Македонија
(Видео) Костадинов: Зад саботажите на пописот стои бегалецот Груевски

Пописот е многу важна статистичка операција за планирање на натамошниот развој на земјата, економски пред сè, изјави на денешната прес-конференција портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Како што рече тој, по цели 20 години на институциите им требаат вистински, реални информации за состојбата и потребите на населението.
„Ние за тоа да зборуваме и работиме, за попис од којшто зависи квалитетот и ефикасноста на сите понатамошни политики – економски, образовни, здравствени, културни, социјални… Пописот е важен за врз основа на сите собрани податоци да се креираат долгорочни економски политики за развој, за стопанството, за подобри услови за живот на сите наши граѓани“, посочи партискиот портпарол.
Костадинов рече и дека со саботажите на пописот се потврдило дека Христијан Мицкоски е само послушник на насоките на Никола Груевски.
„Целиот наш народ виде, се потврди, зад блокадите, бојкотот и саботажите на пописот како статистичка операција стои побегнатиот криминалец во Будимпешта, Никола Груевски“, нагласи портпаролот на владејачката партија, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ со Груевски и Мицкосвски е против напредокот на земјата.
Според него, државата им независни институции и сега пописот е во рацете на професионалци кои ќе го спроведат согласно меѓународните стандарди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски

Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски се огласи на социјалните мрежи, по нападот врз градоначалничката Данела Арсовска.
„Она што ѝ се случи денес на Данела Арсовска не е „инцидент“. Тоа е директен напад врз институцијата, врз една жена, врз јавниот поредок.
Со клоци, со пцуење, со закани за силување и убиство на нејзиното семејство.
И што? Ќе викаме „демократија“?! Ќе глумиме дека не сме виделе?! Ќе чекаме некој да биде убиен за да се освестиме?!“, праша Јакимовски.
Македонија
(Видео) Арсовска објави снимка од нападот: Јас го напаѓам него или тој мене?

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објави снимка од денешниот напад врз неа, на социјалните мрежи.
Во објавата на социјалните мрежи, Арсовска прашува дали таа напаѓа или е нападната и се брани.
Македонија
(Видео) „Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка“: Арсовска обвини дека МВР функционира во одбрана на криминалци

Градоначалничката Данела Арсовска се огласи преку социјалните мрежи, откако излезе од полициската станица, по денешниот напад врз неа.
„Штотуку излеговме од полициската станица во Кисела Вода, со советничката Ирена Витина каде што бевме повеќе од два часа. По првиот час нагло се промени расположението во полициската станица по што почнаа да се обидуваат да го прикријат овој настан со цел да го заштитат лицето кое што физички ме нападна“, рече Арсовска.
„Трагедијата е што добив прашања од нивна страна, што сум барала јас таму, зошто одам и шетам на терен. Ако ви е целта да не изглегувам на терен, веднаш ви кажувам нема да ме спречите. Лицата кои ми се закануваа пред шест дена јавно, таканаречените команданти на ОВК на коишто главна цел во животот е да шетаат по улици и да тепаат жени. Ова лице смислено ме нападна, прво физички, понатаму со закани од тоа дека ќе ми ликвидира семејство, дете, еден по еден. Се јавуваше по телефон, си разговараа со него лицата од МВР и му дозволија да сврти 20 телефонски повици. По цел час вербални напади врз луѓето кои беа таму, вклучително и останатите жени, инспекторките, советничката Витина, ги нарекуваше кучки и со какви не зборови, по три часа во болница да завршиме во полициската станица каде што сега се обидуваат да го заташкаат случајот со тоа што ми велат да не сум излегувала на терен и што воопшто сум барала таму.
Ќе пријавувате насилници сто пати, никој нема да реагира и на крај ќе ве утепаат. Затоа не сме држава. Затоа МВР функционира во одбрана на криминалци, МВР функционира да ги брани оние кои тепаат по улици, можеби се плашат од нив, ако се плашите, Тошковски ако се плашиш бе момче дај си оставка, оди си, дај некој што е храбар, што има срце, душа нека оди таму да се справува со овие луѓе. Криминалци ли ќе ни ја водат државата. Треба ли да се плашиме да излеземе од дома. Не се срамите од ова што го правите?“, праша Арсовска.