Контакт

Македонија

(Видео) Мечка со две младенчиња прошета пред планинари на Шара, во следните 2 години ќе учат од мајката како да преживуваат

Објавено пред

Националниот парк „Шар Планина“ објави снимка направена од планинари, кои на високите планински пасишта наидоа на кафеава мечка со две мечиња родени на почетокот на 2025 година. Сцената, иако кратка, открива многу за однесувањето на овој строго заштитен вид.

Во видеото малечките љубопитно ја набљудуваат околината, но веднаш се оддалечуваат – типично однесување за мечките, кои природно ги избегнуваат луѓето. Од Националниот парк објаснуваат дека младенчињата во следните две години ќе учат од својата мајка како да преживуваат и да се приспособуваат во дивината.

Зошто мечките се појавуваат почесто оваа година?

Од паркот велат дека жителите на шарпланинските села имале повеќе средби со мечки од вообичаено. Причината, според нив, најверојатно е лесно достапната храна околу дивите депонии и вознемирувањето од моторни возила во внатрешноста на планината. Мечките не „спијат зимски сон“ целосно – туку паѓаат во длабок мир од кој можат да се разбудат и да го напуштат леглото доколку се вознемират или ако времето е невообичаено топло.

Како да избегнете средба?

Зборувајте погласно, пејте или правете шум при движење.  Избегнувајте густи грмушки. Не оставајте храна или отпад зад себе.

Селфи со мечка? Не се обидувајте да фотографирате мечка. Привлекувањето мечка е опасно и има контраефект!

Што да направите ако видите мечка?

Застанете мирно. Со смирен, гласен говор направете да ве забележи. Не трчајте! Трчањето може да предизвика реакции на потера. Полека движете се настрана, без нагли движења. Обидете се да изгледате поголеми: исправете се, кренете ги рацете. Разговарајте смирено за мечката да препознае дека сте човек. Ако имате спреј за мечки, користете го само ако мечката се приближува премногу.  А ако видите младенче? Секогаш има мајка во близина — повлечете се полека и смирено. Ако мечката се подигне? Тоа не е напад! Само се обидува да добие подобар поглед или мирис.

Што ако дојде до напад?

Легнете на земја, со рацете зад вратот. Престанете да се движите и симулирајте неподвижност. Почекајте мечката да се оддалечи.

Опрема за поголема безбедност: Спреј за мечки – ефикасен на далечина до околу 8 метри. Ѕвонче за мечки – дава рано предупредување и ја спречува блиска средба.

Кафеавата мечка е вреден, редок и строго заштитен вид на Шар Планина. Да ја почитуваме, да и оставиме простор и да придонесеме сите за безбедноста и на природата и на луѓето.  Шар Планина е дом – да ја чуваме заедно, порачаа од Националниот парк.

Најново

Македонија7 минути

За еден ден приведени 17 возачи, МВР со апел да се почитуваат правилата

Во текот на изминатото деноноќие, на територијата на целата држава, полициските службеници констатирале 19 кривични дела „безобѕирно управување со моторно...

Македонија11 минути

(Видео) Димитријевиќ: Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство

Вистината за Алта банка е на виделина, на потег е јавното обвинителство, вели Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на...

Македонија17 минути

(Видео) Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се слеваа 110 милиони евра во Еуростандард, обвини Бране Петрушевски,...

Спорт43 минути

(Видео) Кари го реши Орландо и урна рекорд на Леброн

Ноќта во НБА лигата беше обележана со новиот рекорд на Стеф Кари, доминантната игра на Виктор Вембањама и големата победа...

Црна хроника48 минути

Уапсени двајца велешани, пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага

Полицијата уапси двајца велешани, а при претреси се пронајдени марихуана, таблети и дигитална вага. На 06.11.2026 година, во 22:30 часот,...

Македонија50 минути

Левица: Додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија има околу 560 полицајци на 100.000 жители, наспроти европскиот просек од приближно 340, а сепак сме на третото место...

Македонија53 минути

ЛДП: Македонија заслужува во ЕУ сега, светските либерали изгласаа резолуција за итна европска интеграција

Забрзана интеграција на Македонија во Европската Унија и итен пристап до европскиот пазар и фондовите на Унијата се бара во...

Спорт59 минути

(Видео) Бањаја нема да ја вози Големата награда на Катар

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, претрпе две скршеници на стапалото во инцидентот што се случи за време на спринтот на...

Спорт1 час

Тенисерката број еден во светот го откажа настапот на Завршниот мастерс

Елена Рибакина, тенисерка број еден во светот, го откажа својот настап на Завршниот Мастерс, финалниот турнир на осумте најдобри тенисерки...