Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Здравствените работници не можат сами, мора да им помогнеме со почитување на мерките

Објавено пред

Есенскиот бран на коронавирусот се засилува и потребно е секој од нас да ги почитува постојните мерки за заштита, односно да носиме маска, да држиме дистанца и редовно да ги миеме и да ги дезинфицираме рацете, посочи на прес-конференција портпролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Со предлог мерките кои со очекува Собранието да ги изгласа во најкус можен рок, носењето маски на отворено ќе стане задолжително, ќе се забрани групирање на повеќе од 4 лица на отворено, како и домашни посети на повеќе од четворица гости во едно домаќинство“, објасни Кузеска.

Таа додаде и дека доколку бројот на заразени расте, Комисијата за заразни болести веќе утре, до Владата ќе предложи дополнителен пакет рестриктивни мерки.

„Ограничување на капацитетот на луѓе во јавниот превоз до 50%, целосна забрана за секакви настани и крај на работното време на сите економски оператори, субјекти во 23 часот“, кажа Кузеска во поглед на предлозите за дополнителни мерки.

Портпаролката на валдејачката партија истакна дека здравствените работници не можат сами и дека во оваа борба мора да се вклучиме сите со тоа што ќе ги почитуваме мерките без исклучок.

„Се работи за вашето здравје, за здравјето на вашите пријатели, колеги, на вашите најблиски. Мора сите да бидеме свесни, совесни и одговорни“, нагласи таа и додаде дека во битката против Ковид-19, ќе се вклучат и студентите од шестта година по општа медицина бидејќи ја препознале својата важна општествена улога во моменти на криза.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Најново

Забава10 минути

Светското првенство го затвораат Роби Вилијамс, Никол Шерцингер и Лаура Паузини

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) објави дека церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година ќе се одржи во недела,...

Свет25 минути

Стармер: Ја оставам Британија во подобра состојба отколку што ја најдов

Премиерот на Велика Британија во заминување, Кир Стармер, рече дека ја оставил Британија во подобра состојба отколку кога ја нашол....

Македонија52 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија1 час

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника1 час

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет2 часа

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника2 часа

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија2 часа

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...