Контакт

Македонија

(Видео) Митева: СДС и ДУИ со ново задолжување од 190 милиони евра, кое го протнуваат со ЕУ-знаменце

Објавено пред

Во Македонија со СДС и ДУИ граѓаните ги немаат основните работи за живот, кои се загарантирани со Уставот и законите. Учениците немаат книги, болните немаат лекови, студентите живеат мизерно, фирмите се уништуваат со даноци, кои повеќе личат на државен рекет отколку на солидарен данок, но сето тоа не ја спречува власта да посегне и да ги задолжи и идните генерации, истакна на прес-конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.

„Со невидено безобразие двете задолжувања од 190 милиони евра забрзано се туркаат низ собраниска процедура со европско знаменце. Власта, и покрај отворената критика од ЕК во најновиот извештај токму за примената на европското знаменце, продолжува со негова злоупотреба.

СДС и ДУИ под закрила на европското знаменце избегнуваат дебата затоа што немаат аргументи со кои ќе го бранат новото задолжување. Нема аргументи затоа што се задолжуваат за тековни расходи наместо за проекти и инвестиции“, вели Митева.

Државата, како што рече, ни е енормно задолжена поради расипништвото на СДС и ДУИ.

„И ова не е крај, власта ќе го зголеми долгот за 500 милиони евра до крајот на оваа година, со што вкупниот долг ќе достигне до 8,5 милијарди евра.

И сѐ ќе беше поинаку ако власта имаше некакви резултати. Но, и покрај 8,5 милијарди евра долг и милијарди потрошени од буџети, нема ниту еден проект или мерка што асоцира на оваа власт, напротив, граѓаните ги асоцираат скандали, коруптивни зделки и бизнис-интереси. Ги нема автопатите, нема градинки, нема нови училишта, нема ниту учебници ниту лекови. Нејасно е каде завршија милијарди евра народни пари. Задолжување додека се може е модус операнди на оваа власт“, додаде таа.

Најново

Спорт7 часа

(Видео) Бод за Јувентус на Сардинија

Фудбалерите на Каљари и Јувентус ремизираа 1:1 (1:0) во натпреварот од шестот коло на италијанската Серија А. Вечерва, Каљари не...

Спорт8 часа

Хамилтон по трката во Сингапур завршил на медицински прегледи

Луис Хамилтон мораше да помине медицински прегледи по завршувањето на трката во Формула 1 за Големата награда на Сингапур. Луис...

Спорт8 часа

(Видео) Винисисус како Калимеро: Нема правда, само јас секогаш добивам картони

Винисиус му се извини на Реал Мадрид и се пожали на двојните стандарди на судиите по бизарното исклучување во минималната...

Спорт8 часа

(Видео) Милан ремизираше со Сасуоло

Во средбата од шестото коло од Серија А на стадионот Мапеи во Реџо Емилија, Сасуоло и Милан одиграа без победник...

Спорт8 часа

(Видео) Сити со играч повеќе победи на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити победија во Ливерпул со 3:0 во дербито на шестото коло од Премиер лигата, прво за „граѓаните“...

Свет8 часа

Зеленски: Русија продолжи да ја напаѓа енергетската инфраструктура по најавата за примирје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија дека продолжила со нападите врз украинската енергетска инфраструктура веднаш по најавата на американскиот...

Македонија10 часа

Од утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд и засилен северозападен ветер

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, следува период на променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд....

Свет10 часа

Полската полиција уапси маж осомничен за планирање напад врз премиерот Доналд Туск

Полската полиција уапси маж кој упатувал закани и планирал напад врз полскиот премиер Доналд Туск, соопшти министерот за внатрешни работи...

Црна хроника10 часа

МВР го откри мотоциклистот што возеше на едно тркало во Скопје, немал возачка дозвола

МВР го идентификуваше мотоциклистот кој на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје возел на едно тркало и го загрозувал сообраќајот. Против...