Контакт

Македонија

(Видео) Локален бизнисмен ги остави жителите на катлановско Кожле без вода

Објавено пред

Жителите на катлановското село Кожле на пеколните летни горештини останаа без вода кога пред 15 дена од страна на ЕВН е исклучена струјата од главната пумпа на водоводот од кој се снабдува селото. Причина за ова, како што велат, е самоволието на локалниот бизнисмен од селото Боби Петровски, кој водоводот го користел како своја приватна сопственост.

„Петровски од жителите бара пари да се врати долгот за повторно жителите на Кожле да добијат вода. Ова не е првпат водата да биде исклучена, се случувало и порано, но на помал период, од 2 до 3 дена“, вели Киро Николовски за „Макфакс“ и „А1 он“.

Водоводот првично почнал да се гради во 2000 година од страна на АД „Водостопанство“, но кога компанијата престанала со работа, била стопирана и изградбата на водоводот. Жителите на трите села во близина на Катланово добиле вода дури во 2005 година кога целиот проект во свои раце го зел УСАИД, кој целосно ја финансирал доизградбата на водоводот и неговото пуштање во употреба.

Токму поради турбулентните околности под кои бил граден водоводот, како и некомплетната документација, ниту една институција, вклучувајќи ја и Општина Петровец, под која спаѓаат селата Кожле, Блаце и Тотинци, не сакала да го земе под свое сопствеништво. Одговорноста за одржување на водоводот и плаќање на сметките ја презел локалниот бизнисмен Боби Петровски, кој од 2005 година па сè до минатиот месец собирал пари од жителите на селата за плаќање на сметките од „Водовод“ и ЕВН.

Минатиот месец во водоводниот систем кај Катлановско се појавил проблем, конкретно струјата на која работела пумпата од водоводот била исклучена поради ненамирени сметки иако жителите на Кожле велат дека редовно му давале пари на Петровски за плаќање на сметките. Тие обвинуваат дека Петровски, наместо да ги уплати парите во „Водовод“ и ЕВН, ги искористил за изградба на објект, заеднички дом, на местото од старото селско училиште во Кожле за кој патем мештаните велат дека е дивоградба.

„Петровски ја организира изградбата на заеднички дом, поставени се темели, има донесено тули, железо и штици. Има вистина во тоа дека парите од водоводот се искористени за изградба на објектот кај старото училиште „Рајко Жинзифов“. Каде се парите од седумте последни приклучоци, кои севкупно изнесуваат 2.100 евра“, запраша Николовски.

Редакцијата на „Макфакс“ и „А1 он“ стапи во контакт со локалниот бизнисмен, кој даде спротивна изјава од онаа на мештаните. Тој вели дека водата е исклучена поради нередовното плаќање од страна на жителите, а изградбата на објектот на местото од руинираното училиште била заедничка одлука на сите жители, па не му е јасно зошто воопшто се крева толку врева за сето ова.

Жителите на Кожле случајот неколкупати го пријавувале во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Државниот комунален инспекторат, но овие институции заедно со Управата за јавни приходи се декларирале како ненадлежни, а Општина Петровец не сакала да го преземе водоводот во свое владение под изговор дека не е легален бидејќи не е направен технички прием, кој чини 700 евра.

Засега решение за проблемот на жителите од Кожле нема, тие велат дека се оставени на милост и немилост, отфрлени од сите државни институции кои кренале раце од нив. Тие апелираат до надлежните институции повторно да го разгледат проблемот и да им помогнат бидејќи, како што велат, срамно е во 21 век да се остане без вода, без разлика дали се работи за урбана или рурална средина.

Виктор Јованов

Македонија

Османи во Брисел на средби со Хан и Могерини

Објавено пред

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи денеска патува за Брисел, каде ќе оствари работни средби со Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и Потпретседателката на Европската Комисија, Федерика Могерини, како и со Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан.

За време на посетата, Османи ќе одржи и брифинг со претставници на Работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан, а ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: „Хоум ран“ во преговорите за пристапување?“.

На маргините од посетата, Османи ќе учествува и на Конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата Ханс Сејдел (Hanns Seidel Foundation).

