Македонија
(Видео) Кузеска: Многу слаба понуда во техничката влада, ДПМНЕ нема кадровски потенцијал

ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри.
Некои од предложените кандидати за техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, други се поранешни функционери во Град Скопје, а трети се кадри од времето на Груевски, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
„Зад себе ниеден нема некаков резултат. Напротив.
Ѓоко Велковски е претседател на Општинскиот комитет на ДПМНЕ во Чаир и советник во Општината. Беше назначен за генерален секретар на Град Скопје, а потоа и разрешен.
Стефан Андоновски е исто така советник во Советот на Град Скопје. Хаосот што се случува во Скопје најавува што може да се очекува од ваквите кадри на Мицкоски во техничката влада.
Елена Петрова е вработена во УЈП, позната е меѓу колегите по тоа што додека била на раководно место, во УЈП се вработила и сестра ѝ.
Панче Тошковски е личен пријател на Мицкоски, негов долгогодишен соработник“, оценува Кузеска.
Во отуство на професинален кадар, кој ја познава работата на МВР, очигледно, вели таа, личните релации се единствен критериум за неговиот избор.
Цветан Трипуновски, според Кузеска, е олицетворение на режимската матрица во ДПМНЕ и доказ дека во оваа партија ништо не се менува.
„Трипуновски како кадар на Груевски ги поддржуваше погубните политики на ДПМНЕ во земјоделството. Беше организатор на лажните протести, а има и кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
Заклучокот е едноставен: ДПМНЕ нема никаква програмска понуда, а сега уште еднаш потврди дека нема ниту кадровски потенцијал.
Бидејќи Мицкоски најави вчера дека работата на техничката влада планира да биде хорор, му порачуваме:
Неговиот обид за хорор ќе биде поразен, а на 8 мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ“, порача Кузеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Фото) Успешна спасувачка акција на Пелистер

По пријава на повредено лице од страна на граѓанин преку телефонскиот број за итни повици 112, Центарот за управување со кризи (ЦУК) веднаш побара организирано извлекување со хеликоптер на планинар од Велес, кој се здобил со повреда на Пелистер планина, во близина на Битола.
Во 12:30 часот успешно интервенираа припадници на Министерството за внатрешни работи, со хеликоптер и специјалната единица „Тигар“. Повреденото лице беше извлечено и безбедно транспортирано до Градскиот стадион во Битола, каде што беше преземено од екипа на Итната медицинска помош – Битола, и пренесено во Клиничката болница Битола, на Одделот за ортопедија.
Лицето во текот на целата акција било свесно и во контакт со спасувачките служби, велат од ЦУК.
Македонија
(Видео) Лефков: Структури од СДС делуваат со бугарската антимакедонска пропаганда

До нас стигнаа информации кои укажуваат на јасна поврзаност на бугарската антимакедонска пропаганда и политички структури поврзани до и од СДС, кажа денеска на прес-конференција, Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Лефков истакна дека „според тие сознанија, постои целосна поврзаност и соработка кон негирање на македонскиот идентитет и јазик, и напад на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, кои се единствена брана за македонските интереси“.
„Информациите говорат дека одредени кругови во СДС и блиски до нив, се целосно финансирани од бугарски фондови, а до цел оркестрирано измислување и ширење на лаги и конструкции за политичари од ВМРО-ДПМНЕ и државниот врв. Ова што го зборуваме, многу јасно се гледа и од брзината со која фабрикациите за ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски од бугарските медиуми, се шират во македонскиот етер од структури блиски до СДС. Како поткрепа на оваа антимакедонска пропаганда, стои Венко Филипче и неговата скриена за јавноста позиција, дека ќе прифати внесување на Бугарите во Уставот, без било какви барања“, кажа Лефков.
Според него, „целта на целиот напад и акцијата е да се нанесе штета на ВМРО-ДПМНЕ, а во игра се и пари“.
„СДС се обидува да се наметне како фактор во целиот процес, од кој подоцна би зависела надворешната политика на државата. Ваквата пропаганда покажува само едно, а тоа е дека СДС нема намера да се наметне со програма на избори, туку својата безидејност ја заменува со распродажба на македонските интереси, обидувајќи се да одигра на страната на Бугарија“, рече пратеникот Лефков.
Македонија
(Видео) Кузеска: Тошковски кога ќе порасне сака да биде како Груевски – со партиска милиција под своја контрола

Очигледно министерот Панче Тошковски оди по стапките на својот идол – Никола Груевски и делува како негов партиски клон, рече денеска на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
Според неа, „со предлог законските измени кои Тошковски ги предлага во Законот за полиција, тој готви партиска милиција на ВМРО-ДПМНЕ под негова контрола“.
„Наместо модерна, професионална, европска полиција – Тошковски го претвора Министерството за внатрешни работи во пара-полициски апарат на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е реформа, ова е отворање на вратите за криминалци, послушници и партиски војници.
Ова е рецепт за полициска држава! Законот за измени на Законот за полиција што го предлага Тошковски е опасен за целиот безбедносен систем, антиевропски и длабоко корумпиран обид за партизација на полицијата, елиминација на кариерниот систем и уривање на безбедносниот поредок“, вели Кузеска.
Таа рече дека „наместо полиција што штити граѓани, Тошковски прави партиска милиција што штити криминалци“.
„Бараме итно повлекување на законот, прекин на узурпацијата на МВР и отворање јавна дебата за департизација на полицијата. Полицијата мора да биде сервис на граѓаните, не оружје во рацете на партиската мафија. Ова не е политичка борба – ова е борба за безбедност, за државата и за правото! Македонија не смее да си дозволи нова верзија на режимот на Груевски, со Тошковски во улога на негов партиски клон“, кажа Кузеска.