Контакт

Македонија

(Видео) Курц ѝ порача на ВМРО-ДПМНЕ дека треба да го поддржи решението за спорот со името

Објавено пред

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, во врска со тактизирањето на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која сè уште се нема изјаснето во врска со референдумот, рече дека партијата треба да има европска перспектива и да го поддржи решението за спорот со името.

„Австрија е најважниот инвеститор во Македонија. Ние немаме само тесна економска соработка, туку и силно пријателство и заедничка историја. Го делиме мислењето дека сите држави од Западниот Балкан имаат свое  место во Европката Унија. Унијата ќе биде комплетна кога ќе биде интегриран Западниот Балкан. Решението на спорот со името е голема шанса за Македонија, но и за комплетниот регион. Најпрво сакам да го поздравам тоа што е постигнат компромис на ова поле и би сакал граѓаните да ги поканам да учествуваат на овој референдум и да се изјаснат ‘за’ решавање на спорот со името. Тоа е избор за секој поединец и не е мое да донесам одлука за некој друг, но како пријател на Македонија мислам дека е добро ако има голема излезност и позитивен резултат“, рече австрискиот канцелар, Курц.

Премиерот Зоран Заев пред обраќањето на Курц рече дека Австрија ги препознала реформите во Македонија и се заблагодари на канцеларот за поддршката што  ја дава за интеграциите на Македонија во ЕУ и НАТО.

Македонија

МВР викендов ќе издава лични карти по итна постапка за референдумот

Објавено пред

Од

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека сите Одделенија за управни работи ќе работат во сабота и недела.

Сите барања за издавање лична карта (оштетена, изгубена или украдена), по законски спроведената постапка, ќе се одобруваат итно во сите регионални Одделенија за управни работи при Министерството за внатрешни работи и тоа само доколку подносителот не поседува биометриска патна исправа.

Барањата за лични карти ќе се примаат и одобруваат итно заклучно со сабота(29.09.2018 година) до 16.30 часот. Веднаш по примањето на апликациите за лични карти, Одделот за информатика ќе ги изработува и ќе ги доставува до надлежниот сектор за навремена дистрибуција до Одделенијата за управни работи.

На денот на референдумот Одделенијата за управни работи ќе работат само за издавање на лични карти во периодот од 07.00 до 19.00 часот.

Прикажи повеќе...

Скопје

Отворена е Европска недела на спортот во општина Бутел

Објавено пред

Од

Во Општина Бутел, во спортската сала „Иван Хаџи Николов“ во Радишани, беше отворена европската недела на спортот.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави учениците спортисти од двете одбојкарски екипи од ОУ „Ацо Шопов“ со што отпочнаа активностите по повод европската неделa на спортот.

Инаку, станува збор за заеднички проект на Агенцијата за млади и спорт и Општина Бутел со кој треба да се реализира, промовира, организира и воспостави мрежа на контакти за заеднички активности, кои ќе обезбедат ефикасно спроведувањена зацртаните активности поврзани со проектот „Европска недела на спортот“, дефиниран од Еразмус + Програмата при Европската Комисија.

Во текот на вчерашниот ден фудбалски натпревар се одржа и во ОУ „Св. Климент Охридски“.

Денешните спортски активности на двата пријателски натпревари се одржаа под мотото „За љубов кон играта“.

Во рамките на Европската недела на спортот ќе биде вклучена и градинката „11 Октомври“ преку темата „Зошто спортот е важен за мини спортистите?“ и ОУ ,,Живко Брајковски“ на темата „Дај се од себе“,  кога ќе се одржат два натпревари во мал фудбал и во машка и во женска конкуренцијa.

Прикажи повеќе...

Македонија

Билатерални средби на претседателот Иванов во рамки на 73. Генерално Собрание на ОН

Објавено пред

Од

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, вчера во Њујорк присуствуваше на отворањето на генералната дебата на 73. Генерално собрание на Обединетите Нации, кое годинава е на тема: „Да ги направиме Обединетите нации релевантни за сите луѓе: Глобално лидерство и заедничка одговорност за мирни, рамноправни и одржливи општества“.
 
