Контакт

Македонија

(Видео) Ковачки: Заев поднесе оставка за да не биде прифатена

Објавено пред

Oставката на Заев е иста како и оставката на Филипче, ја поднесе за да не биде прифатена и потоа да одбегне одговорност, коментира Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, потсетувајќи дека оставката на премиерот сè уште не е доставена во Парламентот.

„Зоран Заев самиот изјави дека доколку ги загуби овие избори дека ќе си поднесе оставка. Заев убедливо загуби во целата држава и изјави дека се повлекува. Од таа изјава до денес гледаме како клиентелистите и неговите послушници готват амбиент за неповлекување и неподнесување одговорност“, рече Ковачки.

Според него, СДСМ не си стои до зборот и повторно ги потценува граѓаните. Вели дека она што сега го прави СДСМ е препелкање во сопствената кал и продлабочување на поразите. Ковачки порача дека Владата повеќе нема никаков кредибилитет и истата е детронизирана, па затоа е време за промени.

Македонија

(Видео) Шахпаска: Предлог-граѓанскиот буџет на МТСП изнесува 50,6 милијарди денари

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика (МТСП), Јагода Шахпаска, денеска го претстави Предлог-граѓанскиот буџет на ресорното министерство за 2022 година, кој изнесува 50,6 милијарди денари. Шахпаска истакна дека 2022 ќе биде година на економско закрепнување, забрзување на растот преку капитални инвестиции. Таа очекува бројот на социјални случаи, кој во моментов е 35.000, поради пандемијата да се зголеми за уште 5.500. Но напомена дека системот е подготвен и ќе обезбеди средства за сите семејства коишто се во социјален ризик.

„Во предлог-буџетот на МТСП средствата наменети за капитални инвестиции се зголемени за речиси 100 отсто. За капитални инвестиции предвидени се 195,5 милиони денари, од кои за градежни работи 177 милиони, а за опремување 18,5 милиони денари. Предучилишното образование е особено важно за правилниот раст и развој на децата на возраст од 0 до 6 години и затоа МТСП продолжува со изградба на нови градинки и проширување на капацитетите на веќе постојните“, истакна Шахпаска.

Таа нагласи дека секое дете е подеднакво важно и затоа МТСП продолжува да градиме градинки и во руралните средини.

„Следната година ќе заврши изградбата на 10 детски градинки и тоа во општина Чаир за 350 деца, Росоман, Ерџелија, Карпош и Битола за 150 деца, Липково, Арачиново, Пробиштип, Валандово. Со градба почнува и градинката во Гостивар во која ќе бидат сместени 100 деца, а со поддршка на ИПА фондови, ќе бидат изградени две градинки во Теарце и Тетово. Продолжува и изградбата на Домот за стари лица ‘Нада Михајлова’ во Пробиштип со капацитет за 55 корисници. Во Општина Чашка и село Палчиште во општина Боговиње, градиме дневни центри за лица со телесна и интелектуална попреченост. За непречено финционирање на градинките и институциите за сместување на стари лица предвидени се блок дотации во износ од 2 милијарди и 85 милиони денари“, нагласи министерката.

Во буџетот, за социјални надоместоци, предвидени се 11,6 милијарди денари за околу 300 илјади корисници.

„Во моментов 35.500 семејства се приматели на гарантирана минимална социјална помош. Обезбедени се средства за исплата на детски додаток кој во моментот го користат 47 илјади деца и образовен додаток кој го користат околу 30 илјади ученици и студенти“, рече Шахпаска.

Таа информира дека во 2022 година ќе се воспостават пет нови специјализирани сервиси за жени жртви на насилство и тоа во Куманово еден, во Кичево и Гостивар по два.

„Обезбедени се средства за лични асистенти за лица со попреченост од 6 до 64 години, кои ќе им помагаат во извршување на секојдневните активности и инклузија во општеството. Преку системот за социјална заштита, обезбедни се средства за стари лица – пензија која во моментов ја примаат околу 9.500 граѓани“, рече Шахпаска, напоменувајќи дека Владата ја гарантира стабилноста на пензискиот системот во 2020 година за што се предвидени 30 милијарди денари кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Во буџетот на МТСП предвидени се и средства за намалување на стапката на невработеност, која се реализира преку активни мерки и програми. За таа намена МТСП трансферира 400 милиони денари за Агенцијата за вработување.

„Целта е активно вклучување на пазарот на трудот на долгорочно невработени лица, ранливи групи, Роми, жени и млади невработени лица, на лица кои им престанал работниот однос поради пандемијата“, рече министерката.

Таа, меѓу другото, соопшти дека е во финална фаза законското решение со кое се воведува татковско родителско отсуство.

„Ова законско решение е во финална фаза со последните консултации коишто ги правиме со социјалните партнери и многу брзо, се надевам до крајот на месецов ќе ја отвориме јавната дебата за траењето и условите на породилното отсуство. Сакам да истакнам дека воведуваме новина. Воведуваме татковско родителско отсуство. Значи, и таткото ќе учествува во грижата за детето во првата година од неговиот живот“, информира министерката за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бесплатно паркирање на сите паркинзи на ПОЦ за лицата со оштетен слух

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го оствари предизборното ветување кое им го даде на членовите од Националниот сојуз на глуви и наглуви за време на кампањата во предизборниот процес. Станува збор за користење на бесплатно паркирање на лицата со оштетен слух на сите паркинзи на ПОЦ, на целата територија на општината.

