Македонија
(Видео) Мисајловски: Како идна влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ директно ќе го помагаме спортот
Денеска сме повторно во Бутел, навистина ми е драго кога доаѓам да видам што се работи во општината Бутел. Дарко е познат по спортски терени, по нови проекти и навистина ми е чест и задоволство.
Денеска сум заедно со кандидатите за пратеници тука од Бутел и можеме да видиме уште еден увид на активностите, а тоа е нов спортски комплекс тука во Љуботенски пат. Дарко тоа го вети и тоа го исполнува, но освен овој комплекс, Дарко има веќе преку десет комплекси, спортски сали, терени насекаде во Бутел, кажа Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.
Во наредниот период, како што појасни, за еден месец ќе започне уште два три нови спортски терени.
„Навистина, вака се сака Бутел, вака се сака Македонија со многу работа, со многу труд.
И затоа ние како ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма ставивме дека директно ќе го помагаме спортот и тоа во наредните четири години 50 милиони евра директно ќе одвоиме од буџетот за да помагаме за спортот, за инфраструктурата во спортот, се разбира и за се она што значи да го кренеме спортот на едно повисоко ниво.
Но, исто така, многу важен проект е што Дарко во општината Бутел ова го прави од сопствените средства, а ние како нова влада ќе се потрудиме 250 милиони евра годишно да даваме на сите општини, буквално на сите општини во Македонија. И огромен број на средства ќе завршат тука во Бутел каде што Дарко ќе може да прави многу проекти и во следниот мандат, се разбира, каде што ќе гледаме многу нови улици, нови паркови. Ќе гледаме нови вакви игралишта и се разбира многу покрупни проекти, затоа што навистина Бутел ги заслужува“, рече Мисајловски.
Ги покани граѓаните за позитивни промени во Република Македонија, како што рече, да го дадат гласот за бројот два, да гласаат за Гордана Силјановска Давкова, уште на 24, а на 8 мај заеднички да се постигне најголемата победа за ВМРО-ДПМНЕ и за коалицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дождот не го изгасна целосно, но го стави под контрола големиот пожар во Мариово
Дождот кој заврна попладнево помогна да се стави под контрола големиот пожар во Мариово, но сепак сѐ уште не е целосно изгаснат. Гори на неколку места со слаб интензитет, информираше вечерва директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
„Дождот кој заврна во прилепско помогна во гаснењето на пожарот во мариовскиот крај. За жал с уште не е изгaснат целосно, има горење со слаб интезитет на неколку места“, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Временските прилики им помогнаа на лицата кои веќе една недела на терен учествуваа во борбата со огнената стихија, која беше со периметар од над 100-тина километри и зафати површина од околу 15.000 хектари. Под контрола се и останатите два пожара во прилепско.
Македонија
За една недела 25 нови случи на голема кашлица
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) информира дека од 30 август до 5 септември во Македонија пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица, што е за 47,1% повеќе во споредба со претходниот седмодневен период, кога беа регистрирани 17 новозаболени.
Најголем број заболени се во Скопје -14 каде случаи се регистрирани во сите скопски општини; во Тетово – 5, Кратово – 3, Куманово – 2 и еден случај во Крива Паланка.
„Возраста на заболените се движи од 1 месец до 60 години, а најголем број на случаи се од возрасната група под една година. Во однос на вакциналниот статус на заболените, 18 лица се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, 6 се комплетно вакцинирани и еден е вакциниран согласно возраста. Од новите случаи 5 заболени се хоспитализирани“, велат од Институтот за јавно здравје.
Македонија
Неисправни се двата полициски хеликоптери и двата ер-трактори, се чека дождот да го изгасне пожарот кај Мариово (ВИДЕО)
Неисправни се двата полициски хеликоптери и тие не можат да учествуваат во големиот пожар во прилепскиот дел од Мариово чиј периметар се прошири на 110 километри, а е во должина од над 30 метри, се гасне од земја. Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов изјави дека пред неколку часа на помош на пожарникарите од Прилеп и од повеќе други градови, како и на војската и полицијата пристигна еден ер-трактор. Другите два ер-трактори кои ги има државата, за жал, се неисправни, изјави Ангелов. Директорот на ЦУК соопшти дека заврна дожд во Мариово и дополнително ќе извести дали пожарот е целосно изгаснат.
Ангелов изјави дека е тежок пожарот над викенд населбата во скопско Катланово. Тој нагласи дека пожарот создава голем чад и дека тешкотија претставува непристапниот терен. Како што рече, вчера гаснел еден армиски хеликоптер, а денеска пожарникарите од скопската бригада.
Во продолжение е видео-изјавата од Ангелов и за другите пожари во земјава.