Контакт

Македонија

(Видео) Миланов: Ако истрагите ги преземе друго обвинителство, бомбите не смеат да бидат доказ

Објавено пред

Адвокатот Еленко Миланов, по чија претставка одлучуваше Врховниот суд во однос на отворањето нови истраги и обвиненија од страна на СЈО, изјави дека нелегално прислушуваните разговори не смеат да бидат користени како доказ доколку истрагите бидат преземени од страна на друго обвинителство.

„Разговорите како доказ исклучиво беа внесени преку СЈО и овие бомби не можат да бидат користени од страна на ниту едно друго обвинителство доколку предметите и истрагите бидат преземени“, рече Миланов по одлуката на Врховниот суд СЈО да не може да отвора истраги и да поднесува нови обвиненија по рокот од 18 месеци.

По донесената одлука на Врховниот суд, се постави прашањето дали ќе опстане обвинението за случајот „Талир“ за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ со оглед на тоа дека истрагата е започната пред 18 месеци, но обвинението е поднесено по изминувањето на рокот. Ставот на Миланов е дека обвинението не треба да биде прифатено токму поради тоа што обвинението е поднесено по истекувањето на 18 месеци од добивањето на незаконски прислушуваните материјали.

„Тоа што истрагата е отворена пред рокот значи дека тие знаеле и постапувале, не успеале да ја завршат истрагата и одредбата од членот 22 е јасна и децидна- не можат да поднесат обвинение, а така стои во известувањето на Врховниот суд. Оваа одлука важи за случајот ‘Талир 2’, веројатно би требало да важи и за ‘Талир 1’ со тоа што тука е малку проблематично бидејќи треба да се најде правниот основ по кој, во оваа фаза кога е потврдено обвинение кое е донесено од неовластен тужител, не би смеело да продолжи. Сепак, треба да се провери правниот пропис, кој и во која фаза треба да го запре случајот“, вели Миланов.

Во однос на преземањето на предметите од страна на редовното обвинителство, Миланов смета дека е дискутабилно бидејќи за сите дејствија на СЈО по протекот на рокот од 18 месеци не би можеле да се користат докази прибавени на тој начин.

„Специјалното јавно обвинителство согласно законот со кој е основано има овластување да продолжи да ги води сите постапки во кои има поднесено обвиненија заклучно со 30.06. или моментот кога презеле дејствија. Но, тука се појаува уште еден проблем. Во соопштението на Врховен се вели дека се бара кумулативен услов исполнување на 18 месеци од моментот на преземање на материјалите како нелегални разговори и моментот на преземање на предметите. Мора да се види дали обвинението е поднесено во рок од 18 месеци од преземањето на предметот. Во едниот дел мислењето вели преземање материјали и предмети како кумулативен услов, што значи дека и двата услова треба да бидат исполнети пред истекот на рокот од 18 месеци“, вели Миланов.

Врховниот суд одржа oпшта седница зад затворени врати на која донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство може да поведе обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на бомбите и дека СЈО не е овластен тужител за преземање истраги и предистражни постапки.

Со оваа одлука паднаа истрагите што ги отвори СЈО за видни функционери од поранешната власт, меѓу кои бегалецот Никола Груевски, ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, ексминистрите Никола Тодоров, Миле Јанакиески и Антонијо Милошоски, ексградоначалникот на општина Карпош, Стевче Јакимовски, како и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и вицепремиерот Бујар Османи, бизнисменот Орце Камчев, ексдиректорот на „Телеком“, Жарко Луковски, експратеничката Силвана Бонева и десетици други лица.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту Наќе Чулев, ниту кој било од нашите технички министри не заминува од владата

Објавено пред

Лажните вести во врска со оставките на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ кои произлегуваат од кујната на СДСМ се резултат на очај и страв од огромен пораз, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Тоа што Заев пушта лажни вести значи дека криминалците се плашат од Чулев и дека власта сака да ја сокрие вистината за ‘Рекет’. Најпрвин блиски медиуми до кујната за лажни вести на СДСМ каде што уредник е еден поранешен новинар од рекетарската телевизија на СДСМ, објави лажна вест дека министерот Наќе Чулев ќе даде оставка, за веднаш потоа друг близок медиум до СДСМ да ја надгради истата вест дека сите технички министри ќе си дадат оставки.

Уште еднаш потенцираме дека се работи за лажна вест и апелираме до граѓаните дека очајот на СДСМ ќе продуцира уште многу вакви лажни вести во наредниот период.

Очигледно е дека во редовите на СДСМ владее натпревар кој медиум поголема лажна вест ќе објави, за да се обидат да дефокусираат од реалните скандали и проблеми кои се случуваат во Владата на СДСМ, како и за целата инволвираност на Заеви во случајот ‘Рекет’.

Ниту СДСМ, ниту криминалците кои се во коалиција со СДСМ нема да ја имаат таа среќа ниту Наќе Чулев, ниту кој било од техничките министри да си дадат оставка.

