Македонија
(Видео) Кузеска: Пратеникот Антонијо Милошоски бил осуден за незаконски дела во Германија

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски бил осуден за незаконски дела во Германија, информацијата на прес-конференција ја објави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.
Од СДСМ информираат дека судот во градот Ахен пред неколку години му пресудил на Милошоски за сторено кривично делобфалсификување исправи.
„За овој голем срам, Милошоски не треба да бега и да се крие, туку веднаш да излезе пред граѓаните.Тој има обврска за овој скандал јавно да се произнесе, исто како и Христијан Мицкоски. Какви кривични дела сторил во 2004 и 2005 година во Германија? Зошто ги криел податоците од граѓаните? Дали интензивното генерирање лажни вести е за да го прикријат сопствените криминали?“- истакна Кузеска.
Од СДСМ напоменуваат дека доколку информациите бидат потврдени, тогаш Милошоски треба јавно да се извини, да побара прошка од граѓаните и веднаш да поднесе оставка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре поради протест за „Монструм“ затворени неколку улици во Скопје

Утре во Скопје ќе важи посебен режим на сообраќај поради протест за пресудите во случајот „Монструм“.
Протестот ќе почне во 13 часот во паркот Чаир на бул. „Христијан Тодоровски Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, Собранието и Владата.
Поради тоа, затворени за сообраќај од 13 часот до завршување на протестот, ќе бидат следните улици:
– ул.„Х.Т.Карпош“,ул. „Џон Кенеди“, ул. „Цветан Димов“, бул. „Крсте Мисирков“, бул. „ Гоце Делчев“, ул. ,,11-ти Октомври“, ул. „Васил Главинов“, бул.„ ВМРО“, бул. „Илинден“ и други околни сообраќајници.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Пријава за охриѓанец, изградил куќа без одобрение за градба

Полицијата поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец за бесправно изградена куќа.
Според информациите на МВР, против Б.К.(55) од Охрид е поднесена пријава за кривично дело „бесправно градење“.
Пријавениот, во својство на инвеститор, во текот на 2020 година на ул,,Железничка” во Охрид, без одобрение за градба издаден од надлежен орган, изградил куќа. Од страна на овластен градежен инспектор од општина Охрид донесено е решение со кое на инвеститорот му се наредува да ја отстрани градбата.
Македонија
(Видео) Заев за случајот со Мијалков: Испратена е порака дека системот функционира

Испратена е пораката дека системот функционира. Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем, рече премиерот Зоран Заев во врска со случајот со Сашо Мијалков, првообвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, на седницата за пратенички прашања во парламентот.
„Тоа што секој сегмент на нашето општетсво, а тоа е извршната власт, преку министерствата за внатрешни работи и за правда, судската власт преку судовите и Обвинителството преку самите обвинители, го завршија својот дел од работата за да нема каде да се крие, да бега, да калкулира, обвинето лице што е пред изрекување казна затвор, а тоа е Сашко Мијалков, и се појави во Обвинителството, се предаде“, рече премиерот Заев.
Целиот овој амбиент вчера, додаде тој, ја испрати пораката дека системот може да биде ставен во функција почитувајќи ги законите.
Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области со цел рамноправност со развиените земји.
„Граѓаните треба да знаат дека 11-годишниот режим има оставено траги на коруптивен и влијателен начин, а сепак има разрешници на вакви крупни случаи, кои се симбол на борбата против криминалот и корупцијата“, рече Заев.
„Судиите се лицето на правдата. Ваквите процеси во ниедна земја не се едноставни, не се ни кај нас. Убеден сум дека мониторингот на нашиот народ и позитивниот притисок ќе придонесе да се забрзаат овие постапки. Обвинителите и судиите никому ништо не должат. Треба да ги зголемат ефикасноста, транспаретноста, делењето на правдата еднакво за сите за да имаме реформирано правосудство како трајна придобивка“, рече Заев.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер