Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: Пропадна лагата на Мицкоски дека цената на струјата ќе се покачи за 40 отсто

Објавено пред

Брзата реакција на Владата на Република Северна Македонија и мобилизирањето на сите домашни капацитети за производство на електрична енергија придонесоа да се спречи ценовен шок за граѓаните. Покачувањето на цената на струјата за следната година ќе биде 9,48% што е далеку под првичните прогнози од над 25%. Дополнително се задржува ноќната евтина тарифа на струјата, евтината тарифа во недела и рестрикции нема да има, истакна на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

dobivaj vesti na viber

Со цел да се помогне на потрошувачите од ранливата категорија граѓани, додаде Кузеска, Владата дополнително обезбеди 60 милиони денари помош со Програмата за заштита на овие потрошувачи на енергија за 2022 година.

Сите овие податоци, според Кузеска, го демантираат Христијан Мицкоски кој свесно, како што рече, ја лаже јавноста, се обидува да креира паника кај граѓаните, кажувајќи дека цената на струјата ќе биде повисока до 40 отсто.

„Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ свесно прогнозираат панични бројки и посакуваат тие да бидат точни. ВМРО ДПМНЕ на чело со Мицкоски уште еднаш потврдуваат дека ниту се, ниту сакаат да бидат конструктивна опозиција во време на криза. Лажеа во екот на пандемијата од Ковид 19, лажат и сега. ВМРО ДПМНЕ не мислат и не се грижат за граѓаните, туку свесно ја користат секоја криза, секоја можна прилика, да заработуваат евтини политички поени“, истакна портпаролката на СДСМ.

Дополни дека СДСМ како партија која се води од интересите и доброто на граѓаните и државата, ќе продолжи со креирање мерки со цел намалување на последиците предизвикани од енергетската криза.

Македонија

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Објавено пред

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција.

dobivaj vesti na viber

-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.

Лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски. Тој информираше и дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.

-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Објавено пред

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата  и се исцрпени сите можности.

dobivaj vesti na viber

„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.

Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Објавено пред

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Тој бегството го пријави  во телевизиско интервју вчеравечер за бугарската телевизија Нова.

dobivaj vesti na viber

„Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, вели Цветанов.

На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече дека тоа што го  направил е избор и нема враќање назад.

Министерството за внатрешни работи претходно поднесе кривична пријава против Цветанов за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Цветанов се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени,...

Топ50 минути

По трагедијата во Прага каде почина матурант, професори и студенти се враќаат од екскурзијата во Хрватска

Матурантот од средното училиште „Мате Балоте“ од Пореч во Хрватска, кој загина на матурска екскурзија во Прага, е 17-годишен ученик...

Македонија2 часа

Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим...

Македонија3 часа

Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против...

Македонија4 часа

Војната во ДУИ на дневен ред во Мала Речица, опција е и разрешување на „огнените“ од партиските функции

Војната помеѓу двете групи во ДУИ, може да заврши и со разрешување на „огнените“ од функциите во партијата. Ова се...

Македонија5 часа

Тинејџерките биле најдени близу „Бит Пазар“; МВР: Биле во близина на продажен објект

Полицијата ги пронајде двете исчезнати малолетнички, Аниса Ајро и Мелиса на подрачјето на Бит Пазар. Во моментот кога биле затекнати,...

Македонија8 часа

Арсовска ќе го враќа споменикот на Ќосето пред судовите во Скопје

Градоначалничката Данела Арсовска почнува со постапка за враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето пред судовите во Скопје. Од општина Центар,...

Свет9 часа

Сторми Даниелс: Не се плашам да се соочам со Трамп на суд, сум го видела гол

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повеќе не е недопирлив, изјави порно ѕвездата Сторми Даниелс во петокот вечерта во своето прво...

Македонија9 часа

Георгиевски: Со донираното оружје за Украина, се врши големо обезоружување на нашата држава

ВМРО-Народна партија ја поддржува политиката на поддршка на Украина, но исто така апелира дека се врши големо обезоружување на нашата...

Економија10 часа

Работниот час најевтин во Бугарија, а најскап во Луксембург

Најниски трошоци за работната сила во Европската Унија има во Бугарија и Романија, а највисоки во Луксембург. Како што објави...

Свет10 часа

(Видео) Торнадо однесе покрив за време на концерт во САД

Едно лице загина, а десетици се повредени кога покривот на концерт на хеви метал бенд во Илиноис се урна при...

Македонија11 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Лицето кое јавно се заканува на Мицкоски и неговите деца е поддржувач на Ковачевски, а добил благодарница од Пендаровски

Заканите кон семејството и децата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се акт на вандализам и варварско водење на политиката...

Топ23 часа

Исчезнати две тинејџерки од Скопје, полицијата трага по нив

Исчезнати се две тинејџерки од Скопје. Полицијата од вчера трага по 12-годишната Аниса Ајро и 15-годишната Мелица К. Двата случаи...

Свет23 часа

Путин потпиша нова руска глобална стратегија, насочена е против Западот

Рускиот претседател Владимир Путин денеска потпиша нов руски стратешки документ чија цел е ограничување на „западната доминација“. Во документот се...

Македонија1 ден

Влада: Платите нема да се зголемат 78%, разгледуваме можност за намалување на коефициентите

Одлуката на Уставниот суд со која се укинуваат одредби од Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани...

Македонија1 ден

„Го жалам Ковачевски, работи во интерес на ДУИ“ – Хајредини не ги штеди ниту Ахмети, ниту Груби, ниту Османи: aјдуци на власт

Дали се задоволени албанското его и решавањето на меѓуетничките односи во државата, дали со поставувањето премиер Албанец ќе биде ставен...

Македонија1 ден

(Видео)Побарајте помош ако имате напнатост и несоница по лажните вести за киднапирање и труење ученици

Анксиозност, нерасположеност, социјално изолирање од другите и чувство на срам иако не направиле ништо лошо се очекувани последици од лажните...

Македонија1 ден

Болните од цистична фиброза го потсетија Ковачевски: Рековте лек ќе има за сите

Болните од цистична фиброза се уште го чекаат лекот. Тие ги потсетија надлежните на ветувањата, дека лек ќе има за...

Македонија1 ден

Османи: Политичарите треба да бидат последни на листата за зголемување на платата

Политичарите треба да бидат последни што ќе добијат поголема плата, изјави денеска Министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Според него,...

Топ1 ден

Обвинителството за убиството во Капиштец: Осомничениот пукал неколкупати, па продолжил да го удира со кундакот по главата

Скопското Обвинителство го заврши увидот на самото место во казиното во кое утрово се случи убиство во Капиштец, при што...