Контакт

Македонија

Мицкоски во Радовиш: Потполно сум свесен дека недовербата кај народот е огромна

Објавено пред

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој денеска е во посета на Радовиш, им порача на граѓаните дека целосно ја разбира нивната мака, дека, како што вели, знае дека владее беспарица, дека цените растат, а платите стагнираат.

„ Потполно сум свесен дека недовербата е голема и огромна, но истовремено сум свесен дека тие ќе ја препознаат честитоста, чесноста и нашата вистинска намера во тоа во кое што ќе се обврземе со нашата идна предизборна програма која што ќе биде дел од караванот „За обнова на Македонија“.

Се сеќавам кога Зоран Заев, врхушката од СДСМ за време на предвремените парламентарни избори во 2016-тата година патуваа, шетаа низ нашата преубава татковина Македонија и ветуваа во Кочани и кочанско дека ќе ги зголемеле цените за оризовата арпа, за оризот. Па велеа дека ќе имате загарантиран откуп, ќе имате цени по 25-50 денари и за оризовата арпа и за оризот. Само вие гласајте за нас, и сето тоа ќе биде веднаш решено, ич да не се секирате. А, денеска во Кочани и кочанско луѓето велат јас немам намера ниту пак сакам повеќе да ја работам нивата, бидејќи не се исплати. Ова денеска кое што го плаќаат за нашиот труд не стига ни од први до први за да си ги прехраниме семејствата. А, не па за нешто повеќе да вложиме, во механизацијата или пак во семенски материјал и пестициди.
Јас, нити пак вие сосила го теравте Зоран Заев да појде во Ресен и да им ветува на Ресенчани сигурен откуп на ресенското јаболко, зголемени субвенции. А, потоа кога дојде до власт гледаме како Ресенчани ги фрлаа плодовите во реките, по нивите, ги сечеа дрвата кои што ги раѓаат тие јаболка.

Никој не го тераше Зоран Заев ниту пак во Тиквешијата да појде, нити пак во Кавадарци, во Неготино да ветува дека ќе имало загарантиран откуп за грозјето по повисоки цени, ќе имало субвенции, па дополнителни стимулации.

Ние не го теравме Зоран Заев да ветува младинска гаранција, ниту пак ја теравме Шекеринска и Оливер Спасовски да ставаат гас маски и да велат гласајте за нас, и веднаш доаѓа чистиот воздух, ич да не се грижите,  Алпски воздух веднаш почнува да дува. Јас не го терав со сила Зоран Заев да се колне во жицата, па изгубен низ времето да го бара семето, да се колне во најмилото и да лаже. А, првото нешто што го направи кога народот, за волјата на вистината не му ја даде довербата бидејќи изгуби на тие предвремени парламентарни избори во 2016-та година, но поради целокупниот инженеринг кој што се случи се најде таму, каде што е и денеска претседател на Владата, потпишуваше и поплука на се што претходно се колнеше и велеше дека нема да го направи. Па се колнеше и во најмилото.

Замислете денеска човекот кој што излажа безброј пати, човекот кој што на примитивен начин се обидуваше да се закани на политичките неистомисленици со она „мало сутра“. Човекот кој што даваше бесмислени и примитивни компарации со тепсијата која што стоела и баклавата која што била изедена. Човекот кој што на секој можен начин ја понижи, ја омаловажи сопствената држава ќе излезе овде пред Радовишани и секаде во Македонија и ќе бара повторно легитимитет за следен мандат.

Ја користам оваа прилика само да ја покажам разликата помеѓу понудата што ќе биде на 12-ти април 2020-тата која што ќе биде пред секој граѓани на нашата татковина, пред секој граѓанин во Македонија. Од една страна имате човек кој што досега безброј пати излажал, кој што се колнел во најмилото, ве гледал во очи и лажел. Човек кој што освен арамилукот, криминалот и корупцијата ништо не може да му биде свето и со ништо нема да бидат одбележани овие три години со ниту еден проект.

