Контакт

Македонија

(Видео) Мицкоски: Со најдобрата програма досега ќе ѝ ставиме крај на оваа влада со изместени вредности

Објавено пред


Во Македонија не се живее подобро, рече денеска на прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој истакна дека стануваме држава каде сиромаштијатa расте, стандардот опаѓа, а корупцијата е највисока во Европа.

„Владата залудно потроши 10 месеци од животот на сите граѓани. Не е само проблемот што не решаваат потешкотии, не носат нови проекти, не реализираат ветувања, туку суштината е што не работат апсолутно ништо. Имаме уназадување на стандардите во секое поле. Политичко, економско, социјално“, рече претседателот на опозициската партија. Мицкоски подвлече дека земјата се соочува деградиран политички и правен систем каде, како што кажа, упадите, кршењата и непочитувањатa стануваат пракса.

„СДСМ и Зоран Заев донесоа изместени вредности во политиката и секојдневното живеење. Најпрво го узурпираа собранието, ги прекршија сите можни процедури во собранието само за да го донесат неуставниот закон за јазици и откако на сила го изгласаа, а Претседателот Иванов се одлучи да го заштити Уставот тие тргнаа во офанзива да го напаѓаат дека го крши Уставот. И ова е еден доказ за изместените вредности“, рече тој.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека станува збор за неуставен закон за јазици кој како со нож го дели ова општество.

„Држава во која народните избраници кои го изгласале законот за јазици полицијата ги чува од сопствениот народ. Дополнително дел од нив јавно си кажуваат дека седеле дома за да не провоцираат, значи, свесни се дека тоа што го направија е провокација и е далеку од здравиот разум“, рече Мицкоски. Како што истакна тој, во моментов имаме држава на премиер со концесии: „Имаме ситуација каде едниот коалиционен партнер му ја држи главата на Заев под вода и на него му снемува воздух. Човекот враќа долгови и тоа освен што е штетно за државата е трагично да се гледа. Како волјата за власт по секоја цена го корумпира човекот“.

Лидерот на опозициската партија во своето обраќање се задржа и на економските состојби во државата.

„Додека ова се случувам нема поголеми плати пензии. Коморите се жалат. Синдикатите се жалат, земјоделците се жалат. Младите забрзано се иселуваат дополнително разочарани од животов што дојде. Хаос владее насекаде. Нема ден да одмине без некој нов скандал. Народот оправдано е зачуден или подобро шокиран. Денес Македонија е киднапирана и срушена држава. Ги киднапираат и узурпираат институциите, законите, уставот, а главната одлика им е рушењето“, констатираше Мицкоски.

Во обраќањето тој истакна и некои од плановите што ги има ВМРО-ДПМНЕ во однос на тоа како може да се надмине ваквата ситуација.

„Ние спремаме најдобра програма досега, со тим домашни и странски експерти. Се екипираме. Се приклучуваат многу нови луѓе на дневна основа. Многу брзо ги обзнануваме и ќе ги обзнаниме советите во кој што ќе членуваат професори истакнати професионалци, академици. Ние работиме да му понудиме на народот алтернатива. Енергијата расте, бидејќи Македонија заслужува подобро“, рече Мицкоски.

Информираше и дека од утре продолжува со теренските посети.

„Природната средина на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде теренот меѓу граѓаните. Ќе одам во град, во село, од куќа до куќа и ќе разговараме со народот. Гласот на народот мора да биде слушнат, ќе разговараме и понудиме решенија. Остануваме со народот во сите предизвици и заедно ќе дојдеме до излезот кој ќе значи оваа власт да си замине“, кажа претседатлот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање.

Македонија

Грчкото МНР: Хан да не дава погрешна слика за преговорите за името

Објавено пред

Од

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение го повика еврокомесарот Јоханес Хан да не создава погрешна слика за спорот за името. Во кусото соопштение Грција му порачува на Хан да не ги поткопува преговорите бидејќи не ги разбира.

Претходно, денеска, еврокомесарот рече дека за 15 дена Македонија и Грција би можеле да изнајдат решение за спорот за името. Неговата изјава ја коментира и премиерот Зоран Заев, кој посочи дека иако посакува, не верува оти спорот би можел да биде решен за две недели.

Утре во Виена, во посредство на медијаторот Метју Нимиц, министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе остварат средба на која ќе разговараат за спорот за името.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Шекеринска на панел-дискусија со групата „Охрид“: Успеавме да го исполниме она што ѝ треба на Македонија

Објавено пред

Од

Заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска учествуваше на панел-дискусија заедно со претставници на новоформираната група „Охрид“ во која членуваат поранешни дипломати за поддршка на Македонија на нејзиниот пат кон членство во НАТО и ЕУ.

