Контакт

Македонија

(Видео) Маркоска: Над 6 милиони евра им се враќаат на граѓаните кои скенирале фискални на крајот од 2020

Објавено пред

Расте просечната плата, растат пензиите, економијата е жива и динамична, парите завршуваат кај граѓните, рече денеска на прес-конференција Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ.

Како што нагласи таа, последен доказ за тоа е проектот Мој ДДВ со кој се обебзедува дополнителен прилив на средства во секое семејство.

„Според официјалните податоци, за последниот квартал од 2020 година кон граѓаните кои скенирале фискални сметки ќе бидат вратени над 382 милиони денари, односно околу 6,1 милион евра“, посочи Маркоска, која најави и дека 2021 ќе биде година на рестарт на македонската економија и брзо враќање на претходните стапки на економски раст.

Македонија

(Видео) Заев во посета на „Мајски цвет“: Енергетски ефикасна градинка заштедува околу 140 илјади денари годишно

Објавено пред

На годишно ниво, заштедите на електрична енергија на енергетски ефикасна градинка одат до 140 илјади денари, средства кои остануваат за градинката, за унапредување на условите за грижа и воспитување на децата, истакна премиерот Зоран Заев на денешната посета во градинката „Мајски цвет“ каде заедно со министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, градоначалникот на Карпош Стефан Богоев и пратеничката во Собранието, Марија Георгиевска направија увид на инсталираната опрема за фотоволтаици и фотонапонски систем.

Посетата по повод Светскиот ден на енергетска ефикасност беше токму во градинката „Мајски цвет“ која освен што како новоизградена ги исполнува сите услови за згрижување на децата од предучилишна возраст, е целосно енергетски ефикасен објект.

„Паралелно со доградувањето, проектот ги следеше сите критериуми за енергетска ефикасност и за енергетска само-одржливост и денеска оваа градинка си ја произведува струјата за сопствените потреби преку фотонапонски панели кои обезбедуваат во секој момент 3,2 киловати електрична енергија и 300 литри топла вода. Вишокот струја преку двосмерно броило се пренасочува кон мрежата на ЕВН, а хибридните колектори заменуваат 4 стари, енергетски неефикасни бојлери“, рече премиерот Заев и додаде дека е проширен капацитетот на градинката за уште 95 деца со дополнителни 150 метри квадратни.

Тој нагласи дека досега се конвертирале и изградиле повеќе од 100 енергетски ефикасни објекти кои носат финансиски бенефит и подобра животна средина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Бугарија дозволи итна екстрадиција на Игор Спасов во Македонија

Објавено пред

Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на поранешниот специјалец Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.

„По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.2.2021 година Градскиот суд во Софија донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата“, соопшти Министерството.

Барањето за екстрадиција беше испратено на 10 февруари.

Бугарската полиција на 1 февруари го приведе Спасов во Софија откако по него беше распишана меѓународна потерница пред повеќе од една година, поточно на 28 октомври 2019 година.

Тој е осуден на казна затвор 14 години за убиството на Мартин Нешковски, а кое се случи вечерта по прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на парламентарните избори во 2011 година.

Казната затвор ја издржува од 2011 година, а му беше ставена во прекин во 2018 година поради здравствени проблеми. Потоа тој избега. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври 2019 година. По него имаше распишно потерница на територијата на државата, но кога истражните органи не го пронајдоа и немаа никаква дојава за него, на крајот на октомври 2019 година МВР распиша меѓународна потерница по него.

По неговото бегство, кружеа шпекулации дека тој е во Турција, но и дека во акцијата се вмешани полициски службеници. Јавното обвинителство во Штип во 2019 отвори и истрага за да утврди кој сè е вмешан, но и како Спасов успеал да ја напушти државата.

Прикажи повеќе...

Македонија

Маричиќ потпиша правилник за зголемување на платите на судската полиција

Објавено пред

Министерот за правда, Бојан Маричиќ, во присуство на претставниците на УПОЗ и Независниот синдикат на судската полиција, го потпиша правилникот за зголемување на платите на судската полиција.

Со ова, велат од Министерството, се решава долгогодишниот проблем на овие службеници, кои бараа зголемување на платите, а потпишувањето на правилникот е резултат на повеќемесечните преговори.