И втората опција е обновата на Македонија, честитост, чесност. Луѓе кои што гарантираат дека ќе бидат слуги на народот. Луѓето кои што извлекоа поука од грешките во минатото затоа што имаат единствен мотив, а тоа е како да си ја обноват сопствената држава, како да ја обноват Македонија од оваа пустелија која што ја направи Зоран Заев.

Никој од вас, никој од нас со сила не го тераше Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски и останатите да ги редат оние чевли пред Владата и да велат дајте го гласот за нас, и ние ќе ви ги вратиме децата.

Никој не го тераше градоначалник и поранешен претседател на младината на СДСМ, Стефан Богоев во Собранието да покажува слики од негови иселени другарчиња. Каде се тие деца? Дојде ли некој да си го облече парот чевли? Не само што не дојде, туку денеска имаме неколкукратно повеќе такви чевли што останаа необуени. Чевли кои што останаа фрлени и запоставени во Македонија. И млади луѓе кои што денеска ги полнат рестораните и кафеаните во Западна Европа. Луѓе кои што денеска ќе ги сретнете како талкаат низ улиците по Германија, Италија, Швајцарија, Белгија, Холандија барајќи подобар живот. Затоа што животот кој што овие го ветуваа во Македонија пекол го направија.

Е тоа е она кое што ние мораме да го промениме. Имаме план и знаеме како тоа да го промениме. Стојам овде пред вас во Радовиш и ги слушам сведоштвата на луѓето додека проаѓав тука низ пазарот. Велат децата да ни ги вратите. Не можам да ветам дека ќе ги вратиме децата, но можам да ви ветам дека ќе работиме 24 часа, ќе има многу пот, крв и солзи додека тие деца од прв до последен не успееме да ги вратиме назад.

Го слушам вчера како вели дека е постигнат историски договор помеѓу министерството за образование и наука и Синдикатот за образование и наука. Истиот оној синдикат кој што побара со мене да се види и да разговара, а потоа избега и не дојде на средба. Причината зошто не дојдоа они треба да ја кажат. Еве јас нема да навлегувам во детали. Но сакам да го прокоментирам тоа, велат постигнале историски договор, постигнале зголемување на плати на просветните работници од 10%. Ќе ве потсетам синдикатот во образованието, науката и културата  потпиша колективен договор со Владата на Република Македонија и тој колективен договор изминативе три години не се почитува. Ова зголемување од 10%  е ништо во споредба со реалната состоја во којашто денеска требаше да бидат примањата на вработените. Зошто? Затоа што постојат коефициенти, тие коефициенти се однесуваат на минималната плата и денеска наставниците во основното и средното образование доколку Зоран Заев и оваа влада го почитуваат колективниот договор требаше да бидат минимум 31 250 денари, а да не зборуваме денеска за овие понижувачки трошки од 10%.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ веднаш по формирањето од мај месец ќе се врати кон колективниот договор и почитување на истиот договор и платите на вработените во образованието, науката и културата ќе бидат согласно колективниот договор и ќе бидат многу поголеми од овие 10% коишто денеска ги ветуваа.

Го слушам оној поданик на Заев, министерот за внатрешни работи како се обидува да се пере од политиките на Заев, па денеска ќе го слушнете на Канал 5 како ви вели дека чудно било однесувањето на специјалната јавна обвинителка во случаевите коишто беа поврзани со корупциски-историски најголемиот криминал наречен „Рекет“.