Од Брисел, Вицепремиерот Османи патува директно за Виена каде ќе учествува на состанокот на министри задолжени за Европски прашања од земјите од Западен Балкан, што се одржува под покровителство на Сојузниот Министер за Европски прашања на Австрија при канцеларијата на Сојузниот Канцелар, Гернот Блумел.

Прикажи повеќе...

Македонија

ГТЦ ќе добие зелен покрив

Објавено пред

ГТЦ во Скопје ќе добие зелен покрив. Местото каде што ќе никне новата зелена површина денеска го посетија градоначалникот Петре Шилегов, Нарине Сахакјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации, Саша Богдановиќ, градоначалник на Општина Центар и Ѓоко Трајчевски, Директор на ГТЦ.

„ ГТЦ е симбол на модерно, постземјотресно Скопје. Со проектот „Зелен покрив на ГТЦ“ финансиран од Град Скопје и имплементиран со поддршка на нашите пријатели од УНДП, постојниот покрив кој сега е речиси неискористен ќе стане атрактивен простор со зелена површина за одмор, рекреација и културно-забавен живот. Освен во урбаниот развој на градот, овој проект ќе придонесе и за намалување на температурата во централното градско подрачје преку намалување на ефектот на урбаните топлински острови, подобрување на квалитетот на воздухот и управувањето со врнежите“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Зазеленувањето на покривот на ГТЦ е дел од проектот со кој Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе го поддржи Градот Скопје во спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје.

„Изградбата на зелениот покрив е една од многуте заеднички активности кои ги спроведуваат Град Скопје и УНДП со цел да се зголеми отпорноста на градот и да се обезбеди одржливост преку воведување нови иновативни технологии и решенија“, изјави постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан.

На зелениот покрив со површина од 1.800 квадратни метри ќе бидат засадени 29 висококвалитетни дрвја и повеќе од 30 други видови садници. Ќе бидат поставени неколку водени зони во форма на фонтани и базени, монтажна бина, партерно шаховско поле, кафе-бар, како и модерна урбана опрема од клупи, корпи за отпадоци и паркинзи за велосипеди. Со зазеленувањето на покривот на ГТЦ, делумно ќе се надомести загубеното зеленило во Малиот ринг коешто до 2017 година претрпе загуби повеќе од 30% од вкупната површина на крошните на дрвјата кои беа засадени во овој дел на градот.

„Убеден сум дека со вакви конкретни чекори освен што ги враќаме посетителите во ГТЦ, полека го враќаме и модерниот сјај на Скопје со многу зелени површини и урбани содржини кои не носат чекор поблиску до целта Скопје конечно да стане зелена престолнина со која сите ќе се гордееме“, нагласи Шилегов.

Прикажи повеќе...

Македонија

Зоолошката градина се оспособува за лицата со оштетен вид

Објавено пред

Директорот на Зоолошка градина – Скопје, Ѓорѓи Галетановски, одржа работен состанок со директорот на државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, Горанчо Јакимов, секретарот на Национален сојуз на слепи, Стерија Димов, и професорот на Штуловиот универзитет, Шпетим Љатифи.

На средбата беше договорено заеднички да се почне процес за зоолошката да биде целосно адаптирана за посета на оваа категорија  лица.

„Мислам дека ќе бидеме прва зоолошка во Европа која ќе биде оспособена на ваков начин, а имаме и општествена одговорност заеднички да се заложиме оваа институција да биде адаптирана за луѓето со оштетен вид бидејќи и тие ни се чести и добредојдени гости. Ќе поставиме специјални тактилни патеки, информативни табли со звуци и Браево писмо и ќе ги обучиме нашите кадри за нивна едукација“, изјави Галетановски.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Првиот братучед на градоначалникот Наумоски вработен во Централен регистар

Мирослав Наумоски, прв братучед на градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, пред 2 месеца бил вработен во Централен регистар на...

Македонија2 часа

(Видео) Мајката на Костадинов ќе се повлече од работното место

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов, изјави дека неговата мајка се повлекува од работното место. Тој вели дека нејзиното...

Македонија2 часа

Заев на средби со Гаши и Тачи, ќе бараат заеднички кандидат за претседател

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во име на коалицијата, ги продолжува разговорите и консултациите со партиите околу можностите да се...