Во рамки на учеството на Генералното Собрание на ОН, македонскиот претседател одржа и билатерални средби со јорданскиот крал Абдула Втори, со Владимир Воронков, заменик-генерален секретар на ОН задолжен за контра-тероризам и со надбискуп Пол Ричард Галагер, секретар за надворешни работи на Ватикан.


 
На средбата со јорданскиот крал Абдула Втори беа разменети мислења за севкупните билатералните односи меѓу Република Македонија и Кралството Јордан, при што беше заемно констатирано дека двете земји негуваат пријателски и партнерски односи, без отворени прашања.


 
Претседателот Иванов посочи на интересот на Република Македонија за натамошно унапредување на билатералните контакти со средби на повисоко ниво, како и потребата од реализирање почести контакти и размена на делегации од двете земји на различни нивоа.


 
На средбата претседателот Иванов истакна дека Република Македонија со внимание ги следи настаните во регионот и ги поддржува напорите за постигнување на траен мир на Блискиот Исток. 
 
Двајцата соговорници разменија мислења и за внатрешно-политичките состојби и регионалните состојби и приоритети  на двете земји.
 
Претседателот Иванов го истакна интересот на Република Македонија за унапредување на економската соработка и проширување на обемот на трговската размена во сите полиња, за што, како што беше посочено на средбата, е потребна институционална поддршка од двете страни за воспоставување контакти и размена на информации меѓу бизнис секторот. На средбата двајцата соговорници изразија подготвеност за натамошна соработка и поддршка на мултилатерален план.
 
На средбата со потсекретарот Воронков беа разменети мислења и информации за улогата на Македонија во борбата против меѓународниот тероризам, постојаните и директни закани од терористичките мрежи.
 
Претседателот Иванов на средбата го пренесе интересот на Република Македонија за учество на цивилен и воен персонал во телата на Обединетите Нации кои креираат политики за справување со глобалните закани.
 
Потсекретарот Воронков се заблагодари за учеството на Република Македонија за придонесот во сеопфатната стратегија за борба против тероризам и борба против насилен екстремизам потенцирајќи дека во нареден период ќе предложи соодветен пакет за институционално зајакнување на државите од Балканот и учество во проекти за поголема безбедност. 

На средбата со надбискупот Галагер беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Светиот Престол и беше изразено задоволството од зголемената динамика на средби и посети на високо ниво.Двајцата соговорници разменија мислења за тековните иницијативи во насока на продлабочување на меѓусебната соработка. 
Надбискупот Галагер го поздрави фактот дека, иако католичката заедница во Република Македонија е бројно мала, сепак е високо почитувана, оценувајќи го како потврда за македонскиот модел на меѓурелигиски соживот. 

Истакнувајќи дека Република Македонија има длабока традиција на почитување на различните верски чувства, претседателот Иванов ја истакна конструктивната улога на Католичката црква како важен столб на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот. 

Претседателот Иванов изрази надеж дека Папата Франциск ќе ја прифати отворената поканата за посета на Република Македонија, што би било од огромно значење за унапредувањето на билатералните односи, за католичката заедница во Република Македонија и воопшто за сите христијански верници.
 
Претседателот Иванов е предвидено да се обрати на 73. Генерално Собрание на Обединетите Нации во четврток.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет26 минути

(Видео) Највисоко ниво на заштита, Трамп во ОН пристигна со ,,ѕверот” и со ладилник полн со крв

Американскиот претседател кон вчера имаше говор во Обединетите нации, во Њујорк пристигна со највисоко ниво на обезбедување – се возеше...

Економија55 минути

НБРМ: Денарот е стабилен, не постои опасност за евентуална девалвација

Народната банка на Република Македонија информира дека, како институција надлежна за конципирање и спроведување на монетарната политика, цврсто стои на...

Регион2 часа

(Видео) Четворица пожарникари повредени во ноќната битка со пожарот на Пељешац

Апокалипса на Пељешац по пожарот кој дивееше изминатото деноноќие, јавуваат хрватските медиуми. Огнената стихија на хрватскиот полуостров во текот на...

дијамант дијамант
Забава2 часа

Најскапиот дијамант во светот проценет на 50 милиони долари на аукција во Женева

Розовиот дијамант од скоро 19 карати тргнува на светска турнеја пред да биде понуден на аукција во Женева, а се...