Еве ја користам оваа прилика овде во Радовиш да му порачам нека направи еден разговор со вашата радовишанка коешто беше дел од тоа Специјално Јавно Обвинителство, па таа ќе му каже како се менувале и како се договарале и обвиненијата и потенцијалните пресуди. Таа ќе му каже како се менувале одлуките од притвор во куќен притвор за други интереси, затоа што некој друг поинаку сакал да биде. Таа ќе му каже каква порака Катица Јанева во групата на вибер каде што се наоѓале сите специјални јавни обвинители на 9 Јануари 2019 испратила веднаш после најголемиот чин на предавство коишто и се случил на нашата држава, а тоа беа уставните измени, како се уценуваа пратеници, како луѓе се ставаа во притвор, а потоа се тргуваше со притисок и истите тие луѓе се ослободуваа. Нека ја праша вашата сограѓанка коешто беше дел од тоа специјално јавно обвинителство, па таа ќе му одговори за коалицијата помеѓу специјалното јавно обвинителство органите на прогон којшто тој ги води судството и владата, а потоа ќе си одговори самиот себе каква тоа коалиција преќутна направи Зоран Заев за да може да го направи тоа што го направи н македонскиот народ, на граѓаните на Македонија и на Македонија. Со кој тоа сопартијци Зоран Заев се договараше за да се случи тоа што се случуваше. Доколку тој тоа не го открие и доколку тој тоа не и го соопшти на македонската јавноста, јас ви ветувам дека веднаш после формирањето на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јавноста ќе дознае кој вршел притисоци, како се вршени тие притисоци, зошто луѓе се затвараа и се притвараа, како се тргуваше за гласови во Собранието.

Но, тогаш некој ќе се срамува и ќе моли за милост. Затоа не треба да се перат од политиките на Заев овие негови соработници, не треба да се перат затоа што и вас ви се прљави рацете, затоа што и вие после 12 Април 2020, лето господово ќе шетате низ улица со наведната глави и ќе се срамите вашите сограѓани во очи да ги погледнете поради тоа што и го направивте на Македонија и на македонскиот народ, а јас ви ја ветувам вистината доколку вие немате храброст и доблест истата да и ја кажете на Македонија.

Почитувани Радовишани, браќа и сестри не чека период кога е потребно во секоја улица, во секое маало, во секоја куќа да стигне гласот на победничка Македонија. Гласот дека на 12 Април 2020 доаѓа, победува обновата на Македонија. И покрај сите рекетирани пари коишто се ги бројат и пребројуваат и ги дисперзираат насекаде во Македонија сакаат да тргуваат и да поткупуваат за време на предвремените парламентарни избори. И покрај сите оние квинслинзи и слуги коишто крстарат низ медиумите во Македонија нема да ви помогне ништо. Готово е завршено е, доаѓа Обновата на Македонија, а потоа одговорност од прв до последен јас ви го ветувам тоа.

Крадат и пљачкаат од сопствениот народ, направија буџет од 45 милјарди евра. Човек којшто верува во сопствената политика, човек којшто знаел дека работел чесно, човек којшто знае дека работел честито нема зошто да се занимава со вакви работи како што тоа го прави Зоран Заев. Ќе ги загуби изборите, а потоа ќе му подаде рака на подобриот. Ќе му подаде рака на македонскиот народ и на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ која што ќе биде победничка на тој 12 Април.

Но, ние гледаме денеска уплашен човек, човек облеан во страв, несигурност со хаотичен поглед, со примитивизми во неговиот говор којшто нема да бира средства за да ја продолжи сопствената политичка кариера, ќе игра „All-in“ не само со националните интереси, ќе игра „All-in“ со сите вас, ќе игра „All-in“ со вашите пари, со вашето достоинство ќе игра „All-in“ само за да опстане затоа што овој исплашен човек знае дека после 12 Април доаѓа одговорноста, а одговорноста е казната на народот кој што ќе му испорача историски најголем пораз на предвремените парламентарни избори на 12 Април.

Последниот столб за кој што денес ќе зборувам, а ќе биде дел од нашата предизборна програма и којшто ќе биде дел од слогната доктрина на ВМРО-ДПМНЕ е македонизмот. Доста беше лутање и талкање од крајности во крајности. Доста ни беа моменти на антиквизација или монети на севернизација. Ние сме горди македонци што говорат македонски јазик и родени во Македонија и тоа нема бегање и затоа треба да се бориме од прв до последен. Да се вратиме на тоа што сме, тоа што биле нашите родители, тоа што биле нашите дедовци и баби, тоа што биле наши македонци, горди македонци од Македонија. Назад на македонизмот во Македонија.

