Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски на средби со раководните луѓе на ЦДУ и автомобилските германски гиганти

Објавено пред

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја предводи партиската делегација којашто е во Лајпциг на Конгресот на сестринската партија Германската демократска унија (ЦДУ).

„На денешниот престој во Лајпциг на Конгресот на Германската демократска унија, покрај политичките состаноци, ќе имаме и состаноци со извршните директори и претставници на најголемите германски производители на автомобили, но и други производители од машинската и електроиндустријата.

На тие состаноци, наша цел е на опозиција којашто си ја сака државата, како опозиција којашто покажува пример како треба да се работи за државата во опозиција, но истовремено и да ги понудиме нашите капацитети човечки и професионални, но и економски“, рече Мицкоски и додаде: „По 12 април 2020 година да покажеме што е тоа што Македонија може да им го понуди на овие производители, да ги повикаме и да ги поканиме да дојдат во нашата држава и да отворат производни погони. Да не дозволиме одлив на мозоци да останат обучените луѓе, учените луѓе кои што денеска масовно ја напуштаат нашата држава.На овој начин покажуваме еден поинаков пристап дека државата се сака без разлика дали сте во опозиција или сте во владата. Но, она што денеска како опозиција го претставуваме ќе биде гарант за нив кога по 12 април 2020 година ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира идната влада“.

Македонија

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

Објавено пред

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство во Собранието.

Во салата не беа присутни пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, чиј координатор Никола Мицевски претходно кажа дека Заев сам предложил да се гласа да доверба на Владата, за тоа да биде без дискусија на пратениците.

„Констатирам дека е изгласана доверба на Владата“, рече претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Според премиерот Заев, гласањето на довербата е расчистување со маглата и соочување со реалноста.

„Јас сум прв премиер кој бара доверба на Владата од осамостојувањето на нашата земја. Тоа е грижа за институциите, граѓаните, стопанството. Шест месеци како ја добив честа да ја водам оваа Влада. Шест месеци опозицијата вели дека ќе ја падне оваа влада. Најавија постапки за недоверба на Владата, а за сега да не се присутни кога јас го отворам прашањето за доверба на Владата. Дозволете сите да ги потсетиме граѓаните на оваа држава зошто е формирано ова парламентарно мнозинство. Затоа што граѓаните го направија својот избор на изборите. Врз основа на довербата на граѓаните беше формирано мнозинство. Ред е да се соочиме и расчистиме и да видиме на дело тоа наводно долго најавувано мнозинство на опозицијата, кое ќе ја паднело владата. Ние не сме и никогаш нема да бидеме партија која мнозинството во Собранието ги обезбедува со меници издадени од Груевски. Нашата единствена меница е довербата на граѓаните на изборите“, кажа Заев од собраниската говорница.

Премиерот посочи дека се блокирани закони од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, објаснувајќи дека само по тоа може да биде запаметена од граѓаните.

Објасни и дека опозициските пратеници се однесуваат деструктивно за блокирање на државата, со изложување на лажни вести за ново мнозинство во Собранието.

„Во изминатите шест месеци, паралелно со стратегијата за справување со Ковид-19, се подготвија и четвртиот и петтиот пакет економски мерки за спас на економијата. Инициравме процеси во енергетиката и енергетската ефикасност. Се градат 100 мегавати ветерници. Паднаа првите пресуди за злосторничко здружување, процеси кои поминаа низ законски судски рочишта. Започна пописот како чиста операција. Од оваа година Северна Македонија слави за членството во НАТО. Ќе бидеме членка и на Европската Унија како Македонци со македонски јазик. И сето тоа, поминато низ опструкции. ВМРО-ДПМНЕ ќе биде запаметена дека била најголемиот кочничар на реформите. Со сите сили ги блокираа пакетот реформски закони во правосудството. Сега блокираат мерки од петтиот ковид пакет. Беа против покачување на минималната плата, против една изборна единица. Работата на пратениците мора да биде во интерес на граѓаните“, рече Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Објавено пред

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред неколку дена се вратил од Занзибар детектирано е присуство на британскиот вид на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Денеска се прошири веста дека двајца сопружници од Битола, кои се вратиле од патување во Занзибар, се ковид-позитивни. Според информациите, битолчаните пред 5 дена се вратиле од Африка, а во моментов и двајцата се на болничко лекување.