Заев и сите околу него ќе одговараат за целата инволвираност во случајот ‘Рекет’, каде јасно се гледа од судските докази дека Зоран и Вице Заеви се гледале со Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Ниту една лажна вест нема да може да дефокусира од реалните скандали кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги објавува од утре, па во наредниот период поврзани со работата на функционерите на СДСМ“, се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Од утре дожд и снег низ цела држава

Објавено пред

Утре кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и в четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе падне.

Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време, а пораст на дневната температура се очекува од недела.

Прикажи повеќе...

Македонија

Петровска: Набавката на чизмите не ја направил Спасовски туку Ѓоко Поповски

Објавено пред

Дополнителната заменик-министерка на МВР, Славјанка Петровска, се јави со реакција по обвинувањата на министерот Наќе Чулев за набавката на 3 илјади рала високи специјални чизми за полиција. Таа изјави дека таа набавка била водена од поранешниот помошник-министер Ѓоко Поповски, кој е осуден на затворска казна за случајот со „мерцедесот“ на Груевски.

„ДПМНЕ повторно си го покажува своето вистинско лице низ нивниот вообичаен манир – за сопствените пропусти, грешки и злоупотреби да обвинува друг. Во таа насока е и последната прес-конференција на техничкиот министер Чулев, кој обвини за набавката на 3.000 рала високи специјални чизми за полиција, се вели во реакцијата на МВР.

Чулев во обид да обвини за наводен криминал, прочита текст во кој намерно беа скриени реални факти. Министерството за внатрешни работи е должно да ги прибере сите потребни информации за одреден настан и за тоа да ја информира јавноста во целост, прецизно, квалитетно и навремено. Во тој контекст, ве информирам за следното:

Постапката за спроведување на оваа набавка била водена од поранешниот помошник-министер Ѓоко Поповски. Во истиот тој период била донесена одлука за спроведување јавна набавка на 3.000 полициски чизми во вредност од 15 милиони денари, бил објавен оглас за неа, била донесена одлука за избор на најповолен понудувач од трите доспеани понуди и на 17.04.2016 бил склучен договор за набавка со избраниот понудувач. Со тој договор МВР прифати права и обврски кои произлегуваат од него.

Согласно процедурата, понудувачите во јавната набавка имале обврска да достават мостра од чизми и сертификат за исполнување на техничките спецификации од набавката. Сите три понудувачи доставиле сертификати за понудените мостри, но само сертификатот на едниот понудувач целосно ги исполнувал условите од техничката спецификација, по што неговата понуда била земена предвид при евалуација во понатамошната постапка, а другите две понуди ги отфрлила како неприфатливи, по што бил и склучен договорот за набавка на стоки.

Потоа, согласно договорот, пред испорака на стоката, МВР го искористило правото да изврши дополнителна проверка на квалитетот со правење анализа на случајно избран примерок во независна овластена институција за контрола на квалитетот. Таква анализа е направена во Макконтрол Скопје и утврдено е дека има одредени недостатоци во поглед на бараната техничка спецификација. Поради несогласување со наодите од анализата, носителот на набавката на сопствен трошок направил нова анализа во независна лабораторија во Р нСрбија и согласно сертификатот од оваа лабораторија е констатирано дека постои само една ставка која отстапува за 7% од техничката спецификација, што не влијае врз квалитетот на производот.

Бидејќи во тој временски период истекувал и рокот за испорака, како и важноста на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот, не е продолжен ни рокот за испорака, ни важноста на банкарската гаранција. За цело тоа време стоките остануваат во магацините ангажирани од страна на носителот на набавката, без насоки од страна на договорниот орган во смисла на раскинување на договорот и враќање на стоките или барање решение за корекција на квалитетот на спорните карактеристики на чизмите.

На 14.02.2017 и 20.03.2017 година носителот на набавката повторно писмено се обратил до МВР со барање за разрешување на статусот на склучениот договор, како и постапување со стоките – високи специјални чизми наменети за припадниците на МВР, но од страна на МВР не добил ниту одговор, ниту стоките биле примени. Притоа, во целиот овој период Ѓоко Поповски е сè уште помошник-министер за јавни набавки.

Кое раководство молчело, господине Чулев? Партиските војници под чија диригентска палка потфрлиле? Секако, не на Спасовски!
Тогашниот министер Спасовски беше доведен во ситуација да изнајде разрешница на овој гордиев јазол сплеткан од вашата партија. Притоа, имаше две можни опции:
1.Да го раскине договорот и притоа, да плати судски трошоци, трошоците на понудувачот кон банката од која зел кредит во износ од 14, 8 милиони, трошоците за чување на 3.000 рала чизми во некој изнајмен магацин и сите камати во износ од 2,6 милиони денари.
2.Да го земе предвид сертификатот кој понудувачот го доставил дека во целост ги исполнува бараните елементи од техничката спецификација на МВР, да изврши избор и покрај занемарливите недостатоци во поглед на квалитет и по 11 години, на полициските службеници да им обезбеди чизми, односно да ја прекине суровата традиција сами да си купуваат облека за извршување работни задачи.