И тоа не екслузивно право само на македонскиот народ туку и на сите останати коишто се родени во Македонија без разлика дали се Албанци, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, Роми или било кој друг. Сите тие се родиле, живеат благодарение на оваа Македонија се образувале создале семејства. Тука тагувале заедно со нас, тука се радувале и најверојатно живото ќе гио завршат тука на оваа почва во Македонија. Сите тие имаат право на македонизмот, сите тие треба да си го постават прашањето не што може Македонија да направи за нив, туку што може ти да направат за Македонија. Првиот чекор е 12 Април 2020, да ги поразиме овие арамии и предавници, а потоа да ги засукаме ракавите и работа, работа и само работа да си ја обновиме државата“ порача Мицкоски.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Ахмети: Колку што сме блиску, толку сме и далеку од договор

Објавено пред

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети по средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, посочи дека колку што се блиску, толку се и далеку двете партии од договор за коалицирање. Ахмети пред новинарите кажа дека ќе бара поддршка од албанските партии за идејата премиер на државата да биде Албанец. Запрашан дали ДУИ би прифатила премиер да биде Македонец, Ахмети не одговори прецизно и рече: „Не можам да пресудам“.

„Јас не сакам да ги оптоварувам преговорите и не сакам последниот збор да го кажам прв. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока и сме готови ова да го направиме за државата, затоа што придобивка ќе има стабилноста, државата, доближувањето на заедниците и така натаму. Ние само што започнавме со преговори, нема многу средби кои што се одржани, ова е втора средба. Се надевам дека сите партии ќе имаат силна волја за да ги надминеме разликите, потешкотиите“, рече Ахмети одговарајќи дали тој инсистира ДУИ да има една година премиер во Владата“.

Ахмети по средбата посочи дека за преговорите со СДСМ, го известил и Мицкоски кој,пак, му посакал успех.

„Јас сметам дека колку што сме блиску,толку сме и далеку од договор. Сепак, сите страни мора да ги имаат предвид големите интереси на државата. Никогаш не правам тајни средби, како што не сум правел ниту со СДСМ, ниту со ВМРО-ДПМНЕ. Јас господинот Мицкоски сум го информирал дека сум започнал преговори помеѓу ДУИ како добитник на овие избори и СДСМ како победник. За тие да не создадат лажно мислење и претстава, туку да знаат дека ние правиме напори за да постигнеме договор, без да го имаме епилогот од преговорите. Така што, господинот Мицкоски беше прагматичен и посака успех во разговорите, без разлика на епилогот од овие разговори, би сакале да продолжиме со комуникацијата со партиите како претходно“, додаде Ахмети.

Прикажи повеќе...

Македонија

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Објавено пред

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту на денешната средба. Заев по средбата рече дека има напредок во ставовите меѓу двете партии и најави дека разговорите ќе продолжат и во наредните денови. Во однос на ресорите, Заев кажа дека одприлика се знае кои кадри кои ќе министерства можат да ги водат.

Разговорите меѓу ДУИ и СДСМ продолжуваат и во наредните денови.

„Денеска имаме напредок во делокругот на аргументацијата за ставовите на двете партии. Се работи за програми, се работи за наратив, се работи за една цела филозофија на одговорност и чест на владеење, разговаравме за големите успеси кои што се постигнати, но секако и одговорноста која ја имаме по овие успеси. Очекуваме многу лагоден период, но и неповторлив за државата и граѓаните, за да можеме да ги максимизираме ефектите за сите. Жалам што денес не можеме да соопштиме дека има договор помеѓу двете страни со кои разговаравме. Разговорите ќе продолжат следните денови и верувам дека штом имаме исчекор кој можеме да го споделиме со граѓаните, тоа ќе го направиме преку вас, медиумите. Јас сум среќен што наративот на коалицискиот договор е стокмен и од прилика вредностите се важни. Затоа што, на крајот имињата, политичарите сето тоа е менливо и минливо, но филозофијата на идното четиригодишно преземање на чест и одговорност е токму во наративот и одговорностите кои се јавно достапни за сите“, рече Заев.

