Македонија
(Видео) Кузеска: На виделина е спрегата на Мицкоски со тајкунот Камчев

Навраќајќи се на вчерашните случувања со апсењето на бизнисменот Орце Камчев, од владејачкиот СДСМ наоѓаат поврзаност меѓу, како што велат, Христијан Мицкоски и Орце Камчев.
„На виделина е спрегата на Христијан Мицкоски со тајкунот на режимот, Орце Камчев. Обвинето лице во судски предмети, а од вчера и во притвор. Ова е Тони Менкиновски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, човек близок до Христијан Мицкоски. Токму човекот на Мицкоски, кој често сме го гледале од партиската говорница на ДПМНЕ во белиот дворец, му е адвокат и го брани Орце Камчев. Истиот Менкиновски беше главен преговарач на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во разговорите за Законот за Јавното обвинителство“, реагираат од СДСМ.
Тие потсетуваат на времето, кога како партија, предупредувале за, како што велат, обидот на Мицкоски да направи сè за да пропаднат случаите на СЈО отворени пред македонските судови и да се спасат криминалците на режимот.
„ВМРО-ДПМНЕ не си ги бара 1,3 милион евра, наводно украдени од донации за партијата, како што е наведено во предметот, туку го брани Камчев. На оваа партија очигледно поважен ѝ е Орце Камчев отколку сопствените финансии. Она што е важно е дека докажаниот губитник Христијан Мицкоски не успеа да го спречи носењето на Законот за Јавното обвинителство, не успева ниту да ги одбрани криминалците во своите редови“, велат од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче си возат мотори на ден кога 46 луѓе починаа од Ковид

Денеска починаа 46 лица, но тоа не ги засега министерот за здравство, Венко Филипче, и премиерот Зоран Заев, кои наместо грижа за здравјето на граѓаните си возат мотори, велат од ВМРО-ДПМНЕ, коментирајќи дека „тоа не може да се окарактеризира никако, освен како одлепени од реалноста и убијци на сопствениот народ“.
Претходно денеска, пратеникот Антонијо Милошоски сподели видео за кое тврди дека е од Заев и Филипче во Пештани.
„Во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет и лекови, додека фирмите и вработените се борат за преживување, Заев и Филипче лабаво со мотори на ручек во Пештани“, напиша Милошоски.
Од ВМРО-ДПМНЕ попладнево велат дека нема ниту еден друг случај на премиер на држава и министер за здравство кои во денот кога умираат 46 луѓе, тие си возат мотори.
„Рестораните за нив работат, но за сите останати се затворени. Нема борба против короната, а народот е препуштен сам на себе. Заев и Филипче се одлепени од реалноста, а нивната неспособност се плаќа со здравјето на граѓаните“, наведува партијата.
Опозицијата додава дека Владата треба постојано да носи заклучоци и одлуки, но системот не работи затоа што систем не постои. Ако се вакцинираа луѓето во првите месеци од годинава сега луѓето кои денес починаа ќе беа живи. Но тогаш Заев и Филипче бркаа провизии, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Нови 46 починати и 687 заразени со коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на Ковид-19 во:
Скопје – 310, Куманово – 55, Битола – 35, Прилеп, Охрид и Струмица по – 33, Велес – 31, Кавадарци и Тетово по – 23, Гостивар – 19, Штип и Кочани по – 17, Свети Николе – 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино – 6, Гевгелија и Македонски Брод по – 4, Струга – 3, Богданци – 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по – 1.
Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од: Скопје – 780, Битола – 94, Куманово – 67, Охрид – 51, Штип – 44, Велес – 43, Тетово – 33, Кичево – 32, Гостивар – 21, Кавадарци – 20, Гевгелија – 19, Кочани – 16, Берово – 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен по – 11, Прилеп и Делчево по – 10, Неготино – 9, Крива Паланка – 8, Пробиштип и Дебар по – 6, Радовиш и Македонска Каменица по – 5, Виница, Демир Хисар и Кратово по – 4, Богданци и Пехчево по – 3, Македонски Брод и Валандово – 1.
Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51г, 59г , две лица на 63г , 65г, 69г, 71г, две лица на 72г, 81г, 82г, 84г, 87г), од Битола – 6 (53г, 67г, 70г, 72г, 78г, 90г), од Тетово – 4 (44г, 65г, 78г, 84г), по 3 починати пациенти од Куманово ( две лица по 70г и 76г), Прилеп (34г, 68г и 73) и Струмица (72г, 76г, 82г), по 2 од Штип (72г, 74г), Радовиш (47г, 70г) и Виница (62г, 76г), по 1 од Велес (84г), Кавадарци (84г), Охрид (59г), Струга (86г), Неготини (89г), Кратово (85г), Македонски Брод (76г) и Македонска Каменица (77г) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а 3 лица во домашни услови.
Направени се 3.050 тестови преку: ИЈЗ-599, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-94, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, МАНУ-130, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-303, Биотек-319, Систина-243, лабораторија Лаор-540, Синлаб – 20, Ремедика-16, Плодност – 60, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 63223, активни 9659
Куманово 7654, активни 1242
Прилеп 7616, активни 1081
Тетово 6702, активни 680
Битола 5326, активни 1263
Велес 5007, активни 834
Гостивар 4861, активни 524
Кавадарци 4829, активни 626
Штип 4570, активни 463
Охрид 4549, активни 812
Струмица 3634, активни 552
Струга 2806, активни 231
Кочани 2469, активни 306
Кичево 2232, активни 292
Неготино 2057, активни 275
Гевгелија 2033, активни 404
Свети Николе 1374, активни 141
Крива Паланка 1142, активни 91
Ресен 1135, активни 237
Радовиш 1000, активни 148
Берово 939, активни 117
Делчево 895, активни 88
Дебар 888, активни 57
Пробиштип 734, активни 74
Виница 691, активни 103
Валандово 588, активни 99
Крушево 449, активни 122
Богданци 446, активни 75
Демир Капија 386, активни 61
Демир Хисар 347, активни 51
Кратово 343, активни 24
Македонски Брод 335, активни 51
Пехчево 241, активни 22
Македонска Каменица 216, активни 8
Дојран 127, активни 23
Македонија
Притвор за шестмината приведени во акцијата со марихуана

Скопскиот кривичен суд определи 30-дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана кои пред два дена беа приведени во полициска акција со поддршка на Американската служба за борба против дрога – ДЕА.
Станува збор за лицата Д.Ј.(35) од Струмица, А.У.(45) од Скопје. М.З.(29) од Куманово, М.С.(36) од Битола, К.С.(46) од Прилеп, Г.К.(25) од Скопје, кои се гонат поради неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.
Во акцијата беа запленети околу 200 килограми марихуана во вредност од 800.000 евра.
При претрес кај еден од осомничените, полицијата пронајде документација за фабрики за производство на марихуана во медицински цели, лоцирани во Прилеп и Битола, по што МВР врши контрола во овие објекти.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ претходно денеска го обвини Трајче Заев – братучед на Зоран Заев за вмешаност со криминалната група, но тој ги негираше тврдењата. И владејачкиот СДСМ реагираше на обвинувањата, комнентирајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не можат да се соочат со фактот дека патот на правдата во државата и е чист, а институциите борбата против корупцијата ја водат бескомпромисно.
Инаку, марихуаната која ја заплени македонската полиција требало да заврши во Грција.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш