Контакт

Македонија

(Видео) Маркоска: Има сигурни показатели дека економскиот раст ќе продолжи и во 2022

Објавено пред

Македонската економија е стабилна, поставена на добри основи и се движи во добар правец, оцени денеска Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Како што кажа таа, бројни економски параметри покажуваат дека се надминати последиците од коронакризата, а економијата е подготвена за справување со претстојните предизвици.

„Според официјалните податоци, државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството од 488 милиони евра што е за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година, односно 20,8 % повеќе споредено со 2019 година. Тоа значи дека економијата е ликвидна, а прометот зголемен“, посочи Маркоска.

Според неа, растот на бруто домашниот производ, растот на индустриското производство и растот на просечната плата се сигурен показател дека економскиот раст ќе продолжи и во оваа 2022 година.

„Растот на економијата за 2022 година е проектиран на 4,6 отсто, додека растот на капиталните инвестиции ќе биде повисок за 27 отсто во однос на претходната година. Истовремено, ќе продолжи растот на минималната плата што со себе ќе донесе и пораст на просечната плата“, посочи претставничката на СДСМ додавајќи дека тоа значи побрз економски раст, повеќе пари кај граѓаните и заштита и унапредување на животниот стандард.

Македонија

Јајоска: Партизација, прекинати проекти и партиски вработувања е учинокот на Данела Арсовска во првите месеци од мандатот

Објавено пред

Партизација на Град Скопје и прекинати проекти е учинокот на градоначалничката, Данела Арсовска, во првите месеци од мандатот, изјави на прес-конференција на СДСМ, Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Таа истакна дека конструкциите што секојдневно ги пласира ВМРО-ДПМНЕ не можат да го сокријат неработењето на градоначалничката од нивните редови, Данела Арсовска.

„Се ближат првите 82 дена од мандатот на Арсовска, а таа не сработе ништо во интерес на градот и на скопјани. Во овие два и пол месеци од мандатот, Арсовска ќе остане запаметена по 109 партиски вработувања во Град Скопје, по партизација на Јавните претпијатија и установи во надлежност на Градот и по прекинатиот проект Бас рапид транзит. Колку Арсовска знае да менаџира покажува и фактот што Градот додели пет милиони денари или над 80.000 евра на ЈП Градски Паркинг, во време кога на предлог на Арсовска се намалува цената за паркирање. И Арсовска и останатите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ ги игнорираа проблемите со парното греење и ги оставија скопјани на цедило“, рече Јајоска.

Како што додаде, ваквиот однос на Арсовска покажува дека во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена. Според СДСМ, опозициската партија и нејзините градоначалници не работат за интересите на граѓаните и општините, туку единствено за партиски и личните интереси.

Прикажи повеќе...

Македонија

Арсовски: Да се ревидираат договорите за осветлување во Гази Баба вредни милиони

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите и општината Гази Баба да ги ревидираат договорите за осветлување вредни милиони, и да утврдат дали состојбата на терен соодветствува со записниците на изведувачот, надзорот и општината.

Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски изјави дека за само шест месеци во период од мај до октомври 2021 година Босрис Геогриевски како градоначалник на општина Гази Баба склучил договори за улично осветлување во висина од 2 милиони евра, и тоа со две фирми.

Рече дека има неколку симптоматични постапувања во овие договори кои што треба да бидат ревидирани од општинската власт.

„Како е можно за само 103 дена да се исцрпат 11 милиони денари договори за поставување нови линии и тековно одржување на уличното осветлување?

Дали соодвествува фактичката состојба со записниците од надзорот и дали е се онака како што е пријавено дека е сработено од изведувачот?

Додека се се уште активни овие договори не се исцрпени во август, општина Гази Баба и Борис Георгиевски склучиле нов договор од 1,7 милиони евра за паметно осветлување и менување на старите натриум сијалици со нови паметни лед светилки, и од тука прашауваме зошто е исплатен веднаш авансот од 340.000 евра согласно договор кон фирмата баш пред избори и потоа до заминувањето на Борис Георгиевски не е ништо побарано со работен налог да сработи токму оваа фирма која што го добила овој милионски тендер?

Дали им било важно само да се исплатат авансните пари пред изборите?

Дододека е активен овој милионски договор зошто во октомври 2021 година пред да си замине Борис Георгиевски наместо налози да се дадат за работа за постојниот договор од 1,7 милиони евра за паметни, лед светилки да се местат, Борис Ѓорѓиевски склучил нови договори за одржување на на старите натриумови светилки. Нели тие треба да бидат сменети?“, праша Арсовски.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски бега од избори оти има помал рејтинг од Мицкоски

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски е исплашен од избори и затоа што неговиот личен рејтинг е скоро 4 пати помал од рејтингот на претседателот Мицкоски, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека 17.7 отсто од граѓаните даваат поддршка за Мицкоски, додека само 5.5 проценти за Ковачевски.

„Во СДСМ знаат дека поддршката кај граѓаните од ден во ден е се помала за нив. Според последните мерења на мислењето на јавноста ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ со 22.5% наспроти 17.9%. Народот се повеќе се одлучува за ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знае кој може да ги решава нивните проблеми и кој може да го реализира ветеното. Јасно е зошто е стравот во СДСМ. Но тие мора да сфатат дека иднината на државата не смее да биде заложник на нивната желба за власт“, велат од партијата.

