Македонија
(Видео) Митева: Венко Филипче и СДС и понатаму молчат и не кажуваат зошто Филипче има два различни анкетни листа во кои има разлика во недвижниот имот
ВМРО-ДПМНЕ поаѓајќи од законските надлежности на ДКСК ќе поднесе претставка со копија од електронскиот приказ на анкетните листови на Венко Филипче од 2018 и 2024 година, од кои јасно може да се заклучи дека податоците од двата анкетни листа не соодветсвуваат еден со друг, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.
„Венко Филипче како министер за здравство во својот Анкетен лист пријавил куќа од 464 м2 изградена во 2017 година како и стан од 130 м2 стекнат како подарок во 2016 година. Додека пак на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 м2 стекнат со договор за купопродажба во 2010 година.
Пратеникот Венко Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: Стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; Втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој исто така не го пријавил додека бил министер; Два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои исто така ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер; и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој исто така не го навел додека бил министер“, вели Митева.
Очигледно е, додава таа, дека во 2024 година Венко Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил, а морал истото да го стори.
„Зошто не е пријавен тоа треба самиот Филипче да одговори, а институциите да истражат.
Очекуваме брза и транспарентна постапка“, кажа Митева.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Земјотресот со епицентар во скопското подрачје
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 04.11.2024 година, во 20 часот и 35 минути, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на градот Скопје и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија
Вечерва почувствуван земјотрес во Македонија.
Информацијата е објавена и на официјалната страна на ЕМСЦ.
Земјотресот е почувствуван и кај дел од жителите на Скопје.
Според податоците бил регистриран на границата меѓу Македонија, Србија и Косово во 19 часот и 35 минути.
Се уште не се објавени податоци за неговата јачина.
Македонија
Состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, констатира Советот за безбедност
Денес во Кабинетот на Претседателката се одржа конститутивната седница на Советот за безбедност.
На седницата со која претседаваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, присуствуваа членовите на Советот за безбедност по функција: Африм Гаши, претседател на Собранието, Христијан Мицкоски, претседател на Владата, Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, Владо Мисајловски, министер за одбрана и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова и Владо Спиридонов.
На покана на претседателката Сиљановска Давкова, во работата на Советот за безбедност учествуваа и реферираа: началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски.
Советот за безбедност на седницата констатираше дека состојбата во земјата е стабилна и нема индиции за загрозеност на границите, интегритетот и суверенитетот на државата.
Присутните констатираа дека надлежните институции редовно ги следат состојбите во земјата и опкружувањето и дека системот за национална безбедност е функционален и обезбедува рано предупредување за евентуални закани и ризици.
Учеството на Армијата во НАТО-мисиите, ЕУ-мисиите и во мисии во ОН е успешно и продолжува, а бројот на учесниците во мисиите се одредува во зависност од потребите и одлуките на надлежните институции.
Советот за безбедност ќе се состанува на секои три месеци, а по потреба и почесто.