Контакт

Македонија

(Видео) Министерот Адеми и градоначалникот на Охрид на средби со УНЕСКО

Објавено пред

Министерот Едмонд Адеми, во својство на претседател на Националната комисија за УНЕСКО, заедно со градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски, вчера во Париз, Франција, оствари работни средби со УНЕСКО за прогресот во зачувување на природното и културното наследство во Охридскиот Регион.

На средбите со директорката на Центарот за културно наследство, Метчилд Рослер, и со неколку амбасадори на земји членки на Комитетот за светско наследство, беше презентиран и поздравен напредокот остварен по одлуката во Баку во јули.

Во август, во координација помеѓу централната и локалната власт, во Охрид и Струга се донесоа одлуки за мораториум на градба и легализација на бесправно изградени објекти.

Планот за управување со наследството е финализиран. Тој набргу ќе биде отворен за јавна дебата, а ќе биде испратен на увид и до УНЕСКО. Владата во ребалансот на буџетот одвои 50 милиони за санација на колекторскиот систем, со план за дополнителни средства за 2020.

Во делот на соработката со Албанија, како една од препораките, неодамна на средбите во Тирана беше дефинирано и формирање заедничка комисија за управување со Охридскиот Регион.

До испораката на прогрес-извештајот во февруари 2020, УНЕСКО очекува значаен прогрес во исполнување на препораките.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

СДСМ: Новата влада ќе има помал број министри

Објавено пред

СДСМ информира дека започнале сериозни, темелни преговори со претседатели и високи претставници на политички партии кои се дел од новиот собраниски состав, за нов четиригодишен полн мандат на стабилно мнозинство во парламентот и формирање посветена Влада, чија задача ќе биде и да спроведе сериозна реформа на јавната администрација.

„Реформата ќе донесе ефикасно служење на потребите на граѓаните, но и промена со која обемот на администрацијата ќе се намали за 20%. Предвиден е помал број министри и рационализација на јавните служби, кои истовремено ќе обезбедуваат поголем број и побрзи услуги за граѓаните.

Администрацијата мора да им служи, а не да им биде товар на граѓаните и затоа во администрација ќе работат тие што се подготвени да им служат на граѓаните“, информира партијата.

Според нив, дел од реформата на администрацијата е укинувањето на патните трошоци за пратениците во Собранието, бидејќи покажа можност за злоупотреби и сериозно ја намали довербата на граѓаните во своите претставници.

„Граѓаните ни ја дадоа довербата, бидејќи знаат дека во наредните четири години ќе работиме уште повеќе и уште подобро“, се вели во соопштението.

Прикажи повеќе...

Македонија

Скопје доби нов центар за дејствување во услови на епидемии

Објавено пред

Пандемијата на Ковид-19 ја реафирмираше итната потреба од брзи, делотворни и стратешки информации за епидемиите и здравјето, како и потребата од колаборативни механизми што ќе можат да им помогнат на субјектите што работат во полето на јавното здравје во Северна Македонија.

Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје на Северна Македонија го отвораат новиот Центар за дејствување во услови на епидемии и други јавно-здравствени вонредни ситуации во Скопје. Овој центар ќе обезбедува централизирани информации во реално време, следење на состојбите, известување и совети за тоа како да се постапува во случаи на настани и вонредни состојби поврзани со јавното здравје.

Обединувајќи ја на едно место епидемиолошката стручност од Институтот за јавно здравје, Центарот ќе нуди дигитални решенија за еден систем на рано предупредување со цел навремено известување и детектирање на настани поврзани со јавното здравје. Исто така, Центарот ќе ги подобри надзорот и координацијата меѓу епидемиолозите, лабораторискиот кадар и експертите за јавно здравје од десетте центри за јавно здравје и 21 подрачна единица во Северна Македонија.

„Ѝ честитам на Северна Македонија за нејзината посветеност кон јакнењето на капацитетите на јавното здравство за борба со Ковид-19. Овој нов центар е пионерски пример за тоа како СЗО може, во партнерство со националните надлежни органи, да ја зацврстува здравствената сигурност и да собира што повеќе информации релевантни за јавното здравје кои се потребни не само за борба со актуелната пандемија туку и за идните вонредни состојби што може да се случат во годините пред нас”, изјави д-р Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

СЗО помага околу операционализацијата на Центарот, така што обезбедува технички насоки и еден експерт за јавно здравје кој ќе биде составен дел од националниот тим. Оваа поддршка ја овозможи организацијата USAID која обезбеди неповратна помош за оваа намена. Заедничката надворешна евалуација на подготвеноста на Северна Македонија и на нејзиниот капацитет за одговор на здравствени вонредни состојби, спроведена минатата година, препорача основање на еден ваков центар. Центарот ќе придонесе кон изградбата на националниот систем за одговор на здравствени вонредни состојби и кон исполнување на обврските од Меѓународниот здравствен правилник (МЗП, од 2005 година).