Тој додаде дека е свесен дека треба да има Влада час поскоро, со цел побрзо да се донесат итни одлуки, но и решенија за справување со последиците од пандемијата, но и дожот кој поплави неколку населени места.

„Верувам дека нема да губиме време во определбата на ресорите, од прилика, знаеме кој каде е подготвен да земе одговорност. Но, сето тоа ќе значи и заемна компарација на кадрите за кои ќе се разговара. Но, дефинитивно, имаме уште многу да работиме следните денови, се надевам дека тоа ќе биде ден порано, за тоа да го обелодениме. Гледате, требаме на здравството, образованието каде се носат одлуки секој ден. Тука сме, јас од СДСМ, Ахмети, од ДУИ имаме заедничка Влада со сите партнери. Ги мериме одлуките, знаеме што се случува во Германија и Словенија за сите предизвици пред нас, па така ги охрабруваме одлуките на самиот политички дел од Владата и ги слушаме експертите, без разлика дали се тоа од здравството, образованието, социјалната или другиот дел од Владата. Знам дека има потреба од брзи решенија на Владата како што се последиците од дождот во Зелениково и другите населени места, каде треба да се постапува веднаш, токму по овие работи. Но, тоа предизвикува чувство и кај нас, час поскоро да ги завршиме работите“, додаде Заев.

Прикажи повеќе...

Македонија

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-20, Куманово-16, Штип-13, Прилеп-1, Тетово-3, Струга-2, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-15, Гостивар-10, Гевгелија-1, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-5, Кичево-7, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 422 оздравени пациенти од: Скопје-173, Куманово-28, Штип- 93, Прилеп-8, Тетово-23, Струга-36, Охрид-15, Гостивар-28, Радовиш- 1, Крушево-2, Кочани-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-3, Кичево-1, Ресен-5.

Почината е една пациентка од Скопје (70 години) во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11942, бројката на оздравени пациенти е 8087, на починати е 528, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3327. Денес се евидентираат 6 контролни теста и корекција за еден оздравен. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5166, активни 1177
• Куманово 1163, активни 263
• Дебар 219, активни 128
• Штип 965, активни 319
• Прилеп 346, активни 42
• Тетово 1092, активни 171
• Струга 479, активни 160
• Велес 238, активни 27
• Битола 167, активни 74
• Охрид 300, активни 77
• Кавадарци 125, активни 103
• Гостивар 571, активни 306
• Гевгелија 25, активни 14 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)
• Струмица 41, активни 25
• Крива Паланка 26, активни 12
• Радовиш 35, активни 11
• Крушево 16, активни 5
• Кочани 112, активни 23
• Пробиштип 63, активни 18
• Демир Хисар 43, активни 29
• Македонски Брод 53, активни 41
• Пехчево 6, активни 0
• Берово 8, активни 4
• Валандово 7, активни 1
• Виница 33, активни 29
• Делчево 5, активни 3 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 14, активни 4
• Свети Николе 244, активни 116
• Кичево 202, активни 121
• Ресен 146, активни 12
• Неготино 32, активни 12 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 762 теста се преку: ИЈЗ-433, ЦЈЗ Скопје-12, Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -0, Жан Митрев (Филип Втори)-124, Систина со PCR метода -128, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-46, Инфективна клиника-7, ГАК-12. Досега во земјата се направени вкупно 115590 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 14 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 4 деца позитивни на вирусот, и 7 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 31, а во болницата во Штип се хоспитализирани 52 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 122 пациенти – позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет3 часа

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија5 часа

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Свет5 часа

(Видео) Пустош во Чикаго по протестите: повредени се 13 полицајци, уапсени се повеќе од 100 лица

Повеќе од 100 лица се уапсени, а 13 полицајци се повредени откако стотици луѓе се судрија со полицијата во Чикаго.Тие...

