Контакт

Македонија

(Видео) Костадинов до Мицкоски: Нема да ги одбраниш криминалите на вашите тајкуни

Објавено пред

Мицкоски доживува тотално фијаско. Нема да успеваат неговите обиди да ги одбрани криминалите на тајкуните на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одработуваат за тајкуните на режимот и обвинетите криминалци, надевајќи се дека ќе ја поткопаат правната држава, дека нема да успее да се донесе новиот закон за ЈО, дека нема да станеме членки на ЕУ и НАТО, а вистинските криминалци да ги спасат и, замислете, пробуваат да ги претстават како жртви, изјави Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ.

Според него, она што беше јасно од самиот почеток, со денешната прес-конференција Христијан Мицкоски го потврди.

„Клучниот осомничен во еден од случаите на СЈО, ‘Империја’, Мицкоски се обиде да го претстави како жртва. Единствената агенда, почитувани граѓани, на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски беше и останува одбрана на криминалот на режимот. Мицкоски денеска јасно потврди дека се сретнал со лицата кои се осомничени и кои се гледаат на објавените снимки за случајот ‘Рекет’.

Сега треба отворено да излезе пред јавноста и да даде одговори со кои две лица кои се гледаат на објавената снимка се има сретнато? Што примил Христијан Мицкоски на рака? Дали Мицкоски се сретнал со авторот на текстовите во Будимпешта? Дали се сретнал со тајкунот осомничен во случајот ‘Империја’ и зошто?”, рече Костадинов.

Според него, најавите на Мицкоски за некакви протести не се ништо друго туку последен обид за одбрана на криминалот на режимот, поттикнат од неговиот шеф Никола Груевски.

„Јасно му е на Мицкоски дека поддршка од граѓаните нема. Додека СДСМ е цело време со граѓаните, на терен, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски едноставно ги нема. Сè што прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е само ширење  лажни вести од белиот дворец, скапо платени од парите на граѓаните. Исти такви протести ВМРО-ДПМНЕ се сеќавате дека најавуваше и пред претседателските избори, се одржаа неколку и ги снема. Немаше поддршка од граѓаните и на крај остана сам со Јанко Бачев. Истото почитувани ќе биде и сега. На Христијан Мицкоски му упатуваме јасна и недвосмислена порака – нема да успеат твоите обиди да ги загрозиш случаите што се водат против криминалците и криминалите на режимот, на твојот шеф, ниту вашите тајкуни. Секој којшто се огрешил пред законот, од прв до последен ќе одговара”, додаде тој.

Македонија

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

Објавено пред

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток во 17 часот ќе се одржи лидерска средба. Како што се наведува во соопштението, на средбата ќе присуствуваат претседателите на најголемите парламентарни политички партии и од власта и од опозицијата.

На лидерската средба се поканети претседателот на СДСМ, Зоран Заев, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, претседателот на Алтернатива, Африм Гаши и претседателот на Движење Беса, Билал Касами.

Прикажи повеќе...

Македонија

Јункер: Одлуката за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Објавено пред

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер на прес-конфернецијата по завршувањето на дводневниот Самитот на ЕУ во Брисел рече дека не отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија е историска грешка.

„Не станува збор за тоа дали земјите се подготвени за влез во ЕУ, туку дали кандидатите ги исполнија условите за почеток на преговори. Многу земји сметаа дека немало таква подготвеност. Јас мислам дека тоа е историска грешка“, изјави Јункер.

Запрашан кои се последиците доколку ова е почеток на крајот на процесот на проширување на ЕУ, Јункер одговори дека ако ова е крај на проширувањето, треба да се соочиме со сериозни критики.

„Ние ги охрабрувавме, им помагавме и ги посетувавме и им дававме јавни ветувања на овие земји. Ако сакаме да бидеме почитувани, мора да ги одржуваме нашите ветувања“, изјави Јункер.

Прикажи повеќе...

Македонија

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

Објавено пред

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, одржаа заедничка прес-конференција на која зборуваа и за процесот на проширување, односно за недавањето датум за пристапни преговори за Северна Македонија и Албанија.

На пресот Туск порача дека во однос на ваквата одлука не се работи за неуспех, туку за грешка.

„Tешко е да се биде оптимист во оваа ситуација, но не треба да се гледа како на тотален неуспех“, порача претседателот на Европскиот совет и го истакна неговото уверување дека станува збор за кратка криза во Унијата, а не за крај на процесот на проширување.

„Многу земји (24-25) го поддржуваат процесот и сакаат да го продолжат“, нагласи Туск и додаде дека ЕУ треба да се заложи да го исправи овој пропуст пред мај 2020.

Јункер, пак, рече дека доколку ЕУ има намера да го сочува својот кредибилитет во глобалната политика, треба да ги исполни дадените ветувања.

„ЕУ е почитувана во светот и за да остане почитувана, треба да ги исполни своите ветувања“, порача Јункер и истакна дека многу е тешко да се зборува за крај на проширувањето кога во безброј наврати ЕУ дала ветувања, нејзини претставници ги посетувале Северна Македонија и Албанија и ги поттикнувале да работат на нивните евроинтеграции.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа2 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија2 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија3 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија3 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија3 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија4 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија4 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа6 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ7 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет8 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет8 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа9 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет21 час

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион23 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија24 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет1 ден

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион1 ден

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија1 ден

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија1 ден

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Досие