Контакт

Македонија

(Видео) Кузеска: 100 милиони евра за нов авион за Мицкоски наместо за плати, училишта и болници

Објавено пред

Владата планира да купи нов авион вреден околу сто милиони евра, тврди портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа вели дека се уште нема одговори колку чинело луксузирањето на Мицкоски со владиниот авион и кој бил со него.

„Но, луксузирањето на Христијан Мицкоски врз грбот на граѓаните и летањето со владин авион на Јадранско море го откри неговото вистинското лице и лицето на неговата расипничка власт. До толку се опиени од моќта, од аздисаноста, државата ја сметаат за нивна приватна сопственост, шанса за бизнис и уживање, а граѓаните за поданици кои се тука да им го плаќаат луксузот“, рече Кузеска.

Додека народот брои денари до крајот на месецот, работниците се на улиците за поголеми плати, додаде таа, премиерот лета на одмор со владин авион.

„Владата вели нема пари за плати, одбива да ја покачи минималната плата на 600 евра. Им кратат 40 милиони евра на земјоделците за субвенции, 5 милиони евра од поддршката во спортот. Дури и на лицата со ретки болести им скатија 3 милиони евра. А истовремено планираат да купат нов владин авион вреден околу сто милиони евра“, рече Кузеска.

Таа додаде дека СДСМ бара власта веднаш да се откаже од намерата за купување на нов авион.

Најново

Забава1 минута

Ставете го овој зачин на радијаторот кога ќе се вклучи греењето и целата куќа ќе мириса прекрасно со денови

Ако го ставите овој зачин на радијаторот, вашиот дом може да мириса пријатно со денови откако ќе се вклучи греењето....

Македонија4 минути

(Видео) Мицкоски: Ја градиме Македонија, започна изградба на автопатот Букојчани-Кичево

„Она што за мене претставува многу значајно е фактот дека без оваа секција се она останато коешто го правиме, немаше...

Македонија10 минути

Клековски во Белград: Соработка со референтните институции во Србија и зајакнување на капацитетите дома

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска, беше во работна посета на Белград. Таму оствари средба со министерот за здравство на...

Македонија17 минути

Обвинителството: На Михајлова и беа одземени двата пасоши и и беше изречена забрана за преминување граница со лична карта

ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две...

Свет23 минути

Европа се спротивстави на договорот на Трамп со Путин: усвоени се нови санкции

Европската унија ќе продолжи да спроведува санкции против Русија и покрај договорот за дизел постигнат за време на викендот меѓу...

Македонија30 минути

МНР за бегството на Ива Михајлова: Ваквото постапување на бугарските државни институции ги подрива напорите што ги вложуваме за градење доверба

Во врска со бегството на Ива Михајлова во Бугарија и нејзиниот прием на високо ниво во Софија, Министерството за надворешни...

Црна хроника34 минути

Масовна тепачка во двор во куќа во село Баница: повредените пренесени во Медицински центар Струмица

Вчера во СВР Струмица е пријавено дека во 22:30 часот во дворно место на куќа во село Баница, струмичко, настанала...

Црна хроника44 минути

Во Ново Село пронајден починат маж од Грција: бил во лов со пријатели

Вчера во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во селото Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат...

Црна хроника48 минути

Со мотоцикл удрил во дива свиња: тешко повредени возачот од Гевгелија и сопатничката

На 10.10.2026 во ОВР Гевгелија е пријавено дека во 21:20 часот на регионален пат, од крстосница за село Ѓавато до...