Свет2 часа

(Видео) Макрон ја критикуваше политиката на Трамп и доби аплауз

Францускиот претседател, Емануел Макрон остро ги критикуваше во Њујорк светските лидери кои ги гледаат исклучиво своите интереси и порача дека...

Регион3 часа

Брутално убиство на 33-годишен геј активист ја бранува Атина

Геј активист почина во Атина откако брутално беше претепан. Зак Костопулос, 33-годишен активист на грчкиот ЛГБТИ, почина по брутален напад...

Свет15 часа

Бил Козби осуден на 3 до 10 години затвор за сексуален напад

Познатиот комичар Бил Козби е осуден на три до 10 години во државен затвор за дрога и сексуално малтретирање на...

Регион17 часа

(Видео) Пожар на Пељешац, гори борова шума – жителите ги бранат куќите

Во пожар што избувна кај местото Мокало на хрватскиот полуостров Пељешац гори густа букова шума. Според последните информации, огнот го...

Македонија18 часа

Се намалуваат трошоците во постапките пред нотарите и извршителите

На предлог на Министерството за правда, Владата ги прифати предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за извршување и на...

Македонија19 часа

Заев: Одлучуваат тие што гласаат, тие што не гласаат не се ни бројат

За успешноста одлучуваат тие што гласаат, а тие што не гласаат не се ни бројат, порача премиерот Заев пет дена...

sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok sobranie, 27 april nasilstvo krvav cetvrtok
Крвав четврток20 часа

Чавков наредил да им ја отворам вратата на колегите од УБК, сведочеше собраниска полицајка за oдзмените харддискови

По наредба на директорот на БЈБ, обвинетиот Митко Чавков, било одземањето на дисковите со снимките од безбедносните камери во Собранието, потврди собраниската...

Крвав четврток20 часа

Судот им ги одби гаранциите на Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов да се бранат од слобода

Обвинетите пратеници Крсто Мукоски и Љубен Арнаудов, како и активистот Богдан Илиевски и обезбедувачот Оливер Радулов, и натаму остануваат во...

Топ21 час

Градоначалникот на Куманово добивал закани, поднесена кривична пријава против едно лице

Градоначалникот на Куманово до СВР Куманово пријавил дека во два наврата му биле испратени СМС-пораки со заканувачки содржини кон него...

Крвав четврток22 часа

Се надевам дека ќе одговараат нарачателите за 27 април, рече обвинителката Русковска

По првиот дел од судењето во кривичниот суд за настаните од 27 април, обвинителката Вилма Русковска, на новинарско прашање, рече...

Investigative story24 часа

Антикорупциската комисија се сомнева во злоупотреби со монографии на Филозофскиот факултет

Антикорупциската комисија има доставено иницијатива за поведување постапка за кривично гонење поранешен декан на Филозофскиот факултет до Јавното обвинителство,поради сомневања...

Крвав четврток24 часа

„Влатко Ѓорчев ги молеше како Господ да не нè напаѓаат“, се расплака телохранителот на Оливер Спасовски

(Фото: Ацо Ангеловски во средина) „Лево од мене слушнав наредба – убијте ги! Масата одеднаш тргна кон нас. Бидејќи не...

Регион1 ден

Додик: Јавна тајна е дека опозицијата подготвува немири на улиците

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека е јавна тајна дека опозицијата во тој српски ентитет има план да...

Виница Виница
Македонија1 ден

Вонредни контроли по масовното труење со храна во Виница

Aгенцијата за храна и ветеринарство во наредните денови во Виница ќе изврши вонредни контроли кај сите оператори што произведуваат, подготвуваат...

Свет1 ден

Кина: САД ни ставаат „нож под грло“, губиме и едни и други

Продолжувањето на кинеско-американските трговски преговори е тешко откако САД на Кина и ставија „нож под грло”, рече заменик-министерот за трговија...

Свет1 ден

САД ја предупреди Русија: С-300 во Сирија ќе биде голема грешка

САД ја предупредија Русија дека распоредувањето на модерниот анти-ракетен систем С-300 во Сирија е голема грешка и дека одлуката треба...

Досие