Контакт

Македонија

Видеоконференција на министрите за надворешни работи за справување со последиците од пандемијата

Објавено пред

На заедничка иницијатива на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Никола Димитров, и на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, се одржа министерска видеоконференција на министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земји членки на ЕУ од ЈИЕ (Бугарија, Грција, Романија, Словенија, Хрватска), како и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељи, генералната секретарка на Европската служба за надворешни работи на ЕУ, Хелга Шмид, и директорот во Генералниот директорат за миграција и внатрешни работи на Европската комисија, Јоханес Лухнер.

Целта на конференцијата беше почнување дискусија помеѓу министерствата за надворешни работи како тие успешно може да придонесат преку заемна соработка во следните фази од справување со социо-економските последици што ги предизвика пандемијата на Ковид-19. Во фокусот беше тековната и идната соработка поврзана со можните начини за регулирање на прекуграничното патување, транспортот и туризмот, како и заемната поддршка на економиите на земјите во пресрет на пакетот насоки и препораки на Европската комисија објавен на 13 мај за тоа како да им помогне на земјите членки постепено да ги подигнат ограничувањата за патување и да се овозможи повторно отворање на туристичкиот сектор имајќи го предвид здравјето на граѓаните како приоритет.

„Особено задоволство претставува што за кратко време со грчките пријатели, нешто што беше незамисливо пред неколку години, успеавме да бидеме виртуелни кодомаќини на колегите од регионот од ЕУ земји членки во негова непосредна близина и на високи ЕУ-претставници како би иницирале дискусија за заедничката соработка во следната фаза по појавата на пандемијата. Чувството на заедништво што се создаде по иницијалниот шок од кризата, верувам дека со заеднички и координирани чекори ќе го развиваме и понатаму, а во насока на што побрзо и побезбедно враќање кон редовни социо-економски текови на нашите општества и закрепнување од последиците на Ковид-19. Благодарност и до нашите ЕУ-партнери за чувството дека нè земаат предвид при носењето мерки и насоки од разновиден карактер при менаџирањето со кризата, справувањето со последиците и постепеното излегување од рестриктивните мерки. Сето тоа дава увереност дека таквиот пристап ќе продолжи и во иднина во насока на целосна интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Заедничката изјава што денес ја усвоивме е уште еден показател во тој поглед“, рече Димитров.

Заеднички беше констатирано дека како и во многу други предизвикувачки кризи што ги надминуваат националните граници, пандемијата на Ковид-19 докажа дека солидарноста, соработката и координацијата на билатерално, регионално и на меѓународно ниво се клучни за отстранување на заканите и последиците. Министрите се согласија дека ова е особено применливо на регионално ниво, како и помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан поради меѓусебната поврзаност и бидејќи чекорите и одлуките што се преземаат од една земја имаат непосредно влијание врз животот на граѓаните во другите земји од непосредното соседство.

Министрите заклучија дека главен приоритет на кои треба да се работи е рестартирање на економијата и адресирање на социјалните импликации од економскиот пад предизвикан од пандемијата. Во овој контекст, потребна е интензивирана и продлабочена соработка за утврдување заемни решенија со цел зајакнување на трговијата, безбедно продолжување на прекуграничното патување и транспортот, преку размена на информации на најдобри практики и развивање и почитување усогласени здравствени протоколи, со цел целосно економско закрепнување.

Најново

Македонија8 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Ново училиште, градинка и финансиска поддршка за младите – Карбинци се развива

ВМРО-ДПМНЕ ги презентира резултатите од работата во Општина Карбинци во изминатата година, посочувајќи на инвестиции во образованието и инфраструктурата, како...

Свет12 минути

Путин: Европа ги турка своите граѓани кон војна со Русија – изборите во Германија се доказ

Рускиот претседател Владимир Путин го поврза силниот резултат на крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) на неодамнешните покраински избори во...

Свет14 минути

Експлозија погоди уште едно складиште за оружје во Бугарија

Силна експлозија предизвика пожар во складиште за оружје во централна Бугарија во текот на ноќта, јавија денеска локалните медиуми и...

Спорт27 минути

Зверев против Шелтон за титулата во Њујорк

Александар Зверев и Бен Шелтон ќе се борат за титулата на Отвореното првенство на САД. Германецот прв обезбеди место во...

Македонија32 минути

Оваа година лотото се падна кај Мицкоски, велат од СДСМ

СДСМ продолжува со обвинувањата за трошењето на парите од АД „Државна лотарија“ за одбележувањето на 35 години независност и бара...

Македонија35 минути

Нова огнена битка: 31 пожар на отворено, три жаришта сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три...

Спорт41 минута

Мбапе: Со години сум најдобар во светот, никој немаше подобра сезона од мене

Килиан Мбапе ја продолжи својата кампања за самопромоција во изборот за Златна топка. Оваа недела, „Лекип“ објави мини-интервју со ѕвездата...

Македонија43 минути

Грин Машинс го зајакнува присуството на американскиот пазар – ГМ720зе и ГМ500зе претставени на саем во Хјустон

Грин Машинс, бренд на македонската компанија БРАКО, продолжува да го зајакнува своето присуство на американскиот пазар. Компанијата учествуваше на саемот...

Свет1 час

Ракетен напад врз Одеса: 16 повредени, меѓу нив и петмесечно бебе

Најмалку 16 лица се повредени, меѓу кои и петмесечно бебе, во утринскиот ракетен напад врз Одеса, соопшти претседателот на Одеската...