Контакт

Македонија

(Видео) Милошоски со транспарент го блокира говорот на јавниот обвинител Јовески

Објавено пред

Господине Јовески, до кога ќе го криете писмото со кое притворената Катица ви даде незаконска наредба, со овој транспарент пратеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Антонијо Милошоски се обидоа да го блокираат говорот на јавниот обвинител Љубомир Јовески.

Тие не седеа на местата предвидени за пратеници, туку на местото од каде новинарите ја следеа расправата за законот за јавното обвинотелство. Претседателот на комисијата за политички систем на кратко ја прекина расправата и рече: „Ги молам колегите од ВМРО-ДПМНЕ да се воздржат од овој циркус”.

По ова Милошоски придружуван од пратениците Дафина Стојановска и Горан Манојловски ја напуштија новинарската галерија.

Инаку, пред одржувањето на јавната расправа, еден од условите на опозицијата беше да се одржи таа и да биде присутен Јовески.

Македонија

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Објавено пред

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за сериозни, изјави министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, како одговор на изјавата на бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов дека ќе прати бугарски војници во Македонија за да ги отстранат спомен плочите на кои Бугарија се нарекува фашистички окупатор.

„Бугарија е членка на НАТО, и ние сме членка на НАТО, и ова не е начин на кој комуницираат или треба да комуницираат членки на Алијансата. Ние ќе продолжиме да ги испраќаме истите пораки кои сме ги испраќале минатите години. Нашите граѓани нè плаќаат и очекуваат да им обезбедиме безбедност, а таа безбедност зависи од добрососедските односи“, рече Шеќеринска.

Таа вели дека очекува Бугарија, која беше една од државите од регионот која од самиот почеток ја поддржа нашата независност, но и нашето членство во НАТО и ЕУ, тоа да го прави и сега.

„Пријателските народи, македонскиот и бугарскиот, можат да одат напред само ако се поддржуваат“, рече Шеќеринска.

Прикажи повеќе...

Македонија

Голем помор на риба кај производителите на крап во Тиквешко Езеро

Објавено пред

Голем помор на риби кај производителите на крап, се случува во моментот на Тиквешко Езеро, а почнувајќи од утринските часови во текот на вчерашниот ден вторник 20.10.2020 и се` уште трае.

Во моментот на удар се две помеѓу најголемите компании производители на крап во кафезен систем, „Златен крап“ и “Дошница“.

„ Целото производство од преку 120 тона ни е загрозено. Настојуваме на секаков начин да интервенираме, вклучително и со додавање на вештачки кислород во водата како би ја спречиле оваа катастрофа, но развојот на ситуацијата е се` уште неповолен“, велат од „Златен Крап“.

Забележително е катастрофално ниското ниво на акумулацијата во изминатиот период и нејзиното интензивно празнење, кое трае и во моментот. Измереното ниво на кислород во водата е спуштено на алармантни 2 mg/L (фото).

„ Ова е за повеќе од половина од вообичаено присутниот кислород (4 до 5 mg/L) во нашите води, а кој е неопходен за опстојување и добра кондиција на рибата“ велат засегнатите.

И покрај тоа што позицијата на рибниците е точно над поранешното течение на Црна Река, овој помор до моментот се случува само во овој дел. До сега не е забележан помор на другите рибници, но ризикот секако постои, особено што пред неколку години истиот проблем се појави кај целата акумулација и тогаш беше уништено речиси 60-70% од производството на сите производители.

Со случајот се запознати челниците на Владата и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство. Уште во текот на вчерашниот ден, направен е увид од Ветеринарен инспектор, земени се мостри од водата од страна на ИЈЗ Кавадарци, а однесени се мостри од водата и примероци од угината риба во Агенцијата за Храна и Ветеринарство во Скопје на дополнителни анализи и испитувања. Заедно со овие наоди, случајот ќе биде пријавен и во Министерството за Внатрешни работи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

Објавено пред

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во борбата против коронавирусот, соопшти Северноатлантскиот сојуз.

Македонија е една од трите земји членки од Западен Балкан што ќе добијат ваков вид помош.

„Во текот на октомври и ноември, сојузниците на НАТО, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, ќе добијат десетици респираторни машини и вкупно околу 1,5 милион евра медицински материјали од фондот за одговор на пандемијата. Toa следуваше откако трите земји побараа помош од Евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC) “, се вели во соопштението, објавија подгорички „Вијести“.

На Албанија неодамна и беа доделени 60 респираторни машини кои се наоѓаат во Италија, а кои ќе бидат доставени наскоро.

НАТО формира резерви на медицинска опрема за да може да обезбеди итна поддршка на земјите членки или партнерски земји на кои им е потребна помош.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион51 минута

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет2 часа

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија2 часа

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет3 часа

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија3 часа

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Свет3 часа

(Видео) Трамп напушти интервју зашто новинарката не носела маска

Американскиот претседател Доналд Трамп нагло го прекина интервјуто за емисијата „60 минути“ на „Си-би-ес њуз“ и не се врати на...

Свет4 часа

Коронавирусот ќе остане меѓу човечката популација како грип

Еден од најважните британски научници, Патрик Валанс, изјави дека коронавирусот веројатно ќе стане трајно заболување како грипот, доколку вакцината против...

Македонија4 часа

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на...

Регион15 часа

Рама: Мора да избегнеме затворање на земјата поради Ковид-19 по секоја цена

Во Албанија има 301 случај на новозаболени од коронавирус, а четворица пациенти починаа, соопштија здравствените власти на таа земја. Во...

Свет15 часа

Папата Франциско првпат носеше маска на молитва за мир во светот

Папата Франциско првпат носеше маска за време на вршењето на својата јавна функција кога денес присуствуваше на молитва за мир...

Македонија17 часа

Заев го прифати барањето за разрешување на Димова

Премиерот Зоран Заев ја информира Владата дека го прифатил барањето на заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и...

Македонија17 часа

Угостителските објекти ќе работат до 23 часот

Владата, на денешната 13. седница, ги разгледа и прифати препораките на Комисијата за заразни болести да се ограничи работно време...

Македонија19 часа

408 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 4 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2140 тестирања, а регистрирани се 408 нови случаи на...

Македонија20 часа

Филипче: Мерките за заштита од Kовид-19 мора итно да се донесат

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека мерките за заштита од Kовид-19, кои се во Собранието, мора итно да се...

Македонија22 часа

Собранието не расправаше за новите мерки, опозицијата побара дополнително време за да ги разгледа

На барање на опозицијата, во Собранието денеска не се расправаше за измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението...

Македонија24 часа

Заев: Директорот на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде директор на ЈП „Државни патишта“

Актуелниот директор на Македонска пошта, Ејуп Рустеми од ДУИ, ќе биде назначен за директор на ЈП„Државни патишта“, потврди денеска премиерот...

Македонија1 ден

За една недела 49 лица починале од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека согласно извештајот на Институтот за јавно здравје кој се однесува на периодот од 12 до...

Европа1 ден

Ломбардија воведува полициски час од 22 октомври

Од 22 октомври ќе се воведе полициски час во северната италијанска покраина Ломбардија, која се смета за „локомотива“ на италијанската...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Оваа Влада ќе го негува и унапредува македонскиот јазик

Сè дури постои македонскиот јазик ќе постојат и Македонците, сè додека постојат Македонците ќе постои и македонскиот јазик, изјави премиерот...

Досие