциозно користам медицинска терминологија во објаснувањето, затоа што корупцијата навистина почна да ја убива државата, системот, бизнисот и граѓаните. Буквално ги разболува и убива луѓето кои се во немоќ во рацете на ова чудовиште.
Корупцијата и криминалот се чудовиштето во Македонија веќе 30 години.
Тврдам дека она што го покажа пописната статистика оваа година е дека егзодусот што ни се случува во најголема мера е заради корупцијата, зошто? Едноставно, нема бизнис и економија кога има корупција, кога нема бизнис, нема ни пари ни работа. Толку!!
Каде најмногу се всади корупцијата како метастаза? Како и каде се храни чудовиштето овие 30 години? Секако од политиката и партиите кои како организми се гладни за пари и моќ. Затоа во овој период ќе гледаме радикализации, протести, лажен патриотизам во партиите. Буквално се ќе се прави за парите и моќта да останат. Партиите во Македонија опстојуваат со пари и моќ, не со знаење и мудрост.
А, кој ги води партиите овие 30 години?! Со, чесен број на исклучоци, луѓе кои не направиле ништо во животот, не создале ништо од нула, туку разгалени детишта кои татковците или чичковците или пак партијата им дале се во животот. На пример оние двајца од ЕВН кои се дел од криминалната шема ако не била партијата да ги реализира, која вредност би ја имале? Штом партија ти дава вредност и те факторизира, а не личниот труд, образование и работа, тогаш не вредиш ни пет пари, и таквите како нив треба да се искоренат од партиите и општеството.
Како понатаму и кога да кренеме глас?
Или ние бизнисмените, оние чесните да ставиме клуч на бизнисите и оставиме илјадници фамилии на улица и пребегнеме во Будимпешта, барем со законски стекнат имот (да ја оставиме иронијата на страна) или за да не бидеме соучесници и да кренеме глас, да размислиме кои алатки ги имаме на
располагање. Плаќаме даноци, вработуваме луѓе, купуваме технологии, но со вакво иселување за неколку години ќе пропаднеме, нема кој да работи.
Да почнеме да размислуваме како да почнеме да се бориме против коруптивното општество и коруптивните политички елити. Имаме должност кон семејствата и фамилиите кои работат во нашите фирми, а се повеќе бараат билет во еден правец. Бизнисмени и индивидуи, кренете го гласот и оставете ги партиите!!“, наведе Лазаров.
(ПР)
Македонија
Јаревски: Каде завршуваат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Тони Јаревски на вчерашната собраниската седница за поставување на пратенички прашања, постави прашања за што се трошат парите од пластичните кеси кои влегуваат во фондот за животна средина, нагласувајќи дека законот се применува неколку месеци а никој не знае каде одат парите, односно како што рече тој само 1 или 2 денари остануваат во маркетите, останатите одат во фондот за животна средина.
„ Првото прашање е до премиерот какви се фондовите за животната средина. Она што многу малку се дискутира е како се делат тие 15 денари? Од тие 15 денари 1 или 2 се за маркетите, остатокот влегува во фондот за животна средина. На месечно ниво тоа се 200.000 евра, а законот се применува веќе неколку месеци што значи дека влегуваат неколку милиони евра во фонд за кој што не знаеме како се трошат парите. И ова не го велам јас како пратеник од опозицијата туку луѓе навлезени во оваа проблематика кои кажуваат дека не можат да добијат информации како се трошат парите, згрозени од нетранспарентноста на владата и министерството. Затоа каде одат парите, како се искористуваат истите пари, праша Јаревски.
Во однос на безбедноста, Јаревски истакна дали граѓаните може да се чувствуваат безбедни на улиците кога две униформирани лица односно заменик началник се пука по улиците со началник.
„ Второто прашање ми е по однос на нашата безбедност. Дали премиерот или министерот за внатрешни работи се чувствува безбеден. Дали ние се чувствуваме безбедни кога имаме во 20 часот 200 повици кои ни кажуваат дека на километар два или три од местото на нашето живеалиште се пука, дали се чувствувате безбедно кога ќе ви кажат дека се пукал заменик началник со началник, две униформирани лица, праша Јаревски.