Тие најавија дека во текот на претстојната недела ќе поднесат законски измени до Собранието со цел укинување на техничката влада пред избори, со што ќе може да се распишат избори веднаш и во рок од 45 до 60 дена како што е согласно Устав пропишано да се одржат избори. Истовремено ВМРО-ДПМНЕ ги повика и малите партии да се охрабрат и да излезат од владата на ДУИ и СДСМ.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, ако се искрени кон јавноста владата ќе ја напуштат веднаш. Само брзи предвремени парламентарни избори се решение за состојбата во која не донесоа СДСМ и ДУИ“, додаде ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ37 минути

Прегазен малолетник на улица во Тетово, возачот избегал

Седумнаесетгодишно момче било прегазено од автомобил вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово. Возачот кој управувал со возилото избегал од местото,...

Свет48 минути

Директорот на „Фајзер“: Годишните вакцини против ковид би биле подобри од честите бустери

Алберт Бурла, извршен директор на компанијата „Фајзер“, рече дека годишната вакцинација против короната би била подобра опција од почестите засилувачки...

Регион2 часа

Вучиќ добил список со седум лица кои му спремале атентат

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синoќа се обрати до јавноста по обелоденувањето на веста дека бил подготвуван атенатат врз него....

Македонија4 часа

Пецаков да одговара што не се изолирал додека чекал резултати од тестот за ковид, порача владејачката партија

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков додека чекал резултати од тестот за коронавирусот наместо да се изолира, свесно присуствувал на јавен...

Македонија4 часа

Трет викенд по ред недела е неработен ден

Трет викенд по ред недела е неработен ден за 92 отсто од работниците. Законското решение предвидува оние што се ангажирани...

Македонија17 часа

Пред да почине Рахимовски се јавил кај пријател во Македонија, се договориле да го пречека на скопскиот аеродром

Аки Рахимовски утрово планирал патување во Македонија и посета на мајка си. Тој телефонски разговарал со пријателот Здравко Ситновски во...

Македонија17 часа

Нови 1.913 случаи на коронавирус во Македонија, починаа 21 лице

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 7.219 тестови, а регистрирани се 1.913...

Македонија21 час

Млад пациент доби срце, а кај двајца се трансплантираат бубрези од починат донор

Млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа се трансплантираат бубрезите од лице кое почина од мозочна смрт....

Регион23 часа

Почина Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“

Пејачот на групата Парни Ваљак, Аки Рахимовски почина на 66-годишна возраст. Веста за смртта беше објавена и на официјалната страна...

Македонија23 часа

Стоилковски извади списоци: „Паркинг не плаќале стотици функционери од Демократскиот сојуз, СДСМ и ДУИ“

Стотици автомобили на функционери од власта и членови на Демократскиот сојуз, на СДСМ, на ДУИ биле ослободени од плаќање паркинг...

Македонија1 ден

Пецаков вели дека не се изолирал и на Водици излегол оти побарал тест заради патување

Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков вели дека не се изолирал по тестирањето за Ковид-19 и на Водици излегол да ја...

Македонија1 ден

Родители бараат укинување на задолжителното носење маски во училиштата

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од...

Свет1 ден

Првата пратка на американско оружје пристигна во Украина

Првата пратка оружје од американскиот пакет безбедносна поддршка за Украина во вредност од 200 милиони долари пристигна во Киев, соопшти...

Македонија1 ден

Спасовски и МВР му дадоа македонски пасош на Звицер кој сакал да изврши атентат врз Вучиќ, oбвини ВМРО-ДПМНЕ

Скандал го тресе МВР по информациите на Европол дека е откриен заговор за атентат врз претседателот на Србија, Александар Вучиќ, од...

Свет1 ден

СЗО: Повеќе од 340 милиони луѓе во светот се заразиле со коронавирус

Бројот на регистрирани случаи на зараза со коронавирус во светот надмина 340 милиони луѓе, соопшти Светската здравствена организација. Според информациите,...

Македонија1 ден

Во притвор е спроведен возачот кој ја усмрти 24-годишната радовишанка на „Партизанска“

Судот доцна синоќа му одреди 30-дневен притвор на 22-годишниот Јордан Ѓ. кој со автомобил „цитроен Ц4“ ја усмрти 24-годишната радовишанка...

Македонија2 дена

Регистрирани 2.071 нов случај на Ковид-19 и 11 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 6.010 тестови, а регистрирани се 2.071 нов случај на...

Македонија2 дена

Комисијата за заразни болести со препорака периодот за изолација да се намали на 7 дена

Намалување на периодот на изолција од 10 на 7 дена за ковид-позитивните пациенти е ставот што произлезе од денешната вонредна...

Македонија2 дена

Фон дер Лајен до Ковачевски: Лично сум подготвена да помогнам во процесот со Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски попладневно остварил телефонски разговор со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која му го честитала...

Македонија2 дена

Опасност од одрон на карпа тешка 20 тони врз кањонот Матка – од ЦУК велат нема простор за паника

Центарот за управување со кризи доби известување од ЕВН за опасност од одрон на голема карпа над кањонот Матка. Директорот...

Досие