Македонија
(Видео) Мециновиќ: Добро е да се донесе нов програмски совет во МРТ и да не се повторат потрошените 3 милиони евра за приватни копродукции

Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ, во своето излагање на собраниската седница во однос на изборот на протрамски совет во МРТ истакна дека е добро да се донесе нов програмски совет затоа што овој директор има 14 години мандат на таа позиција, а програмскиот совет има 13 години мандат и дека се тоа фараонски мандати.
„Кој мандат во Република Македонија трае толку и кој мандат има толкава моќ во однос на временската рамка во која трае? Поради тоа, ја поздравуваме насоката во промена на програмскиот совет, иако се сомневаме дека многу работи ќе се сменат, но мора да се почне од некаде, да прекине фараонското владеење на овие луѓе во јавниот сервис, кој треба да биде во полза на јавниот интерес“, апелира пратеникот Мециновиќ.
„Кога Собранието влезе во процедура на избирање програмскиот совет, на програмскиот совет баш тогаш му текна да разгледува точка за распишување конкурс за надзорен одбор. На 14 март распишале конкурс за надзорен одбор, но не и конкурс за генерален директор, што нам ни покажува дека има директен интерес за покривање на последните денови на оваа констелација од програмскиот совет“, обзнани тој.
„Работите се драматични. Според записник од седница на програмскиот совет, одржана на 25 март 2025 година, потенцирана е законската обврска на јавниот сервис да се емитуваат 10 % содржини од приватни продукции, но според самиот записник, член на програмскиот совет вели дека место на 10 %, копродукциските содржини се на 80 %. Копродукција до копродукција. Образовната програма на МТВ, по 60 години, е убиена. Зошто, на пример, нашиот јавен сервис да има копродукција за ‘Метео’“, праша пратеникот.
„Овде јавниот сервис ни го имаат окупирано приватни продукции! Има емисии што се емитуваат на нашиот јавен сервис за кои тој обезбедува простор, камери, вработени на платен список на МТВ, кои ги снимаат тие емисии во работно време, ама затоа што е во копродукција, тоа не е во сопственост на МТВ и МТВ понатаму му ги откупува правата за програмата што тие ја создаваат! Тоа е вулгарен криминал! Неверојатни 3 милиони евра се потрошени со една копродукциска куќа“, истакна Мециновиќ во своето излагање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Богородица се чека околу 30 минути на македонска страна

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Богородица задржувањето од македонска страна е околу 30 минути. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Аеродром и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците во околината на објектот ЕКВИЛИБРИУМ на улица Руди Чајевац, општина Аеродром;
· од 09:00 до 16:00 часот, корисниците од дел од улица Ванчо Мицков, општина Карпош;
· од 10:30 до 14:00 часот, корисниците од дел од улица Кнез Трпимир и населбата Трнодол, општина Карпош.
Македонија
Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме со услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Од понеделник ќе продолжи период на стабилно, претежно сончево и топло време со пораст на температурите.