Македонија
(Видео) Ковачки: Имаме информации за план на власта за полнење кутии во Битола и Сарај

Власта е во паника, исто како и во првиот круг кога катастрофално изгуби, така и за вториот круг има ангажирано лица за поткуп на гласачите, обвини денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што рече тој, СДСМ сака да го ублажи поразот и затоа ангажира луѓе со криминално минато и функционери на државни позиции да делат поткуп, да вршат притисоци и да им се закануваат на граѓаните.
„Имаме информации за сериозно разработен план за полнење кутии во населени места во Сарај и населени места во Битола. За Битола главен одговорен за поткуп, притисоци, закани и полнење кутии е Васко К. за кој се сомневаме дека е директор на една голема државна фирма, директно подредени му се: Зоран П., Илче П., Даниел Џ., Сашо Н., Горан Ш., Петар П., Ујар К., Шевѓул М., Вангел Б., Александар Н., некои од овие лица се вработени и во МВР и класично ги злоупотребуваат службената положба и овластувањето. За сите нив ќе следува одговорност“, посочи Ковачевски.
Тој рече дека и на територија на град Скопје се врши поткуп од неколку групи.
„Групата од Бутел за поткуп е предводена од Коста Н., кој најверојатно е директор на едно скопско јавно претпријатие, Владимир Н., Едмонд В., Сенад С., Марин Б., Ханза В., Горан Ж. Групата од Ѓорче Петров е составена од Сенат В., Мартин Т., Нешо К. Во Карпош групата е водена од Душко В., актуелен директор на јавно претпријатие, и Јон Ф., висок функционер во друго државно претпријатие“, нагласи претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој во продолжение на прес-конференцијата посочи за вакви групи организирани и во други градови од државата.
„Во Кочани групата е водена од поранешни затвореници – Столе Т., Александар С., Михаил П., Перо Г., за кој се сомневаме дека е полициски службеник. Сопругата на едно од осудуваните лица е и советник во Советот на Општина Кочани. Во Гевгелија групата за поткуп, притисоци и закани е предводена од лице за кое се сомневаме дека работи во правосудните инстанции – Јован Д., а со него работат и Владо Ј. и Ѓорѓе Т.“, обвини Ковачки додавајќи дека по прес-конференцијата, неговата партија ќе поднесе и кривична пријава против злосторничка група составена од луѓе од МВР во Прилеп за која веќе објавивија и вибер-комуникација за правење сериозен криминал во изборниот процес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сончево и топло време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град. Само на југоистокот ќе се задржи постабилно со изолирана појава на пороен дожд со грмежи.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне ќе има услови за краткотарен пороен дожд во делови од котлината, ретки грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Ќе продолжи периодот во кој во претпладневните часови ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност, а во попладневните променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со интензивен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.
Македонија
Неделен возен ред поради Духовден, жичницата ќе работи вообичаено

Поради верскиот празник Духовден, денес (2.6.2023) и в сабота (3.6.2023), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен, со исклучок на линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 51, 55, 55Б, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
В недела (4.6.2023) сите возила од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.
В петок (2.6.2023), в сабота (3.6.2023) и в недела (4.6.2023) на линиите 59 (Карпош 3 – Кучевишка Бара – гробишта „Бутел“), 59А (Ново Лисиче – гробишта „Бутел“) и 59Б (Кисела Вода – гробишта „Бутел“) ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Денес (2.6.2023), билетарниците и центрите за персонализација нема да работат, а в сабота (3.6.2023) ќе имаат редовно работно време.
Жичницата денес (2.6.2023) ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот.
Македонија
Меџити побара од хирурзите да оперираат за викендите без надомест за да се намали листата на чекање

Министерот за здравство Фатми Меџити ги повика хирурзите од сите специјалности доброволно да оперираат за викендите за да ги намалат листите на чекање.
Тој ги повика неговите колеги, без надомест да покажат хуманост, исто како што беше примерот на кардиохирурзите од Ниш, кои од почетокот на годината во саботите и неделите оперираа пациенти.
„Дајте тоа што беше позитивна приказна во Ниш да ја повториме тука. Да ја ревидираме таа листа на чекање, на операции. Да направиме и ние такво хумано дело со цел да не чекаат толку долго пациентите. Да покажеме дека еве, сакаме да направиме нешто повеќе за општеството, како општествена одговорност. Пред сѐ, ние сме хумани лица“ изјави Меџити.