Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Владата ќе соработува со „Казанџи холдинг“, чија ќерка фирма е обвинета за корупција во Гана

Објавено пред

Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, додаде таа, Владата зад затворени врати подготвува потпишување на нелегален меморандум за соработка.

„Зошто се заобиколува членот 94 од Законот за енергетика, кој јасно налага изборот на партнер за изградба на дистрибутивната мрежа да се врши преку транспарентна тендерска постапка? Чии интереси ги штити власта кога за стратешки партнер избира компанија која веќе е фатена и откриена во истраги за поткуп и сомнителни зделки? Дали власта спрема огромна курпција: Ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма АКСА ЕНЕРЏИ е обвинета за корупција во Гана? Дали овој меморандум е цената што треба да ја платат граѓаните за нечии лични и партиски бизнис интереси?“, праша Кузеска.

Таа кажа дека СДСМ бара итно и неотповикливо откажување од намерата за потпишување на каков било меморандум со споменатата компанија, целосна транспарентност за сите досегашни преговори и активности поврзани со овој проект и безусловно почитување на законот и јавна дебата за развојот на енергетскиот сектор.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Македонија6 минути

СДСМ: Филков и ЗНАМ се срам за ова општество, ЕК ja потврди катастрофатa во правосудството

Филков од ЗНАМ вели дека ЕК го потврдила сработеното. За две години ги поставиле темелите за реформа на правосудството, велат...

Свет9 минути

Европјаните ќе учествуваат на разговорите за Украина во Абу Даби, Франција се вклучува

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, потврди дека европски претставници ќе учествуваат во разговорите за Украина, кои ќе се...

Забава46 минути

(Видео) Сопругата на Роналдо се почести со нов автомобил од 200.000 евра

Џорџина Родригез преку социјалните мрежи му откри на светот дека се почестила со скап автомобил – иако, за неа, цената...

Забава1 час

Ќерката на Анџелина Џоли (18) откри низ што поминала поради нарушување во исхраната

Вивиен Маршелин Џоли, 18-годишната ќерка на Анџелина Џоли и Бред Пит, откри дека на почетокот на годината завршила во болница...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Не е точно дека гувернерот посочил дека одлуката во врска со Алта банка ја донел премиерот

СДС да престанат со манипулациите и ширење несигурност кај граѓаните за Алта банка. Не се точни тврдењата дека гувернерот посочил...

Македонија2 часа

Единствена Македонија: Михаилова потврди дека се чувствува како Бугарка, иницијатива за одземање на државјанството

Синоќешното гостување на бегалката Ива Михаилова на бугарски медиум, во кое таа изнесе тешки обвинувања против Македонија како и истакнување...

Култура2 часа

12. издание на „Битола Шекспир фестивал“ за прославата на 82 години постоење на Народниот театар Битола

На 14 ноември 1944 година е основан Народниот театар – Битола, македонски театар со статус на национална установа и најстар...

Црна хроника2 часа

Тешко повреден пешак во Скопје, го удриле со автомобил на паркинг

Вчера околу 13:40 часот на паркинг просторот кај бул. „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки...

Црна хроника2 часа

Тајно ја снимал и се заканувал дека ќе ги објави видеата, пријава против кочанец за демнење

Полицијата поднесе кривична пријава против 26-годишен жител на Кочани за демнење. Според информациите на МВР, полиција поднесе кривична пријава против К.М.(26)...