Со него се предвидува процентуално зголемување на платата во зависност од тоа во кој суд работат службениците. Зголемувањата изнесуваат од 8 до 18 %. Најголемо зголемување добиваат Основниот кривичен и Основниот граѓански суд во Скопје.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Бугарија дозволи итна екстрадиција на Игор Спасов во Македонија

Бугарските органи позитивно одговорија на барањето за екстрадиција на поранешниот специјалец Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин...

Македонија2 часа

Руската вакцина ќе пристигне во Македонија оваа недела

Премиерот Зоран Заев соопшти дека, најверојатно, првите 3.000 вакцини „спутник в“ ќе пристигнат во земјата в недела. „Еве, јас знам...

Македонија2 часа

Медицинска сестра од Ортопедија за операција барала 300 евра, бонбониера и пијалак, во полиција ја пријавиле доктори

Медицинска сестра од Клиниката за ортопедија е обвинета дека за операција барала и добила 300 евра, бонбониера и пијалак. Во...

Македонија3 часа

Засилени инспекции во Маврово: голем број хотели директно ги испуштаат отпадните води во езерото

По претставка на граѓани, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖЗС) врши интензивен надзор врз правни субјекти на територијата на Националниот...

Топ4 часа

Прекината свадба во Тетово, притворен сопственикот на угостителскиот објект

Полицијата вчера прекинала свадба со 110 гости угостителски објект во Тетово. Приведен е сопственикот на угостителскиот објект. „По претходна пријава,...

Топ4 часа

Познат идентитетот на убиените во Топанско Поле

МВР со детали за пукањето ноќеска во скопската населба Топанско Поле. Како што се наведува, убиени се лицата А. Б....

Регион5 часа

„Блиц“: Колапс на системот во Врање – преполни болници, а Македонците стигнаа на шопинг

Епидемиолошката состојба во српскиот град Врање е вонредна и исклучително тешка, предупредуваат експертите во земјата. Покрај наглото зголемување на бројот...

Европа5 часа

Молдавија прва во Европа доби вакцини преку „Ковакс“

Молдавија е прва европска земја што доби вакцини против коронавирусот од глобалната програма „Ковакс“, објави претседателката Маја Санду. Таа на...

Свет5 часа

(Видео) Во зоолошка во Сан Диего вакцинирани мајмуни против коронавирусот

Девет мајмуни во зоолошката градина во Сан Диего – четири орангутани и пет бонобо – се вакцинирани против Ковид-19, со...

Македонија5 часа

Ноќеска пукање во Топанско Поле, мртви две лица

Двајцата убиени, во кои ноќеска беше пукано, се од Скопје, на возраст од 24 и 28 години, велат од МВР...

Регион6 часа

Словенија ги заострува условите за влез во земјата поради новите видови коронавирус

Поради опасност од внесување нови варијанти на коронавирусот, Словенија ќе спроведе засилен надзор и ќе ги заостри условите за влез...

Свет6 часа

Папата ја почна историската посета на Ирак

Папата Франциско, утрово, на аеродромот во Рим полета со авион во историска посета на Ирак, пренесоа агенциите. Како што се...

Европа7 часа

Австралија бара од ЕК да ја преиспита одлуката за блокирање на вакцините од „Астра зенека“

Австралија бара од Европската комисија да ја преиспита одлуката за блокирање на испораката на вакцините на „Астра зенека“ во таа...

Свет7 часа

Во Мексико убиени над 60 политичари пред изборите во земјата

Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико. Се претпоставува дека тоа има некаква врска со парламентарните...

Свет19 часа

90 проценти од Израелците примиле барем една доза вакцина или го прележале коронавирусот

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, денес објави дека Израел, Австрија и Данска ќе формираат заедничка основа за истражување, развој и...

Македонија19 часа

Нов силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија. Според...

Свет21 час

Путин: Руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот

Претседателот на Русија, Владимир Путин, рече дека руските вакцини против коронавирусот се најбезбедни и најефикасни во светот. Путин на состанокот...

Свет23 часа

Земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Нов Зеланд, издадено предупредување за цунами

Силен земјотрес го погоди Нов Зеланд. Според првичните проценки на emsc-csem.org, земјотресот бил со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата...

Македонија1 ден

Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија1 ден

„Фајзер-Бионтек“ ќе ни достави вкупно 800.280 вакцини, овој месец ќе пристигнат првите 21.000

Компанијата „Фајзер-Бионтек“ во 2021 година на Северна Македонија ќе ѝ испорача 800.280 дози вакцини, а испораката ќе се одвива во...

Досие