Контакт

Македонија

(Видео) Мијалков барал спас во амнестијата на Иванов, судот го одби

Објавено пред

Кривичниот суд на рочиштето за предметот за масовното прислушување „Таргет-Тврдина“ му соопшти на адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски, дека не го прифаќа приговорот со кој тие се повикаа на одлуката за помилување на претседателот Ѓорге Иванов.

Судијката Џенета Бектовиќ рече дека судот веќе го ценел обвинението во фазата оценка на обвинителен акт и ги одбил приговорите за прифаќање на помилувањето на адвокатите.

Специјалното јавно обвинителство побара да се спои постапката во предметот за масовното прислушување и за поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Денеска, СЈО ги изнесува воведните говори во предметот.

Македонија

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Објавено пред

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол во Црна Гора.

„По повод наводите што се објавени во медиумите, како и интересирањето на медиумите по ова прашање, а кои се однесуваат на тоа дали поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски, влегол во Црна Гора на 11 ноември 2018 година, поради вистинитоста на информирањето на јавноста го објавуваме следново: Никола Груевски ја напуштил Црна Гора истиот ден кога влегол во нашата земја. Црногорската полиција во целост ги испочитувала законските процедури“, се наведува во соопштението на управната полиција во Црна Гора.

Во соопштението нема детали од кој граничен премин Груевски заминал од земјата.

Претходно албанската полиција соопшти дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за Црна Гора на патот кон Будимпешта. Албанската полиција јави дека Груевски ја поминал границата преку преминот Хан Хоти-Муриќан, на албанско-црногорската граница, во возило во сопственост на унгарската амбасада во Тирана.

Албанската полиција додаде дека во периодот кога Груевски ја поминал границата немало издадено меѓународна потерница по него.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Пишев демантира: Не реков дека ќе убиеме, туку дека ќе умреме за Македонија

Објавено пред

Најостро ја осудувам грубата и тенденциозна манипулација на порталот А1он, но и на други медиуми и портали кои ја пренесоа веста со наслов дека јас наводно сум рекол „Ако треба и ќе убиеме за Македонија”,  вели пратеникот Васил Пишев преку демант.

„Таа реченица никогаш и никаде не сум ја рекол, пишал или изјавил и е тотална невистина и лага. Моето пишување кое го пренесоа почесните медиуми во такви околности на неконтролиран влез на луѓе, јас пишав, ако треба и ќе умреме за Македонија. И тоа и денес го мислам, дека тоа е свето право на секој Македонец. Потенцирам, дека да умреш или да убиеш има огромна разлика дури и за малите деца“, се вели во демантот на Васил Пишев.

Со ништо не сум заслужил, вели тој,  моите чест и углед да бидат нарушени и тоа никогаш нема да го дозволам.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Објавено пред

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска, но не успеаја да стигнат до нејзината куќа бидејќи припадниците на МВР, кои беа поставени на почетокот на улицата, ги спречија.

Демонстрантите извикуваа „Македонија, Македонија“.

Лидерот на партијата Единствена Македонија, Јанко Бачев, ја повика поранешната министерка да излезе од својот дом и да се помири со граѓаните, а не со, како што кажа, оние во Собраниет бидејќи тие имаат единствена цел само да ја продадат Република Македонија.

„Излези Бети, излези, ако не поради нешто друго, барем поради тоа што си домаќинка. Излези со народот и прими го писмото од граѓаните“, рече Бачев.

Демонстрантите исто така го прочитаа писмото кое минатата недела го дадоа и на останатите пратеници кои гласаа за уставните измени во Собранието на Република Македонија, меѓу кои и Сашо Василевски, Љубен Арнаудов и Крсто Мукоски.

Виктор Јованов

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Црногорската полиција: Груевски влезе во Црна Гора и ја напушти истиот ден

Црногорската полиција објави соопштение по информацијата дека експремиерот Никола Груевски на патот кон Унгарија поминал низ Албанија, по што влегол...

Македонија6 часа

(Видео) Демонстрантите спречени да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Поддржувачите на иницијативата „Македонија блокира“ вечерва се упатија во населбата Пржино, кон домот на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа-Милевска,...

