Македонија
(Видео) Манасиевски: Раст од 17,5 проценти на советничките места, 80 проценти од освоените градоначалнички места во 2021 година, сега ги освоивме во првиот круг
Со огромната победа на 19-ти октомври, граѓаните направија вистински избор, гласаа за работа, перспектива и иднина. Гласаа за нови улици, нови булевари, мостови и клучки, гласаа за нови градинки, училишта, гласаа за нови паркинг места, нови катни гаражи, гласаа за континуираната поддршка од локалните самоуправи кон граѓаните, преку субвенции за инвертер клими, велосипеди, електрични тротинети, полагање на возачки испити и за поддршка на социјално ранливите категории. Едноставно кажано, гласаа за квалитет и докажани луѓе, односно за ВМРО-ДПМНЕ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Граѓаните ја препознаа надежта и работата на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, затоа имаме и раст во гласовите од минатите локални избори од 2021 година. Имаме пораст во делот на советничките места од 17,5% или 82 повеќе советници во советите.
Имаме пораст и во делот на освоени градоначалнички места во првиот круг, ако во 2021 година имавме 22 градоначалнички места, сега имаме 33, што е за 50% повеќе, со што би освоиле околу 80% од вкупниот број на градоначалници на локалните избори 2021 година, кога освоивме 42 општини вкупно. И тоа, само во првиот круг. 10 спрема 1 е разликата по првиот круг во сооднос со СДС.
Затоа на 2 ноември, на гласањето во вториот круг, ве повикуваме повторно масовно да излезете и да го дадете својот глас за бројот 9, за ВМРО-ДПМНЕ, за вистинскиот избор, за нови победи во Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, во Дебрца и во Демир Капија, во Дојран и Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, нови победи во Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце и Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и секако Градот Скопје“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

