Македонија
(Видео) Манасиевски: СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка
СДС во одбрана на градоначалникот тепач од Крива Паланка, кој наместо да работи за граѓаните ја злоупотребува службената положба и овластување.
Сашко Митовски, градоначалникот на Крива Паланка, кој во слободно време во видно алкохолизирана состојба се однесува како шериф и тепа припадник на МВР, за случај во којшто е осуден и прогласен за виновен, сега во работно време ја злоупотребува својата службена положба и овластување, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Луѓето се менуваат но матрицата на СДС, не се менува. Шерифот од Крива Паланка, освен што ги тепа своите граѓани, особено полициските службеници, ја злоупотребува и својата службена должност и мисли дека тоа ќе помине неказнето, бидејќи по навика во време на владеење на СДС, членови и блиски лица до СДС, не беа ниту казнувани, ниту пак повикувани на разговор.
Имено, градоначалникот на општина Крива Паланка, Сашко Митовски се здоби со кривична пријава поради тоа што не извршил должен надзор и контрола на издадено решение за промена на инвеститор и со потпис или факсимил и печат на општината го одобрил како важечко и со тоа, ја злоупотребил својата службена положба и овластување.
Покрај него, кривична пријава има до уште две лица, кои спротивно на законите и своите работни задачи и обврски, изготвиле промена на инвеститор иако рокот изминал и не извршиле должен надзор и решението го одобриле како важечко“.
Ова, според Манасиевски е доказ за тоа како СДС функционира во општините кои ги водат нивни членови.
Кога се на работа, како што вели, ја злоупотребуваат службената должност, а кога не се, глумат шерифи и во алкохолизирана состојба ги тепаат своите сограѓани.
Го повика ЈО да го испита случајот и да се утврди одговорност. Доста е, додава тој, од локални шерифи кои работат за сопствени интереси.
„Граѓаните на Крива Паланка заслужуваат праведност, одговорност и домаќинско водење на општината, а не тепач“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска сончево, од утре голема промена на времето
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб, а во западните делови умерен ветер од југозападен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од -3 до 5, а максималните од 16 до 20 степени целзиусови.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде 1, а максималната 16 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека утре облачноста ќе се зголеми, а од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Македонија
ЦУК: Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла
Пронајдени се двете женски лица кои се изгубија на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
„Добиена е повратна информација од Полициската станица Драчево дека двете женски лица се пронајдени на црн пат помеѓу Долно Количани и Батинци. Лицата се во добра здравствена состојба и со возило, во придружба на полицијата, веќе се движат кон Драчево. Појаснуваме дека, поради грешка во првичната комуникација, не станува збор за странски државјанки, туку за државјанки на Р.С.Македонија“, стои во известувањето од ЦУК.
Македонија
ЦУК: Две странски државјанки изгубени на патот кон Дрисла – полицијата упатена на терен
Преку единствениот број за итни повици 112 добиена е информација дека две женски странски лица, кои патувале со возило, се изгубиле во реонот на патот кон Дрисла, информираат од Центарот за управување со кризи.
Оттаму велат дека ЦУК е во постојана комуникација со МВР и Полициската станица Драчево, од каде е побарано упатување екипа на терен.
Полициска екипа од ПС Драчево е веќе упатена кон локацијата и постапува по случајот, соопшти ЦУК.