Македонија3 часа

Самка Ибраимовски: На претседателските избори одиме сами

Самка Ибраимовски од Партијата за целосна еманципација на Ромите изјави дека на претстојните претседателски избори ќе настапат сами. Ибраимовски на...

Македонија3 часа

Адвокатот на Тачи и Ибраими се повика на аболицијата на Иванов и мислењето на Врховниот суд

Адвокатот на обвинетите Мендух Тачи и Бедредин Ибраими, Елвер Исени, во завршниот збор за предметот „Титаник 2“ на СЈО побара...

Крвав четврток4 часа

Ченто: Ми понудија да бидам заштитен сведок за 27 април и лажно да сведочам

Јане Ченто, обвинет за случувањата во Собранието на Република Македонија од 27 април, во своите завршни зборови рече дека од...

Крвав четврток4 часа

Пепиќ: Во Собранието бев како разузнавач, а не да напаѓам пратеници

Разузнавачот Мунир Пепиќ обвинет за насилниот упад во Собранието, односно вршење насилство врз пратеникот Зијадин Села, во завршните зборови истакна...

Топ4 часа

Почина градежен работник, врз него паднала железна арматура

На објект во изградба на улицата Лондонска во Скопје, кој го гради тетовска фирма сопственост на Г.Х.(54) од село Мала...

Свет5 часа

„Ќе изгубите сѐ“ – Трамп со ултиматум до венецуелската војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, предложи венецуелската војска да ја поддржи опозицијата во земјата, да го пропушти хуманитарниот конвој или...

Македонија5 часа

АВМУ: Сопствениците на медиуми и нивните блиски не смеат да им се закануваат на новинари

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осуди однесувањето на синот на сопственикот на „1ТВ“, Бојан Јовановски, кој вербално ѝ...

Свет6 часа

Четири лица убиени во пукање во американската држава Мичиген

Четири лица беа убиени како резултат на пукањето во округот Кент во северната американска држава Мичиген, објави локалната полиција, пренесува „Спутник“....

Свет6 часа

Мадуро: Русија ќе испорача 300 тони хуманитарна помош за Венецуела

Русија ќе достави 300 тони хуманитарна помош за главниот град на Венецуела, Каракас, в среда, рече претседателот на Венецуела, Николас...

Свет8 часа

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци близу познатиот туристички пазар во Каиро

Бомбаш-самоубиец уби двајца полицајци, а тројца други беа повредени додека го следеле во близина на туристичкиот пазар Кан ел-Калили во...

Свет9 часа

Пожарникарите се борат со стотици подметнати пожари во Северна Шпанија

Регионалните власти во Северна Шпанија во моментов се борат со околу 50 пожари, од кои дел се намерно подметнати, пренесува „Локал“....

Топ18 часа

Се судрија автомобил и трактор, едно лице загина кај Доброште

Eдно лице загина, а едно добило сериозни повреди во сообраќајната несреќа што се случи на патот Тетово-Јажинце, кај селото Доброште. Како...

Македонија19 часа

Силјановска до Заев: Надвор сум од концептот во кој работа има само за децата на вашите функционери

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска, се огласи на својот профил на „Фејсбук“ кога премиерот Зоран Заев изјави дека...

Македонија20 часа

Се бара притвор за девет лица што изработувале и продавале огнено оружје

Надлежниот јавен обвинител до судот ќе достави предлог за определување мерка притвор за учесниците во криминалната група која изразботувала и...

Македонија22 часа

„Макфакс“ и Групацијата Клип медија не планираат никаква соработка со Бојан Јовановски

Редакцијата на „Макфакс“ и Групацијата Клип медија целосно застануваат зад својата новинарка Мери Јордановска и како и досега, и во...

Македонија22 часа

ССНМ со осуда за заканите на Бојан Јовановски кон новинарката Мери Јордановска

Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ) најостро го осудува односот на де факто сопственикот на „1ТВ“, Бојан...

Македонија23 часа

Ванковска: Јавноста не го разбра зборот иронија, сега ми се закануваат со линч

Професорката Билјана Ванковска смета дека не направила недолична корелација со масакарот кај Карпалак од 2001 година и автобуската несреќа кај...

Досие