Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.
Македонија
(Видео) Мицкоски: Некои не можат да разберат дека ВМРО е емоција од која трепери срцето

ВМРО-ДПМНЕ имаше сериозна ерозија во 2017 година и беше неоправдано стигматизирана како радикална структура која е произведувач на конфликти, рече лидерот на партијата, Христијан Мицкоски, во говорот во рамки на затворениот дел од 17. партискиот конгрес на кој беше реизбран за претседател. Тој беше и единствениот кандидат за лидерската позиција, а доби поддршка од 489 делегати.
„На извесен начин партијата беше меѓународно изолирана, со многу проблеми во комуникацијата со државите кои беа стратешки партнери на Македонија. Имавме и сериозен проблем поради потребата од кадровски и структурни промени. Пред 4 години најчестите квалификации кои партијата ги добиваше од пошироката јавност беа ‘најбогатата партија во источна Европа’, седиштето се ословуваше како ‘белиот дворец’, а внатре кабинетите велеа дека се од злато и што уште не“, истакна Мицкоски додавајќи: „Јас поминав како претседател четири години во ВМРО-ДПМНЕ ама уште кабинети од злато не видов, а сметката на партијата никогаш не беше попразна.
Како што рече Мицкоски, откако застанал на чело на партијата во седиштето немало ништо друго освен ентузијазмот на тие што почнале заедно со него да работат дури и за време на викендите.
„Многумина мои блиски пријатели кои се надвор од светот на политиката кога им ја соопштив намерата дека планирам да се кандидирам за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, а сите од нив знаејќи ја состојбата во која се наоѓаше партијата, тогаш ми велеа дека не ми треба таа главоболка, дека имам успешна кариера и дека Европа, светот ни стои пред нас за освојување, работа, нови предизвици и такво редење на, како што нашиот народ вели, во здрава нога трн, ми е најмалку потребно“, нагласи Мицкоски според кого луѓето однадвор не можат да ја разберат емоцијата и чувствата кои ги имаат тој и неговите сопартијци кон зборот ВМРО од чие изговарање, како што рече, затреперува срцето.
Мицкоски додаде дека кога било најтешко имало луѓе кои верувле во него и го поддржувале во намерата ВМРО-ДПМНЕ да се реформира и да се врати на победничките патеки.
„Во Валандово од збор до збор се сеќавам на мојот говор во кој ја поставив дилемата дали ќе успееме и дали ние ќе бидеме генерацијата која ќе донесе промени и придвижување на Македонија. Четири години подоцна ќе дадам одговор на оваа тогашна дилема. Сега знам дека ќе успееме. Повторно вложувајќи го сето наше знаење и способност ќе успееме затоа што нашата желба за успех е поголема од опцијата да доживееме неуспех и затоа што поразот не е опција кога влогот е Македонија“, посочи Мицкоски на 17. партискиот конгрес.
Тој го доби првиот претседателски мандат во партијата пред четири години, на 23 декември 2017, кога на 16. конгрес во Валандово беше поддржан од 376 делегати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ахмети: Согласно статутот во ДУИ не се дозволени фракции, ќе треба да се почека до следниот конгрес

Претседателот на партијата Али Ахмети на седницата на Централното претседателство на ДУИ изјави дека фракции според статутот не се дозволени, но рече дека на следниот конгрес ќе поддржи таква идеја. Eден час претходно дел од членовите од „Огнената група“ рекоа дека ќе функционираат како фракција.
-ДУИ е партија којашто почитува вредности и почитува демократија. Се разбира, го почитува и размислувањето против. Што се однесува до фракционерството, јас таков предлог имав, имам дадено на партиски конгрес, меѓутоа сум изгубил на гласање од мнозинството и јас како демократ почитувам став на мнозинството и не ги напуштам институциите. Согласно тие одлуки на конгресот и статутот на партијата, во ДУИ не се дозволува функционирање во фракции. Треба да се почека до следниот конгрес, јас ќе бидам тој што ќе поддржам еден таков став за фракционерско делување, рече Али Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека не се зборувало за исклучување на членови од партијата кои се определиле да дејствуваат фракционерски. Тој информираше и дека на седницата образложил пред претседателството за развојот на настаните во земјата и во регионот.
-Со посебен акцент на постигнатиот договор меѓу Косово и Србија, наречен уште и како Охридски договор. Договор којшто е важен и за нас и за целиот регион, бидејќи регионот влегува во една состојба на мир, што е особено важно за сите. Со желба овој договор да се почитува и да се имплементира од двете страни, посочи Ахмети.
Македонија
Беџети од „Огнената група“: Од денеска ќе делуваме како фракција, ќе имаме наши ставови

Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција. Градоначалникот на општина Сарај и дел од Огнената група, Блерим Беџети рече дека внатре во ДУИ немале реални можности за дебата и се исцрпени сите можности.
„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.
Македонија
Ване Цветанов по кривичната побегна, се жали дека е жртва на политичка репресија

Поранешниот претседател на Советот за унапредување и надзор на ревизијата Ване Цветанов избегал од Македонија откако пред четири месеци против него беше поднесена кривична пријава за злоупотреба на над 75 000 евра. Тој бегството го пријави во телевизиско интервју вчеравечер за бугарската телевизија Нова.
„Жртва сум на политичка репресија. Сакав да го спроведам бугарскиот модел за контрола над регистрираните ревизори, но Владата не сакаше да го практикува бугарскиот модел. Без разлика што Бугарија потроши време и ресурси. Не се чувствувам виновен, но знам дека ќе ме казнат во Македонија благодарение на политичкиот дослух на мојот случај. Во обвинителството во моментов и да сакаат не можат да ми дадат помалку од 3 години“, вели Цветанов.
На прашањето на новинарот дали ќе се врати во Македонија, тој рече дека тоа што го направил е избор и нема враќање назад.
Министерството за внатрешни работи претходно поднесе кривична пријава против Цветанов за злоупотреба на службена положба и овластување, со што го оштетил државниот буџет за 75.000 евра. Цветанов се товари дека вршел незаконски јавни набавки и ја ангажирал невенчаната сопруга Дунавка Трифуновска и со државни пари оделе на заеднички службени патувања.