Македонија
(Видео) Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ почнува со собирање граѓански потписи за фер попис
Станува јасно дека власта предводена од Заев наместо статистичка во пописот гледа политичка операција што е коалиционен договор и е надвор од стандардите на Европската Унија, изјави на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски.
„Власта го политизира пописот по два основа. Прво, самите претставници на власта почнаа со лицитирање на проценти кој и колкав процент треба да биде за пописот да биде признаен или непризнаен и второ, власта видовме дека по директива на Заев ја одби и граѓанската иницијатива на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за поништување на овој неевропски Закон за попис. Со тоа власта на Заев покажува дека се плаши од граѓански потписи бидејќи Заев и неговите министри се многу свесни дека големото мнозинство на граѓани во Македонија се сомнева дека овој попис ќе биде политички фалсификат наместо да биде веродостојна статистика. Во спротивно ќе прифатеа граѓаните на регуларен начин преку Министерството за правда да ги соберат потписите за спротивставување на ваквиот закон“, рече Милошоски.
Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај ваквите институционални пречки ќе ја почне иницијативата на собирање потписи од сите граѓани, една натпартиска иницијатива каде што ќе може да се потпише секој оној граѓанин којшто се залага за фер, европски и веродостоен попис во Македонија.
Милошоски рече дека дополнително ќе ги соопштат пунктовите и местата каде што секој граѓанин ќе може да го даде својот потпис и тие потписи заедно со иницијативата на пратениците, како што нагласи, ќе значат една сериозна, легитимна операција, проект што ќе биде доставен до Собранието со сериозна граѓанска тежина преку којашто ќе се утврди дека власта има сериозна опозиција кај самите граѓани коишто не ѝ веруваат на власта дека е спремна да спроведе статистички и европски попис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кирков: Скопје е под закана за целосна блокада, Арсовска да се разбуди од сонот во кој градот функционира
Данела Арсовска продолжува со своето скандалозно однесување не соодветно на позицијата која ја има. Неодговорноста и лошото менаџирање на Данела Арсовска во Скопје, повторно излегува на виделина. Се потврдува дека Арсовска е кума на хаосот во градот Скопје, вели Стефан Кирков, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.
Арсовска, додава тој, сеуште не поднесе буџет за 2025 година во законски предвидениот рок, поточно 10 декември како што велат правните норми со што го става под знак прашање целосно функционирањето на градот Скопје.
„Според календарот, рокот во кој градоначалникот доставува предлог буџет до Советот на Град Скопје е најдоцна 10 декември. Факт е дека тој рок истече, а Данела Арсовска сеуште спие. Ова до сега се нема случено во историјата на град Скопје и ова не одговорно однесување на Арсовска го блокира нормалното функционирање на градот. Арсовска продолжува со обвинувањата кон секој и сешто, и сите останати и се виновни додека таа се занимава со се и сешто, но не само со тоа што и е нејзина работа. Коалицијата Арсовска-ДУИ-Левица продолжува со црни и штетни сценарија поради нивни лукративни причини, а штетните последици од не донесувањето на буџетот ќе ги сносат граѓаните“, нагласува Кирков.
Доколку не се донесе буџетот, според него, следната година Град Скопје ќе биде блокиран и нема да можат да функционираат јавните претпријатија и установите во Град Скопје. Клучните претпријатија за градот како Комунална хигиена, ЈСП, Водовод, Градски паркинг, Дрисла, Паркови и Зеленило, Улици и Патишта ќе бидат блокирани што во целост ќе се закочи цел град, а за тоа Арсовска мора да е свесна и мора да преземе одговорност.
Советничка група на ВМРО – ДПМНЕ ја повикува Данела Арсовска да се освести и веднаш да пристапи кон решавање на овој проблем.
Граѓаните на Скопје, опценува тој, не се виновни за хаосот што го прави Арсовска и Скопје не смее да биде заложник на Арсовска и коалицијата СДС-ДУИ-Левица.
Македонија
Кина донира сензорни соби за деца и лица со попреченост
Министерството за социјална политика, демографија и млади и Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, претставувани од министерот Фатмир Лимани и амбасадорот Су Леј, денеска потпишаа договор за донација.
Со договорот Република Кина во духот на почитување на општествената одговорност и со цел остварување, унапредување и поддршка на дејности од јавен интерес што ги извршува Министерството за социјална политика, демографија и млади донира сензорни соби во вкупна вредност од 1.310.000,00 денари со вклучен ДДВ за деца и лица со попреченост.
Потпишувањето на денешниот договор е уште една потврда за огромната поддршка што Република Кина ѝ ја дава на Северна Македонија и потврда за долгогодишното пријателство што го негуваат двете земји.
Двете страни изразија задоволство од досегашната соработка и поддршка и се согласија дека таа ќе продолжи и понатаму.
Македонија
Најалармантна е состојбата во градот Скопје, ни треба темелна реформа – Ѓорѓиевски за измените на Законот за локалната самоуправа
Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес говореше на седмото Генералното собрание на Заедницата на единиците на локална самоуправа, каде фокусот е ставен на буџетот и акцискиот план на ЗЕЛС за 2025 година, како и врз актуелни теми и предизвици со кои се соочуваат општините во Република Македонија.