Македонија6 часа

Регистрирани 109 нови случаи на Ковид-19, починало едно лице, а оздравеле 422 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 762 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на...

Свет6 часа

Падна либанската влада

Либанската влада поднесе оставка, потврди министерот за здравство Хамад Хасан. „Целата влада си поднесе оставка“, рече Хасан. Либанската влада падна...

Свет7 часа

(Видео) 13 лица повредени во пожар на бензинска пумпа во Русија

13 лица се повредени во пожар на бензинска пумпа во рускиот град Волгоград, јави АПА повикувајќи се на ТАСС. Според...

Свет8 часа

Бројот на заразени од коронавирус надмина 20 милиони

Бројот на луѓе што се заразиле од коронавирусот во светски рамки надмина 20 милиони и сега изнесува 20.023.522, објави страницата...

Македонија9 часа

МВР: Актите за двојазичните унифoрми треба да се достават до Владата

Министерството за внатрешни работи се повикува на Законот за употребата на јазиците откако денеска министерот Агим Нухиу потпиша правни акти...

Македонија10 часа

„Повторно ќе го живеам животот со полни гради“, вели Иван кому му беше трансплантирано срце

Насмеан и полн со енергија, утрово Иван беше на контрола на Клиниката за државна кардиохирургија. Тој е првиот пациент во земјата...

Македонија10 часа

Состанокот за протоколите за училиштата ќе продолжи утре

Утре ќе продолжи состанокот на Комисијата за заразни болести со претставници на Министерството за образование и наука, на кој се...

Македонија12 часа

Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични натписи на полициските униформи

Држејќи двојазична плакета, министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, соопшти дека ги потпишал актите, со кои полициските униформи ќе добијат...

Свет13 часа

(Видео) Насилни протести во Белорусија, полицијата уби најмалку еден човек

Најмалку еден човек е убиен, а десетици се повредени за време на антивладините протести во Белорусија. Како што пренесуваат светските...

Македонија13 часа

Министерот Адеми се излекува од коронавирусот

Министерот за образование, Арбер Адеми, соопшти дека се излекувал од Ковид-19. „Конечно заврши предизвикот со Ковид-19! По две негативни последователни...

Свет14 часа

Младите во светот со неодговорното однесување го шират коронавирусот

Здравствените власти што се борат со пандемијата на коронавирусот се соочени со нов проблем – однесувањето на младите, кои ги...

Регион15 часа

Пет лица загинаа во поплавите на грчкиот остров Евија, меѓу нив и бебе

Пет лица, меѓу кои и бебе, загинаа, а уште едно исчезна во неделата кога поројни дождови и поплави го погодија...

Македонија15 часа

Само во Пехчево нема ниту еден заразен од коронавирус

Пехчево е единствениот град во Македонија, во кој во моментот нема ниту еден активен случај со коронавирус. Во Пехчево, досега...

Свет1 ден

Европска комесарка: Вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на годинава

Европската комесарка за здравство, Стела Киријакидес, рече дека вакцината против Ковид-19 може да биде достапна до крајот на оваа година....

Македонија1 ден

Директорката на санитарниот и здравствен инспекторат во самоизолација, имала контакт со заболено лице

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова – Бухова, ќе помине 14 дена во самоизолација затоа што имала...

Македонија1 ден

Македонија на второ место по стапката на смртност од Ковид-19 во регионот

Во регионот, најголема стапка на смртност од коронавирус е регистрирана во Словенија, а потоа следат Северна Македонија и Албанија, објави...

Досие