Контакт

Македонија

(Видео ) Коциќ: Укинато спојувањето концесии за рудникот „Иловица“

Објавено пред

СДСМ како одговорна партија останува на страната на граѓаните и нивните интереси. Владата предводена од СДСМ донесе одлука за укинување на спојувањето на концесиите за рудникот „Иловица“, истакна на прес-конференција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

„Со тоа продолжуваме да ги користиме сите механизми за да спречиме отворање рудници во Струмичкото Поле. СДСМ од прв ден беше против и сѐ уште е против отворање рудници за разлика од ДПМНЕ, кои денес лицемерно глумат загриженост, а впрочем токму тие ја дадоа концесијата за рудникот ‘Иловица’, како и други 85 концесии за рудници. Одлуката за доделување концесија за рудник за бакар и злато во Иловица е донесена на 16 јуни 2012 година“, вели тој.

Се повика на документ кој, како што рече, го потврдува тоа.

„На оваа одлука потпишан е Зоран Ставревски како тогашен заменик-претседател на владата, еден од најблиските соработници на бегалецот и почесен претседател на ДПМНЕ, Никола Груевски. Пред доделувањето на концесијата претходеле позитивни мислења од неколку државни органи. Тоа е овој документ, каде што се издвоени позитивни мислења од неколку институции. Миле Јанакиески, тогашен министер за транспорт и врски, Паско Кузман, тогашен директор на Управата за заштита на културното наследство, Љупчо Димовски, тогашен министер за земјоделство, се само дел од тогашните функцинери од ДПМНЕ и коалицијата, кои даваат поддршка за отворање рудник во Иловица. Позитивно мислење даваат и општините Ново Село и Босилово, тогаш раководени од градоначалници и мнозинство во Совет од редовите на ДПМНЕ“, појаснува пратеникот на СДСМ.

За разлика од нив, како што вели, Владата предводена од СДСМ уште од самиот почеток на мандатот презеде чекори во насока на заштита на интересите и барањата на граѓаните и затоа рудниците не се отворени до ден-денеска.

„Во јуни 2019 Владата предводена од СДСМ го задолжува Министерството за економија да достави предлог одлука за едностран раскин на договорот за концесија, а во декември истата година истата Влада на СДСМ носи одлука за едностран раскин на договорот за концесија. Тоа е вистината за концесиите, дозволите и одлуките за рудникот за бакар и злато во Иловица. ДПМНЕ со својата неодговорност, неспособност и алчност ја втурна државата во судски лавиринти, во кои сѐ уште е заглавена“, додава Кочиќ.

Најново

Македонија2 минути

Кардиолог открива како неправилното чување го уништува „течното злато“

Маслиновото масло е познато по своите корисни својства и поволното влијание врз здравјето на срцето, но начинот на кој се...

Македонија6 минути

Утрово затворена лева лентата на мостот „Близнак“ поради санација на оградата

Дел од булеварот „Киро Глигоров“, на мостот „Близнак“ во правец кон населбата Аеродром, утрово од 6 до 8 часот ќе...

Македонија16 минути

Променливо облачно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. На некои места врнежите ќе бидат...

Свет9 часа

Масакр во Пенсилванија – девет мртви, меѓу нив две деца и бремена жена

Девет лица, меѓу кои две деца, бремена жена и осомничениот напаѓач, се пронајдени мртви по масовно пукање во градот Ири,...

Свет10 часа

Папата против смртната казна, САД најавија погубување во живо

Папата Лав XIV денеска оцени дека смртната казна е „недозволива“, по повод Светскиот ден против смртната казна, додека САД најавија...

Забава10 часа

(Видео) Сите погледи кон Емили Ратајковски: манекенката се појави на гламурозен настан во Лондон

Американската манекенка и актерка, Емили Ратајковски, привлече внимание со своето појавување на свеченото доделување на наградите „Албис 2026“, што се...

Забава11 часа

Ума Турман се појави во јавноста по подолго време и го привлече целото внимание

Холивудската актерка Ума Турман (56), позната по улогата во култниот филм „Убиј го Бил“ (Kill Bill), привлече внимание со своето...

Спорт11 часа

Барселона незапирлива: oсум победи на осум натпревари, Хетафе испратен со три гола

Фудбалерите на Барселона ја продолжија совршената серија во шпанското првенство, совладувајќи го Хетафе со 3:0 на „Камп Ноу“ во осмото...

Забава11 часа

Грабеж на векот во Тоскана: украдени 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра

Најмалку седум маскирани крадци украле околу 30.000 шишиња вино, вредни пет милиони евра, од престижната винарија „Маркизи Антинори“ во Тоскана,...