За каква злоупотреба зборувате, г. Чулев?! Тогашниот министер Спасовски ја донел единствената можна и законска одлука, со што ги елиминирал сите непринципиелни и непрофеиоснални игри на МВР во односот кон економските оператори и го заштитил министерството и државата од ситуација во која ќе отплаќа милионски суми за казни поради незаконското работење на партиските војници на ДПМНЕ во МВР и воедно да го почне процесот на подигање на стандардот и подобрување на социоекономската положба на полициските службеници.

Господине Чулев, секој носител на јавна функција треба да биде свесен за сопствената лична и политичка одговорност за начинот на кој ја извршува функцијата. Помина времето на непрофесионализам, лажни вести, делумни информации и злоупотреби во министерството. Вие како технички министер имате обврски пред сите граѓани, а не само пред вашите ментори во политичката партија која му нанесе огромни штети на министерството, за што веќе има и правосилни пресуди.

Во интерес на вистината и соочување со аргументите, а со цел граѓаните да бидат запознаени со реалноста, го охрабрувам министерот Чулев да ја прифати поканата за ТВ-дуел, која ни беше упатена на двајцата. На тоа соочување ќе ги отвориме сите прашања кои му се нејасни, и за кои нецелосно и неточно ја информира јавноста“, се наведува во реакцијата на Петровска.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион9 часа

Србинка почина од свински грип во Бахреин

Дваесет и шестгодишна државјанка на Србија починала од свински грип ( H1N1), по тринеделно лекување во болница во Бахреин. Амбасадата...

Свет9 часа

Деветиот најбогат човек на светот се вклучува во трката за претседател на САД

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг утре ќе учествува во неговата прва телевизиска дебата во кампањата за претседател, соопшти неговиот тим. Директорот...

Македонија13 часа

Ѓонул Бајрактар ќе ја замени Рашела Мизрахи

Ѓонул Бајрактар, кој пред формирањето на техничката Влада беше заменик-министер за труд и социјална политика, ги презема овластувањата и одговорностите во...

Македонија14 часа

Брисел го потврди ставот дека преговори со Северна Македонија и Албанија треба да има пред самитот во Загреб

Европската комисија (ЕК) го повтори ставот дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат што е можно...

Македонија14 часа

(Видео) Поради недостиг на обрасци, можно е МВР да забрани поднесување барања за пасоши

Во Министерството за внатрешни работи размислуваат да забранат поднесување барања за пасоши поради недостигот од обрасци за кој техничкиот министер...

Регион14 часа

Милановиќ даде заклетва – ќе ја обединува Хрватска и ќе гради добри односи со соседите

Зоран Милановиќ денеска напладне и официјално стана новиот, петти по ред, претседател на Хрватска по давањето на свечената заклетва и...

Свет15 часа

Објавен таен документ на холандските разузнавачи за падот на малезискиот авион во Украина

Во јавноста е објавен таен документ од холандската разузнавачка служба за истрагата на падот на малезискиот авион на летот „МХ17“,...

Македонија16 часа

(Видео) Чулев: Спасовски набавил полициски чизми што не ги задоволувале критериумите за квалитет

Поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, одобрил набавка на 3.000 чифта полициски чизми што не исполнувале четири од предвидените...

Македонија16 часа

Мицкоски пак го кани Заев на ТВ-дуел за да ги соочат аргументите

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повторно го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на ТВ-дуел за да ги соочат...

Македонија17 часа

(Видео) Судот ја исклучи јавноста од судењето за „Рекет“, Јовановски и Јанева беа против

Обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева се побунија на барањето од обвинителката Вилма Русковска јавноста да не ги слуша снимките...

Регион18 часа

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март. „На почетокот на...

Свет20 часа

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото...

Регион20 часа

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот...

Економија20 часа

Поскапеа цените на горивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати...

Свет20 часа

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на...

Македонија1 ден

Николоски: Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се среќава со Заев

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ,Александар Николоски, вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Судии, обвинители, поротници – ослободете се, ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ не ви можат ништо

„Сите предмети ќе имаат правна разрешница врз основа на фер и траспарентни постапки. На обвинетите ќе им се суди врз...

Македонија1 ден

(Видео) Спасовски – Лајен: Напредoкот на Северна Македонија е импресивен и ги исполни високите очекувања

Техничкиот премиер Оливер Спасовски во рамките на програмата за учество на донаторската конференција „Заедно за Албанија“, што ја организира Европската...

Македонија2 дена

Јанева пред апсењето одела во СЈО, салони за убавина и адвокатски канцеларии

Во кривичниот суд на судењето за случајот „Рекет“ беше презентиран извештајот за тоа каде се се движела ексшефицата на СЈО...

Топ2 дена

Пронајдено безживотно машко тело на Шар Планина

Планинар од тетовско планинарско друштво, кој се движел на тој терен со група планинари, пријавил дека над тетовското с. Вејце,...

Досие