Македонија
(Видео) Муцунски: Владата води попустлива политика во преговорите со Бугарија

Имајќи предвид дека владата води попустлива политика во делот на надворешната политика, граѓаните се загрижени кој и што преговара со Бугарија, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром при посетата во Битола, одговарајќи на новинарско прашање за преговарачката рамка за Македонија при што истакна дека никако не смее да се дозволи бугарските барања да влезат во рамката.
„Во делот на надворешната политика би кажал дека Бугарија има такви ставови какви што има кои се неевропски и кои не содејствуваат со демократските вредности на 21 век и тоа никако не би смееле да дозволиме ние како држава која има свое влијание како би изгледала преговарачката рамка доколку се дојде до нејзе такви ставови и гледишта да има во неа“, рече Муцунски.
Тој посочи дека истовремено тоа што секој граѓанин на Република Македонија го загрижува е фактот што имаме влада која, како што кажа, е позната по попустливост во надворешната политика и влада која не знае да ги заштити македонските национални интереси.
„Затоа верувам дека граѓаните, но и ние како политички субјект сме навистина загрижени кој ги води преговорите во овој момент. И економијата и надворешната политика се само дел од аргументите и дополнителна теза од потребата за брзи предвремени парламентарни избори. ВМРО—ДПМНЕ како политичка партија е подготвена да се откаже од т.н. Пржинска влада дајте час поскоро да има парламентарни избори“, изјави Муцунски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мишел за францускиот предлог: Како пријател, сакам да ви кажам дека можноста е премногу важна за да се пропушти

Вие одлучувате за вас и вашите чекор, а С. Македонија припаѓа во ЕУ. Ова е ставот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел. За него, решението е урамнетежено, а целта е да се започнат пристапните преговори.
„Ако кажете да, првата Меѓувладина конференција ќе се организира во следните денови. Ќе следуваат следните чекори, ќе започне скрининг процесот, односно билатерален скрининг, ќе бидат повикани преговарачки тимови во Брисел и со овој предлог јасно дискутираме за македонскиот јазик. Исто така, свесни сме за загриженоста за националниот идентитет, можете да очекувате дека ќе стојат зад вашите легитимни права. Добрососедските односи се неопходни во процесот на проширување. Што се однесува до почитувањето на малцинствата, во договорот за ЕУ е зацртано, а вие сте одличен пример како тоа се почитува“, посочи Мишел.
Тој посочи, суверен избор е одлуката дали ќе се прифати францускиот предлог.
„Доаѓам во клучен момент. Ги споделив уверувањата дека иднината на моите три деца и иднината на сите наши деца ќе биде побезбедна, попроспиритетна со Западен Балкан во ЕУ. И на Европскиот совет го имаше истото чувство, кое ги инспирираше 27 земји членки да донесат таква одлука и да го унапредиме ЕУ. 27 лидери се сретнаа со лидерите на Западен Балкан, имавме искрен, отворен и тежок разговор. Тој беше мошне потребен. Се слушавме меѓусебно и формално одлучивме да внесеме нова динамика да продолжиме со Западен Балкан. Сакаме да се приклучите и целта е да го забрзаме прцеост“, додаде Мишел.
„Како пријател, сакам да ви кажам дека оваа можност е премногу важна за да се пропушти, не сме биле толку блиску како Македонци. Имате можност да кажете да за ЕУ, да за вашите деца вашата земја. Можете да сметате на полтиичка и финансиска поддршка. Почитувани Македонци, само заедно можеме да се соочиме со предизвиците, да живееме во проспиритет и безбедност“, додаде додаде Мишел.
Македонија
Ковачевски: Со францускиот предлог, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени

Премиерот Димитар Ковачевски тврди дека во европскиот предлог има дефинирани позиции за прифаќање на македонскиот јазик. Во предлогот, македонскиот јазик е чист, еднаков како другите јазици, без фусноти и ѕвездички. Со францускиот предлог, според Ковачевски, историјата, јазикот и идентитетот се заштитени. Пред јавноста и натаму тврди дека протоколот со кој се исполнуваат бугарските желби, не е дел од преговарачката рамка. Пред јавноста, тој го повтори тоа што денови претходно го говори. Ковачевски повика да се прифати предлогот, иако невладини организации, македонисти, граѓани на протести повикаа да се одбие.
„Наша обврска ќе биде да работиме на добрососедските односи, со исполнување на Договорот за добрососедство. Протоколот меѓу С. Македонија и Бугарија не е нотиран во преговарачката рамка. Европскиот предлог и протоколот се два различни, неповрзани процеси. Преговарачкиот процес ќе можеме да ги реализираме без одлагање. Овој конечен предлог, овозможува безусловен старт на преговорите“, додава Ковачевски.
„Главната тема за мене е отворената широка консултација за искористување на една од најповолните позиции во која некогаш сме се наоѓале за остварување на најважната стратешка цел, тоа е влезот во ЕУ. Со сите разговараме за предлог во кој се вклучени забелешките низ јасно изразени ставови. Предлогот со сите документи е јавно објавен, а ќе биде објавен и билатералниот протокол со Р. Бугарија. Сакам да изразам благодарност за поддршката која ја добиваме од ЕУ, САД и останатите наши соседи за модифицираниот предлог, за преговарачката рамка. Овој предлог е основа на важното прашање за обезбедување на она што го чекаме. Предлогот е во целост со резолуцијата во Собранието, што покажува дека Владата, јас како премиер ги застапуваме позициите дома и надвор. Тоа државничко однесување вроди со плод“, посочи Ковачевски.
Билатерланите прашања се надвор од преговарачката рамка, повтори одново Ковачевски.
Македонија
ДУИ: Стоп на насилните антиевропски протести на проруските сили

Синоќешните слики на насилство, напаѓајќи ги институциите и органите на редот, јасно покажуваат дека организаторите и поддржувачите на насилните протести продолжуваат да негуваат деструктивни антиевропски цели, служејќи на тој начин на проруските политики за дестабилизација на земјата и регионот, реагираат од Демократската унија за интеграција.
Демократската унија за интеграција, додаваат од таму, најостро ги осудува обидите за дестабилизација на државата, поделеноста меѓу граѓаните со цел создавање на нови тензии, затоа итно бара од сите политички чинители, граѓаните и целото граѓанско општество да престанат и итно да се осудат насилните антиевропски протести.
„Токму во периодот кога државата го заокружува патот за да ја постигне тридецениската цел, ВМРО ДПМНЕ и Левица треба да седнат и да разговараат за овие добронамерни процеси, а не да организираат насилни протести, да шират лажни вести и да размислуваат црни сценарија за да ги исплашат граѓаните. После долги години чекање, конечно ја имаме можноста што ја заслуживме да ги започнеме преговорите за членство во Европската Унија и пред нас го имаме предлогот кој е во согласност со Резолуцијата на нашето собрание и го гарантира идентитетот, јазикот и културата на нашите сограѓани македонци“, е наведено во соопштението од ДУИ.
Демократската унија за интеграција, заедно со граѓаните, уште еднаш уверува дека нема да дозволи сили со проруско убедување да користат насилство врз институциите и да ја загрозат иднината на државата.
„Ние сме земја членка на НАТО и ќе го продолжиме европскиот пат, друга алтернатива нема!“, потенцираат од ДУИ.