Македонија7 часа

Албанската полиција потврди дека Груевски поминал низ Албанија при бегството во Будимпешта

Полицијата во Албанија за албанската телевизија „Топ ченал“ ги потврди информациите дека експремиерот Никола Груевски преку албанската граница заминал за...

Македонија9 часа

Директорите на ученичките и студентските домови бараат повеќе пари од државата

Здружението на директори на ученичките и студентските домови во државата бара зголемување на партиципацијата за ученик, студент која ја добива...

Македонија10 часа

Стејт департмент: Груевски да ја отслужи казната во својата земја

Поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој бара политички азил во Унгарија, треба да ја отслужи затворската казна во својата земја,...

Македонија10 часа

(Видео) Марковски: Одговорност да се бара од МВР, СЈО и од судот

МВР, СЈО и судот, ова се трие институции од кои треба да се бара одговорност за бегството на експремиерот Никола...

Македонија10 часа

Во битката со аерозагадувањето приоритет се домаќинствата и транспортот

Со двегодишен план и стратегија за справување со аерозагадувањето и дополнителни 1,5 милион евра за интервентни мерки за две години...

Македонија12 часа

Како се организирало бегството на Груевски – под истрага и полицајци во МВР

Две истраги во моментот се водат во Министерството за внатрешни работи за да се утврди како било организирано бегството на...

Македонија13 часа

(Видео) Бошњаковски: За екстрадицијата на Груевски прибрана е документација на 400 страници

Досега е прибрана документација на повеќе од 400 страници, со која македонското Министерство за правда ќе бара екстрадиција на Никола...

Македонија13 часа

Обвинителството: Постојат сомнежи дека службени лица му помогнале на Груевски нелегално да излезе од Македонија

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори предмет по допрен глас за бегството на поранешниот премиер Никола...

Македонија13 часа

Невладините организации укажаа на сите пропусти на истражните органи за бегството на Груевски

Петнаесетина невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет, „Цивил“, Македонското здружение на младите правници, „Евротинк“, МОФ, „Транспаренси интернешнл“ и „Транспарентност...

Македонија13 часа

(Видео) Орбан за азилот на Груевски: Прашајте ги правниците зошто не е во транзитен центар

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, запрашан од „24.ху“: „Како може криминалец од Македонија илегално да влезе во Унгарија и зошто не...

Крвав четврток14 часа

Вибер-контакт на Мукоски на 27 април: „Шеќерка мене остајте ми ја, отворајте ги вратите“

Од вибер-групата, каде што членуваат некои од пратениците и членови на ВМРО-ДПМНЕ, преку која се организирале граѓаните да дојдат во...

Крвав четврток14 часа

Јанакиески до Мукоски на 27 април: Алал вера за денес, брат

Од СМС и вибер-пораките за 27 април, кои Јавното обвинителство денеска ги презентира на рочиштето за крвавиот четврток во комуникацијата...

Македонија15 часа

Министер од кабинетот на Орбан: Груевски побарал азил преку амбасада на Унгарија

Министерот Гергели Гулијаш од кабинетот на унгарскиот премиер, Виктор Орбан, потврди дека Груевски дал изјава во унгарска амбасада, каде што...

Европа16 часа

Британскиот министер за брегзитот поднесе оставка

Британскиот министер за брегзитот, Доминик Раб, денеска поднесе оставка во знак на протест поради договорот на премиерката Тереза Меј за...

Македонија17 часа

Српска „Политика“: Груевски побегнал преку Албанија

Провладиниот белградски весник „Политика“ во денешното издание на насловната страница објавува текст во кој се тврди дека Груевски во Унгарија...

Македонија17 часа

Бугарското Министерство за правда: На Груевски не му е издаден бугарски пасош

Никола Груевски не е бугарски државјанин и нема поднесено документи за издавање бугарски пасош, соопшти бугарското Министерство за правда по...

Македонија1 ден

Рот за бегството на Груевски: Унгарија ги отвори границите за мигрантите, неверојатно

Државниот секретар за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Германија, Михаел Рот, доцна вечерва на својот твитер-профил напиша...

Македонија1 ден

Како Груевски го стопи срцето на Орбан

„Орбан одби 70 проценти од барањата за азил на луѓе кои бегаат од војна, сиромаштија и угнетување. Но, има нешто...

Досие