Контакт

Македонија

(Видео) Начева: СДСМ, место да формира монтажен регионален ковид-центар, импровизира

Објавено пред

„Какви се овие решенија што им се нудат на граѓаните во процесот на лекување од Ковид-19? Па, зарем во Штип не требаше да се формира монтажен регионален ковид-центар? За информација на граѓаните, поранешниот градоначалник бараше од Советот на Општина Штип изнаоѓање флексибилна, мобилна и едноставна структура од монтажен карактер, која требаше да одговори на потребите во справувањето со коронавирусот“, изјави Весна Нaчева од ВМРО-ДПНЕ.

Според неа, уште на 29 јули Советот на Општина Штип донесе одлука за формирање ваков центар. Меѓутоа, и тогаш знаевме, а и сега гледаме, дека таа одлука била залудна затоа што власта нема абер од монтажна болница.

„Меѓутоа, тоа не е единствениот проблем. Кога се пополнија капацитетите на инфективното одделение и кога почнаа да се препраќаат пациентите на лекување во Кочани, раководните структури на болницата направија импровизирано одделение за болни од Ковид-19 на одделението за кожни болести. И, наместо да се фокусираат на доградба на со години неизградената нова клиничка болница, тие ветуваа монтажна болница. Наместо да го формираат таканаречениот монтажен регионален ковид-центар, тие импровизираат инфективно во кожно одделение. Па, така, власта веќе 9 месеци се врти во круг, а граѓаните бараат тест повеќе, место повеќе, кислород повеќе“, додаде таа.

Македонија

Сончево и стабилно време, со ниски утрински температури

Објавено пред

Времето ќе биде сончево со умерена, а повремено со значителна облачност. Ќе дува умерен, по должината на Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно со умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 10 степени.

Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Филипче на работен состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центите на интерните клиники

Објавено пред

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево се сретна со директорoт на Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), Александар Трајановски и со директорите на ковид центрите од комплексот „Мајка Тереза“.

Оваа средба беше редовна коориданција околу отворањето на новите болнички капацитети за ковид пациенти во склоп на хируршките клиники. На сотанокот се разговараше за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ, кој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, а согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација.

Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на ОРЛ и на хируршките клиники. Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.

Прикажи повеќе...

Македонија

Левица: Утре поднесуваме 61 барање за надзор до инспекторат за труд поради партиски вработувања во училиштата

Објавено пред

Партијата „Левица“ реагира на партиски вработувања во училиштата, односно за, како што велат, скандалозните јавни огласи за вработување во образованието, кои незаконски траат помалку од
предвиденото.

„ Одамна се зборува за партизацијата на јавните служби, и одамна истата состојба сè подрастично се влошува. Секоја промена на власта донесува нови партиски послушници на работни позиции кои честопати се креирани само за исполнување на партиски долг кон нив, што доведува до ново пустошење на буџетската каса, ново нанесување неправда на граѓаните на Македонија кои не можат да добијат квалитетни и навремени услуги од така изобличениот и оптоварен систем.

Со намера што поквалитетно да ги сервисира потребите на партиските послушници, а без најмалку грижа за реалните потреби на граѓаните, на крајот од јуни 2018 година власта направи измени во ЗРО според кои обезбеди вулгарна нетранспарентност при огласувањето слободни работни места, скратувајќи го рокот за огласување од пет на три работни дена, а со цел да се осигура дека не оние кои се способни, туку тие кои се партиски подобни ќе ги пополнат работните места.

Меѓутоа, изгледа и тоа не им е доволно, бидејќи деновиве сведочиме на огласи за вработување во училишта (над 60 огласи!) во кои не се почитуваат одредбите од чл.23 ст.1 а.6 од ЗРО, каде што се предвидува огласот да трае три работни денови, а не само еден работен ден!? И тоа во исто време кога на министерката на надлежното министерство устата ѝ е полна со приказни за реформи, за кои планира дополнително да ги задолжи граѓаните на Македонија со кредит од 25 милиони долари кај Светска банка, додека во пракса наставата се импровизира, а илјадници деца едноставно се исфрлени од системот за образование.

Од локалниот огранок на Левица – Прилеп, вчера беше објавена скандалозна слика од документ – јавен оглас за вработување (наставник по економска географија), кадешто се гледа дека огласот трае само три дена – и тоа петок, сабота и недела, односно еден работен ден! Трудовиот сектор на Левица го истражи случајот и дојде до информации дека вакви има повеќе десетици случаеви. Поради ова, утре Левица до Државен инспекторат за труд, ќе поднесе 61 Барање за вршење на вонреден инспекциски надзор во врска со кршење на чл. 23 ст.1 а. 6 од Закон за работни односи.

Оттука, со право можеме да прашаме, што е следниот чекор на патот кон Европа? Да почнат ниту да не ги огласуваат слободните работни места надвор од партиските штабови!?“ велат од партијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет13 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет14 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија15 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија17 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион19 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа19 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија20 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион20 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија21 час

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа21 час

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион22 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа22 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија23 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет23 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет23 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет24 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија1 ден

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Досие