На денешната средба иницирана од градоначалникот Герасимовски, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Васко Кичевски, директорот на ЈП “Паркинзи на Општина Центар“ и Томица Стојановски, претседателот на Националниот сојуз на глуви и наглуви, со кој по одлуката на Советот на Општина Центар ќе почне и неговата примена.

„Со овој Меморандум за користење на бесплатно паркирање на паркинзите под надлежност на општината конечно го исполнуваме неколку годишното барање на лицата со оштетен слух. Оваа услуга, која веќе ја користат лицата со оштетен вид и телесен инвалидитет, досега не беше овозможена за лицата со оштетен слух. Токму затоа беше и нашата средба пред месец и половина која се заложив дека ќе им излезам во пресрет“, изјави Герасимовски на средбата.

Оваа привилегија на сите паркинзи на ПОЦ ќе може да ја користат сите лица со кои поседуваат лекарска потврда за оштетен слух од над 90% и сите членови на Националниот сојуз на глуви и наглуви.

Општина Центар и во иднина ќе работи на овозможување услуги кои ќе им го олеснат животот на лицата со телесен инвалидитет или било каква друга попреченост.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дафина Стојаноска: Решението за излез од кризата е брзо и лесно – Тоа се избори!

Објавено пред

Власта да собере храброст, да го послуша барањето на граѓаните и да излезе на избори, изјави на денешната прес конференција Дафина Стојаноска пратеничка од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како што изјави таа, оваа власт, предводена од СДСМ и ДУИ, може да опстои само во хаос, безредие и беззаконие. Единствено, што најдобро знаат да го прават, е да наоѓаат изговори за својата неспособност и да ја дефокусираат јавноста, создавајќи нови национални проблеми.

Таа додава дека токму заради ова, граѓаните ја пратија својата порака и ги казнија политиките на владата на Заев, декласирајќи ги на последните локални избори.

На тој ден СДСМ и ДУИ го изгубија легитимитетот, а од поодамна и кредибилитетот во владеењето, изјави Стојаноска

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека на сите им е јасно дека не постои никаква безбедносна криза по прашањето за спорот со Бугарија. Единствената криза постои само во владата на СДСМ и ДУИ, колабирана од неспособност, неодговорност и корупција.

Од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека Груби и владата ја втурнуваат Македонија во вештачка криза, со издигнување на спорот со Бугарија на ниво на безбедносно прашање. Спорот со Бугарија не е безбедносно прашање, ниту пак спор од безбедносен карактер.

Овој обид на Груби и на власта – да градат на оваа теза преговори, е поразителен за државата. Македонија е земја – членка на НАТО и со ова сите наши безбедносни прашања се затворени. Во рамки на границите на Република Македонија има Министерство за внатрешни работи, кое ја чува или треба да ја чува нашата безбедност, изјави Стојаноска.

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ испрати порака до власта да соберат храброст и овојпат да ја послушаат желбата на граѓаните која јасно била изразена на локалните избори во Октомври. Таа додаде дека решението за излез од кризата е брзо и лесно, а тоа се избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа40 минути

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон варијантата на коронавирусот за три...

Европа46 минути

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Европа2 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија4 часа

Бугарските власти ќе ги презентираат резултатите од инспекцијата на автопатот по трагичната несреќа на „Струма“

Министерката за регионален развој на Бугарија, Виолета Комитова, нареди увид на патната делница меѓу Драгичево и Горна Дикања по констатираните...

Македонија16 часа

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија18 часа

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија18 часа

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија22 часа

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија22 часа

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија22 часа

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа24 часа

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија1 ден

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Европа1 ден

Германски имунолог: Омикрон варијантата можеби потекнува од пациенти со ХИВ

Изненадувачки големиот број на мутации откриени на шилестиот протеин кај новата варијанта на коронавирусот, наречена омикрон, може да укажува дека...

Свет1 ден

СЗО со конкретно соопштение: Mожни се сериозни последици од новооткриената варијанта омикрон

Ризикот од новооткриената варијанта на коронавирусот т.н. омикрон е висок, објави Светската здравствена организација (СЗО). Во своето утринско соопштение, СЗО...

Македонија2 дена

Имаме мнозинство и очекуваме дополнително да се зголеми, рече Османи

Има мнозинство во парламентот кое очекуваме дополнително да се зголеми, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарски...

Свет2 дена

Светската медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид ќе треба да се дава секоја година

Дополнителна доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, смета претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих...

Македонија2 дена

Кои се луѓето кои го следат секој мој потег, прашува Аријанит Хоџа по објавената фотографија од средбата со Муса Џафери

Министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа ја искоментира фотографијата што се појави на социјалните мрежи, а на која...

Македонија2 дена

Сопственикот на „Беса Транс“: Овие тестови се од Алах

Сопственикот на автопревозникот „Беса Транс“, Беким Хаџиу, преку социјалната мрежа „Фејзбук“ се огласи во врска со автобуската несреќа во која...

Свет2 дена

ГАВИ: Омикрон видот се појави поради неправедната распределба на вакцините во светот

Меѓународната асоцијација за промоција на правична вакцинација во светот, ГАВИ, оцени дека појавата на новиот сој на коронавирусот-омикрон укажува на...

Македонија3 дена

Почна постапката за кандидирање за претседател на СДСМ, изборите на 12 декември

Централниот одбор на СДСМ на синоќешната седница донесе одлука за започнување на процесот за организирање внатрепартиски непосредни избори за претседател,...

Досие