На отварање на Центарот министер за здравство на Северна, доц. д-р Венко Филипче, ѝ се заблагодари на СЗО за континуираната поддршка во борбата со Ковид-19.

„Овој центар за дејствување при здравствени вонредни состојби ќе биде од критична важност за подготвеноста и реакцијата на државата. За време на епидемии, Центарот ќе работи нон-стоп, т.е. 24/7, 365 дена годишно, така што ќе дава поддршка при носење одлуки, тековно работење, поврзување, информирање на населението за ризиците, (пре)распоредување на персонал, колкав број вработени се потребни, логистика и планирање”, изјави министерот Филипче.

За време на настанот, д-р Џихан Тавилах, претставничка на СЗО во Северна Македонија, се осврна на тоа како соработката на СЗО со Министерството за здравство во овој заеднички потфат би можело да ги информира другите земји од Западниот Балкан за тоа како да ги зголемат институционалните капацитети во делот на здравствената сигурност и собирањето информации релевантни за јавното здравје.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Објавено пред

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и транспортот на јаглен во моментот се во прекин и се вложуваат натчовечки напори за санирање на состојбите. На терен e и генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, заедно со директорот на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, како и комплетното раководство на комбинатот и стручните служби на РЕК „Битола“. Според вработените, ваква елементарна непогода, со интензивни и обилни врнежи од дожд, во рудникот „Суводол“ не е забележана во последните 20 години.

За состојбите во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“ известени се Владата, како и Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Армијата преку Министерството за одбрана. Сите тие ги ставија своите ресурси на располагање за интервенција доколку има потреба.

И покрај елементарната непогода со која се соочува РЕК „Битола“, континуираното производство на електрична енергија од комбинатот засега не е е доведено во прашање и тоа продолжува во согласност со планот и потребите на електроенергетскиот систем.

Слична е состојбата и во рудникот „Брод Гнеотино“, каде што во моментот се копа кровна јаловина. Се преземаат напори и таму да се санираат штетите за да се подготви рудникот за дисконтинуиран ископ на јаглен на почетокот на септември со цел да се добијат потребните колични за грејната сезона 2020/2021 година.

Ова е трета поплава на рудникот „Суводол“ во РЕК „Битола“ во рок од два месеца. Во сите активности што се преземаат за санација на последиците од обилните дождови приоритет останува безбедноста на вработените, а потоа и опремата.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион5 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет6 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет8 часа

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Свет9 часа

Херои кои се обиделе да го спасат Бејрут – последна фотографија од пожарникарите кои влегле во магацинот пред експлозијата

На социјалните мрежи се појави фотографија на која се прикажани последните моменти на пожарникарите кои се обиделе да спречат понатамошно...

Македонија11 час

(Видео) Обилните дождови ги поплавија рудниците на РЕК „Битола“

Обилните врнежи од дожд во Битолско предизвикаа поплава на јагленовите откопни полиња во рудникот „Суводол“ на РЕК „Битола“. Ископот и...

Македонија11 час

Нови 113 заболени и шестмина починати, меѓу кои и 22-годишен пациент

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.543 тестирања, а регистрирани се 113 нови случаи на...

Регион13 часа

Црна Гора го прошири списокот за влез без ограничувања, Македонија повторно ja нема

Црна Гора го прошири списокот на земји чии граѓани имаат право да влезат во земјата без ограничувања. Од утре граѓаните...

Македонија13 часа

МЖСПП: Опасниот отпад од ОХИС ќе биде изнесен од државата кога ќе дозволат временските услови

Винилхлоридмономерот од поранешната фабрика ОХИС ќе се преточи и ќе се транспортира од државата веднаш штом ќе дозволат временските услови...

Македонија14 часа

Кривична пријава против шест полицајци од СВР Скопје

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Основното јавно обвинитество за гонење организиран криминал и корпуција –...

Македонија14 часа

Бочварски: Родителите да бидат ослободени од паушалот за градинките за периодот април – август

Градоначалникот на општина Штип, Благој Бочварски, бара од градинките да ги ослободат родителите од плаќањето на паушалот за април, мај,...

Свет16 часа

Во Кина дневно се тестираат 4,8 милиони луѓе на коронавирус

Во Кина се пријавени 37 симптоматски случаи на коронавирус и 20 асимптоматски случаи, според податоците на Националната комисија за здравство на...

Свет17 часа

Во Северна Кореја тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет17 часа

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по стравотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет17 часа

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет1 ден

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет1 ден

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет1 ден

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на Kовид-19, што е далеку од колективен имунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион1 ден

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет1 ден

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија2 дена

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Досие