На панелот учествуваа и поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, поранешнот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, францускиот дипломат Ален Ле Роа и лордот Кристофер Геијд, поранешен приватен секретар на кралицата на Обединетото Кралство и член на Горниот дом на британскиот Парламент.

Заблагодарувајќи се на сите членови на неформалната група „Охрид“ за нивните напори и понудената помош во исклучителните моменти кога се случуваат многу работи во Македонија, Шекеринска истакна дека со поранешните дипломати соработувала во минатото и дека Македонија уште тогаш се покажа како кредибилен партнер на ЕУ и НАТО.

„Денеска, кога одлучуваме за нашето учество во мисии во Авганистан, Босна и Херцеговина, во Либан, меѓу другото, како држава мислам дека имаме обврска тоа што функционира и ѝ помогна на Македонија да го искористиме и да го понудиме како наша помош на други држави“, рече вицепремиерката Шекеринска.

Таа се осврна на улогата на Европската Унија и НАТО во минатото како сојузник на Македонија за обезбедување на мирот и стабилноста во напорите да се создаде општество без етнички бариери.

Вицепремиерката истакна дека актуелната Влада, следејќи ги европските лекции, го прифати развивањето добрососедски односи и посебно преку договорот со Бугарија покажа дека само така може да се гарантираат напредокот и заедничката безбедност на балканските држави.

„Како Влада, по 10 години успеавме да го исполниме она што ѝ треба на Македонија и мора да сметате на нас и нашите стратешки интереси што ги решаваме како заеднички интереси на сите граѓани и соседи“, им се обрати Шекеринска на пријателите од неформалната група за поддршка на евро-атлантските интеграции на Македонија предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон.

Во своето обраќање Робертсон оцени дека во минатото Македонија се соочила со разни интереси и била земја на работ на распаѓање, но не се распаднала благодарение на граѓаните што се обединија.

Заедно со поранешниот претседател на Република Бугарија, Росен Плевнелиев, Робертсон се согласи дека просперитетна земја и земја со добра иднина се гради само со надминување на партиските интереси и соработка на преостанатите полиња, како што се економскиот и културниот развој во регионот.

Плевнелиев нагласи дека единствен начин за градење стабилен и безбеден Балкан се заедничката соработка и довербата во економски и културни проекти што ги обединуваат граѓаните. Тој посебно позитивно ги оцени добрососедските односи меѓу Македонија и Бугарија додавајќи дека тие се чин на политичка добра волја и споделување на заедничката историја, а не на поделби.

Францускиот дипломат Ален Ле Роа се осврна на можноста како дел од групата на пријателите на Македонија да им помогне на државата и граѓаните, кои веќе чекорат по патот на европската перспектива. Ле Роа рече дека неформалната група нема политички мандат, но може да помогне со разни стручни експертизи и искуства.

За важноста на членството на Македонија во ЕУ и НАТО говореше и поранешниот портпарол на Северноатлантскиот сојуз, Марк Лејти. Тој истакна дека со членството во ЕУ и НАТО се обезбедува рамка, која Владата и граѓаните треба да ја искористат за креирање на економските и демократските можности, но особено за обезбедување на владеењето на правото, кое е клучно за економскиот раст и просперитет.

„Имав средби со премиерот Заев и тој ме убеди дека приоритет на оваа земја е да ги задржи младите луѓе и тоа е клучно, така ќе се создадат вистински можности за економски инвестиции“, додаде Лејти.

 

 

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Села: „Алијансата за Албанците“ ќе ѝ биде лојален партнер на меѓународната заедница

Објавено пред

Од

Претседателот на „Алијансата за Албанците“, Зијадин Села, денеска се сретна со американскиот експерт за прашањата на Балканот и надворешната политика, Даниел Сервер.

„Во билатерална средба што се одржа во многу важен период за евро-атлантската иднина на Македонија, Села и Сервер разговараа за важноста на евро-атлантските интеграции на земјата, исполнување на сите барања, без дополнителни одложувања и насочување на целокупната политика на Балканот кон ЕУ и САД. Села го повтори ставот дека одвојувањето на Македонија и регионот од источното влијание, особено руското, е стратешки интерес за Албанците и сите балкански народи“, соопшти „Алијансата за Албанците“.

Понатаму, Села истакнал дека „Алијансата за Албанците“ ќе биде лојален партнер на меѓународната заедница кон остварување економски и социјален напредок и функционирањето на владеењето на правото во Македонија како единствен начин за гарантирање на мирот и стабилноста во земјата и регионот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Грчкото МНР: Хан да не дава погрешна слика за преговорите за името

Грчкото Министерство за надворешни работи преку соопштение го повика еврокомесарот Јоханес Хан да не создава погрешна слика за спорот за...