Од ресорното министерство нагласуваат дека во текот на утрешниот ден ќе биде извршена анализа и на вториот пациент од Занзибар.

Веста за заразените сопружници кои се вратиле од Африка во јавноста ги поттикна стравувањата дека во земјава би можел да навлезе јужноафриканскиот вид на короната, кој се смета за еден од најзаразните во моментов.

Министерството за здравство денеска соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што доаѓаат од сите африкански земји.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев побара парламентот да гласа за доверба на Владата

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев побара од пратениците да гласаат за доверба на Владата. Тој посочи дека во последниот период кружат лажни вести оти власта немала мнозинство во Собранието. Како што образложи Заев, барањето е за да се види дали тие вести се точни или не.

„Да побарам од вас пратениците да гласате за доверба на Владата. Ред е да се соочиме и расчистиме. Да го видиме на дело толку долго време најавуваното наводно мнозинство на опозицијата. Ова е момент кога ќе покажеме колку има вистина во најавата за мнозинство на опозицијата. Мора да е едно од двете, ако не и двете заедно. Покрај сите обиди за опструкции и блокади, граѓаните секој ден се изложени на лажни вести за некое ново и непостојно мнозинство, нова нестабилност. Тоа е само поради внатрепартиските цели на ВМРО-ДПМНЕ, а со цел да се претстави поинаква перцепција на граѓаните. Вистината е најсилното оружје. Парламентарното мнозинство, јас, Владата и коалицијата, нема да дозволиме неизвесност, сопки, блокади и опструкции“, рече Заев на собраниска седница.

Заев објасни дека без дебата, бара да се гласа за доверба на Владата.

„Во име на сето претходно кажано, во име на вистината, ја преземам обврската кон граѓаните, во согласност со член 93 став 1 од Уставот и член од 217 став 2 од Деловниот на Собранието, да побарам изјаснување на Собранието за доверба на Владата“, додаде Заев.

Инаку, Уставот предвидува дека доколку на биде изгласана доверба на Владата, тоа прашање не може повторно да биде поставено на дневен ред во наредните 90 дена. Во спротивен случај, доколку ѝ биде изгласана недоверба, тогаш Владата треба да поднесе оставка.

Собранискиот Деловник, пак, предвидува Собранието да гласа за доверба на Владата на истата седница доколку предлогот доаѓа од претседателот на Владата усно на собраниска седница, како што е случај сега.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија42 минути

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија2 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија3 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија3 часа

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија4 часа

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион7 часа

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион8 часа

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет8 часа

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион8 часа

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет8 часа

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа9 часа

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет9 часа

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија1 ден

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Македонија1 ден

Заев за новиот систем против корупција: Ќе се дигитализираат сите обвинителства, нема веќе предмети во фиока

Ќе се екипираат и дигитализираат јавните обвинителства со оперативни истражни центри, за сите 23 јавни обвинителства во државата заедно со...

Свет1 ден

До 60 проценти од луѓето што прележале коронавирус може да се заразат со бразилскиот вид

Шест од 10 лица што прележале Ковид-19 се ранливи на бразилскиот вид П1, покажа истражувањето спроведено во градот Манаус, во...

Топ1 ден

Двајца Косовци осомничени дека пукале во полицаецот во Ѓорче Петров

Двајца Косовци се уапсени под сомнение дека го предизвикале вчерашниот инцидент во скопската населба Ѓорче Петров кога околу 16.30 часoт...

Македонија1 ден

На следниот конгрес СДСМ ќе го смени своето име во согласност со договорот од Преспа

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вели дека името на партијата сè уште не е сменето поради пречките што ги предизвикала...

Европа1 ден

Во Диселдорф забрана за стоење во место: „Јадете само во движење“

Градската управа на Диселдорф донесе одлука граѓаните да не смее да стојат на едно место на главните шеталишта во градот...

Свет1 ден

Експертите на СЗО против употребата на лекот „хидроксихлорокин“

Лекот „хидроксихлорокин“, за кој поранешниот американски претседател Доналд Трамп тврдеше дека ќе го промени текот на пандемијата, не треба да...

Свет1 ден

Шок-бомби, кациги и импровизирани шлемови на протестите во Мјанмар

Полицијата во Мјанмар активира шок-бомби за да ги растера демонстрантите во Јангон, најголемиот град во Мјанмар. Тие се собраа пред...

Досие