Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Ги запознавме соговорниците во Брисел со реалната ситуација во Македонија

Објавено пред

Ги запознавме нашите соговорници во Брисел со вистинската и реална ситуација во Република Македонија, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по дводневната работна посета на Брисел, каде што учествуваше на состаници и средби заедно со кандидатот за претседател, Гордана Силјановска-Давкова.

„Зборувавме за отсуство на реформите во здравството, во образованието и сето она што практично претставува неуспех на Владата на Зоран Заев и СДСМ во Република Македонија. Исто така, соговорниците ги запознав за периодот што следува за претседателските избори што се пред нас, еве, на помалку од еден месец од денот на гласање, ги запознав со нашата стратегија, со сето она што го спроведуваме на терен, но и за кампањата што практично ќе почне официјално од 1 април“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека Силјановска во рамките на посетата имала можност да се запознае со голем број претседатели и европратеници од редовите на Европската народна партија, да ги запознае со своите гледишта, со програмата што ќе ја презентира пред граѓаните и за сето она што претставува визија за развојот на државата.

Мицкоски додаде дека на средбите станало збор и за ветувањето на Заев дека доколку изгуби неговиот кандидат на претседателските избори, наесен ќе распише предвремени парламентарни избори.

„Го држиме за збор господинот Зоран Заев бидејќи сигурно веруваме дека ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска ќе победат на претседателските избори, а со тоа ќе се исполни единствениот услов што си го постави Зоран Заев, а тоа е доколку ги изгуби претседателските избори, да распише предвремени парламентарни таму наесен. Предвремени парламентарни избори за Република Македонија ќе значат нова иднина, вистинска иднина, со вистински структурни реформи, не фингирани и лажни вести што овде ги испорачуваат во Брисел во рамките на Европската комисија“, рече Мицкоски.

Македонија

Османи: Убедлива победа на ДУИ

Објавено пред

Бујар Османи од Демократската унија за интеграција ги наброја местата во кои ДУИ води, според нивните првични информации.

PRESS BDI

PRESS BDI

Posted by Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI on Среда, 15 јули 2020

„Од пристигнатите резултати овде во нашата централа, убедлива победа на ДУИ. Почнувајќи со Тетово со голема разлика, убедлива победа на секое гласачко место во Тетово, победа длабока во Сарај, во Чаир, во Липково, во Кичево, Теарце, Струга, Дебар, Битола, Преспа, Сопиште и каде сè не“, рече Османи и најави дека набргу ќе има нова прес-конференција на која ќе се соопштат резултатите од другите избирачки места.

На прес-конференцијата на ДУИ присутни се и симпатизери на партијата, кои веќе се во славеничко расположение.

Прикажи повеќе...

Македонија

Манчевски во изолација, неговиот возач и заменик-министерот на МИОА позитивни на коронавирус

Објавено пред

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, преку својот фејсбук-профил информира дека поради позитивниот тест на Ковид-19 на својот возач и на заменик-министерот Бајдевски, ќе биде во самоизолација.

„Каков ден. Се решаваше судбината на државата. Уверен сум дека граѓаните мудро одлучија и решија државата да продолжи напред.

Во исто време, по пројавувањето симптоми, заменик-министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски, и мојот возач, денес се тестираа и се покажаа позитивни на Ковид-19. Во согласност со препораките на епидемиолозите, во следните тринаесет дена ќе бидам во самоизолација.

Чувајте се и бидете здрави“, напиша Манчевски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во исчекување на резултатите падна интернет-страницата на ДИК

Објавено пред

Веб-страницата на Државната изборна комисија повеќе од еден час не функционира.

Од ДИК велат дека станува збор за технички проблем и работат на негово надминување.

На веб-страницата се очекува да бидат објавени првичните резултати од парламентарните избори.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Чулев: Изборите поминаа во мирна, фер и демократска атмосфера

„Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ како за демократската свест на...

Македонија2 часа

Oдѕивот на парламентарните избори надмина 50 отсто

Десеттите парламентарни избори завршија со одѕив од 50,86 отсто. На гласање излегле 922.678 гласачи од обработени 3.466 избирачки места од...

Македонија3 часа

ДИК најави резултати во 23 часот

Гласањето во услови на Ковид-19 на овие парламентарни избори ќе заврши два часа подоцна од вообичаеното време, односно избирачките места...

Македонија4 часа

„Мост“: Полицијата интервенирала во Кичевско, каде што гласач го фотографирал ливчето

Набљудувачите на „Мост“ информираат дека на гласачкото место 0755, село Осој, општина Кичево, гласач го фотографирал гласачкото ливче и го...

Македонија5 часа

Битолчанка се обидела да изнесе ливче од гласачко место

Државната изборна комисија (ДИК) добила неколку претставки за нарушено избирачко право и неколку приговори за повреда на избирачко право и...

Македонија7 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија7 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија7 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија8 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија10 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија10 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион10 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет11 час

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија12 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија14 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион15 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија16 часа

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија16 часа

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија17 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија1 ден

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Досие