Македонија11 час

(Видео) Заев не верува дека спорот за името ќе се реши за две недели

Посакувам, но не верувам, дека спорот за името со Грција ќе биде решен за две недели, изјави премиерот Зоран Заев...

Македонија12 часа

(Видео) Формирана групата „Охрид“ за интеграција на Македонија во НАТО

Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со поранешниот генерален секретар на НАТО, лорд Џорџ Робертсон, изјави дека е составена...

Македонија12 часа

(Видео) Робертсон: Македонија во 2001 беше пред распад, но сега е пред портите на ЕУ и НАТО

Последен пат во Скопје давав изјава пред 17 години, но тогаш бев присутен во државата во време на криза, а...

Македонија13 часа

Хан: Решение за спорот меѓу Македонија и Грција за 15 дена

Спорот меѓу Македонија и Грција би можел да се реши во следните 15 дена, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан...

Македонија16 часа

(Видео) Сервер: Можеби звучи болно, но македонскиот пат за НАТО и ЕУ минува преку Атина

Познавачот на Балканот, Даниел Сервер, на седницата на Комисијата за eвропски прашања пред присутните истакна дека САД сака сите земји...

Македонија17 часа

(Видео) Тунтев: Неизвесно е дали ќе има решение за проблемот со Грција

Во Македонија се вратија надежта и перспективата за развивање општество, вели координаторот на СДСМ, Томислав Тунтев, според кого извештајот од...

Македонија17 часа

(Видео) Заев: Преговорите за членство во ЕУ ќе ги водат најдобрите луѓе од институциите

Премиерот Зоран Заев преку седницата на Комисијата за европски прашања вели дека по одлуката за почнување преговори за членство во...

Македонија17 часа

(Видео) Жбогар до политичарите: Интеграцијата во ЕУ не е техничка вежба со мапи

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, смета дека извештајот го потврдил напредокот на Договорот од Пржино, како и...

Македонија17 часа

(Видео) Груби: Свесни сме дека годинава нема да станеме дел од ЕУ и НАТО

Свесни сме дека оваа година нема да станеме дел од ЕУ и НАТО, но треба да почнеме преговори, истакна Артан...

Свет18 часа

(Видео) Напаѓачот од Торонто барал од полицајците да го застрелаат за време на апсењето

Агентите кои го истражуваат нападот со комбе во Торонто, во кој во понеделникот беа убиени 10, а повредени 15 лица,...

СЈО18 часа

(Видео) Тачи и Мијалков се сретнаа во судница

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, и поранешниот прв човек на тајната служба Сашо Мијалков се сретнаа во судницата на кривичниот...

Македонија19 часа

Заев домаќин на поранешниот генерален секретар на НАТО, Робертсон

Висока делегација од истакнати дипломати, предводена од поранешниот генерален секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, денеска ќе престојува во Скопје. Делегацијата...

Свет20 часа

Уапсен напаѓачот кој прегази десет луѓе во Торонто

Возачот кој со комбе прегази десетмина пешаци во Торонто е приведен. Според последните информации, станува збор за 25-годишниот Алек Минасиан....

Македонија21 час

Димитров ќе се обрати на Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, денеска ќе има обраќање на априлската сесија на Парламентарното собрание на...

Македонија2 дена

На Преспанското Езеро се продаваат вили „Јелена Карлеуша“ и „Лепа Брена“

Битолчанец ги спои српските ѕвезди Јелена Карлеуша и Лепа Брена. Капм-приколките опшиени со лимени тараби во автокампот „Крани“ ги крстил...

Македонија2 дена

Димитров в среда ќе се сретне со Коѕијас и Нимиц во Виена

Министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, в среда (25 април) во Виена во...

Македонија2 дена

Извештајот за СЈО ќе се разгледува в среда

Седницата за Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците се одложи поради координацијата на политичките партии, по барање на...

Македонија2 дена

Мендух Тачи и Сашо Мијалков утре седнуваат на обвинителна клупа за „Титаник 2“

Утре почнува судењето за Мендух Тачи, Сашо Мијалков и поранешните членови на Државната изборна комисија, Сашо Срцев, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска...

Македонија2 дена

Советот на јавни обвинители ќе ги интервјуира кандидатите за шефовските позиции на организиран криминал и скопското обвинителство

Советот на јавни обвинители оваа и следната недела ќе ги интервјуира кандидатите за обвинители и кандидатите за шефовите на скопското...

Досие