-Денес ја одржуваме седмата седница на Генералното собрание, највисокото тело на ЗЕЛС, на која ќе дискутираме за состојбите и сите оние проблеми кои ги надминавме заеднички со моите колеги изминатава тековна година. Ќе се разговара, исто така за плановите и предизвиците во перспектива за наредната година, силен фокус имаме и дел од разговорите ќе бидат насочени околу унгарскиот кредит и повикот кој треба да се случи следната година, односно во месец февруари, но ќе разговараме исто така околу законските пречки со кои што се соочуваме и надминување на истите. Знаете дека, ние како ЗЕЛС уште пред нешто повеќе од една година го инициравме и она што веќе стана многу актуелно последниов период во јавноста, а тоа се измени во Законот за локална самоуправа поврзани околу начинот на престанување на мандатот на градоначалниците, но и за одредени законски измени поврзани со експропријацијата кои што ќе треба заеднички да ги направиме во координација со Министерството за транспорт и врски. Така што, се на се, како и на секое Генерално собрание денес ќе ги утврдиме состојбите со кои се соочуваме, но ќе ги утврдиме и перспективите и она што ќе ни биде силен и главен фокус за наредната година-изјави Ѓорѓиевски.
На новинарско прашање околу тоа до каде се измените на Законот за локална самоуправа и дали доколку се донесе Законот до крајот на овие мандати сега, ќе се бара отповикување на некои градоначалници и кои би биле тие, Ѓорѓиевски информираше:
– Има работни групи кои интензивно работат на оваа проблематика и надминување на проблемот кој што сега постои согласно законските регулативи, а беа поттикнати, истите како иницијатива од наша страна, поради состојбите пред се’ во градот Скопје. Во тој дел работат работните групи и ќе треба да се случи, нормално работната група од ЗЕЛС да работи во наредниот период со Министерството за локална самоуправа, но треба да ја вклучиме во целиот процес и експертската јавност. Не е доволно да направиме решенија како што имало честопати примери во минатото кои ќе бидат на краток рок, туку нам ни треба темелна реформа, која што ќе овозможи измената на законското решение да има ефект и во перспектива, за и оние што ќе дојдат после нас да не се соочуваат со проблем како што се соочуваме ние. Пред се, тоа да биде во интерес на граѓаните бидејќи ние сите сме избрани од нив. Јас сега не би навлегувал да споменувам индивидуалци, тоа најдобро го знаат граѓаните, но најалармантно морам повторно да кажам да не го сфати лично госпоѓата Арсовска, најалармантна е состојбата во градот Скопје. И тоа беше првата причина која што не наведе нас на дискусија, од која произлезе и овој предлог на ЗЕЛС. Ние сме апсолутно свесни дека со тоа моќта на градоначалниците повторно се враќа во рацете на граѓаните и така треба да функционира овој систем, затоа што ние сега како градоначалници во многу општини се соочуваме со состојба каде што решаваме, во 21 век, подземна инфраструктура. Тоа се проблеми кои требало многу одамна некој други пред нас да ги решат, дали е тоа за Кисела Вода, Валандово, дали е за Берово, за Пехчево, Скопје – за каде и да е, тоа се проблеми кои што некој не ги решил во минатото. Зошто не ги решил? Затоа што сите градоначалници, вклучувајќи не и нас, сега знаеме дека граѓаните се најголемиот суверен, но ја даваат поддршката и не може некој да ве отповика од истото доколку не функционира општината и не работите во интерес на граѓаните. На овој начин, градоначалникот кога ќе влезе во просториите на општината, ќе знае дека како што ја добил поддршката од граѓаните, ќе може истите тие и многу порано од истекот на мандатот, да му го одземат мандатот. И тоа е единствен правилен начин да имаме функционални локални самоуправи и градоначалници кои исклучиво ќе бидат водени од интересот на граѓаните-истакна Ѓорѓиевски.
Прашан за воведувањето на комунална полиција, тој кажа дека очекува скоро формирање на комунална полиција и дека ќе се бара зголемување на казните за загадувачите.
-Што се однесува до комуналната полиција, веќе има изготвено предлог – текст на Закон, односно измени за истиот. Ние веќе имавме веќе средба со министерот Тошковски, а утре имам повторно координативен состанок со него, на кој, меѓу останатите точки ќе го разгледаме и ова прашање и верувам дека и тоа законско решение ќе биде донесено во скора иднина. Сакам да споменам дека инициравме промена на глобите коишто во моментов се минимални и изнесуваат од 50тина до 200 евра. Ние бараме минималната глоба, особено за оние создавачи на диви депонии, да биде од 4000 до 6000 евра и да постои можност службите од општината да го запленат и возилото па подоцна тоа да биде предадено на МВР, затоа што за жал поради 1, 2 или 5 проценти од нашето население кое се однесува несовесно, ние се доведуваме во состојба да страда целата населба, целата општина, дури и целата држава да има проблеми. Така што верувам дека и за овој дел ќе имаме апсолутна поддршка да ги направиме измените-изјави Ѓорѓиевски.