Македонија
(Видео) На денот на жалост ечи турбофолк од дискотека во центар

Од дискотеката „Муд најт клаб“ во центарот на Скопје на вториот ден на жалост поради автобуската несреќа во која загинаа 14 лица вечерва ечи гласна турбофолк музика.
Жители кои живеат близу дискотеката до „Макфакс“ испратија видео на кое се слуша гласна музика од забава во дискотеката.
Вториот ден на жалост трае до полноќ, а музиката се пушта од 21 часот. Дискотеката се наоѓа веднаш до меѓуградската автобуска станица од каде за последен пат тргна кобниот автобус.
Владата прогласи дводневна жалост поради смртта на 14 лица кои загинаа на автопатот Скопје – Тетово.
Според сознанија на „Макфакс“ од жителите кои живеат во близина, бучавата од дискотеката била пријавувана повеќепати во полицијата и во Инспекторатот за животна средина на општина Аеродром, но судејќи по вечерашното непочитување на денот на жалост, ефекти нема.
Набргу по веста на „Макфакс“, музиката беше прекината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Студентите по медицина бараат бесплатна вакцинација против Хепатитис Б

Здружението на студенти по медицина – ЗСМ до Министерството за здравство достави петиција со кое бара бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина против Хепатитис Б вирусот
„Како студенти по медицина секојдневно сме во контакт со различни видови инфективен материјал, присуствуваме на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите, така и за останатите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на владата на РСМ како и на Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина. Ваквиот ризик директно влијае и на квалитетот на наставата. Невакцинирањето на студентите по медицина кои слушаат клинички предмети е на штета на практичната настава која се одвива на медицинските факулетети во државата, поради стравот на студентите за земање активно учество“, велат од Здружението.
Петицијата е поддржана од Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА Македонија, Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА и Факултетското студентско собрание на Медицински факултет – Скопје.
Македонија
Проштална средба на Димитров со турската амбасадорка во земјава

Министерот за надворешни работи Никола Димитров оствари проштална средба со амбасадорката на Република Турција во земјава, Тулин Еркал Кара.
Димитров изрази благодарност за заложбите на амбасадорката Еркал Кара во унапредувањето на билатералните односи и пријателството меѓу двете земји, посакувајќи и’ успех во следните професионални ангажмани и предизвици. Посебно беше нагласено задоволството што набргу Македонија од природен, ќе стане и официјален сојузник на Република Турција во НАТО, со што двете држави ќе соработуваат заедно во засилувањето на безбедноста на нашиот регион, но и на цела Европа.
Амбасадорката Кара, реафирмирајќи ја силната поддршка којашто Турција и ја дава на Македонија, изрази охрабрувачки пораки за претстојното финализирање на процесот на зачленување Северна Македонија во НАТО, како и за понатамошен напредок кон ЕУ. Воедно, изрази благодарност за одличната соработка и поддршка која и’ беше искажана од страна на македонските институции за време на нејзиниот мандат.
На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи кои бележат посебен подем во економијата, инвестициите, туризмот, културата, образованието, здравството и одбраната, како и за можностите за унапредување на соработката и во сите други области од заемен интерес.
Македонија
Отворен новиот дел од градинката во Јурумлери

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска го отворија проширениот дел од градинката „Морковче“ во Јурумлери.
„Како Влада посветено работиме на зголемување на опфатот на деца во предучилишно образование за 50 отсто за што забрзано се зголемуваат капацитетите во детската заштита. На овој начин преку инвестициите во градинките инвестираме во раниот детски развој, а со тоа и во иднината на нашата држава. За идната година во буџетот издвоивме 105 милиони денари за реконстрикција, опремување и изградба на детски градини, а изминатите две и пол години инвестиравме над 180 милиони денари и обезбедени се дополнителни 15 милиони евра од Светската банка за изградба на градинки“, рече Царовска.
Министерката истакна дека освен што се зголемуваат капацитетите, се работи на подобрување на воспитните програми и на јакнење на кадарот што се грижи и ги воспитува децата.
Градоначалникот на Гази Баба истакна дека градинката „Морковче“ во Јурумлери, конечно, го доби потребниот капацитет за децата.
„Доградбата на новата занимална од 74 квадратни метри овозможува сместување за 24 деца, а канцеларискиот простор што не се користеше го пренаменивме во јасли, со капацитет за нови 22 деца, а со тоа се доби уште една дополнителна занимална. Оваа градинка сега располага со капацитет за 120 деца, кои ќе бидат поделени во групи, соодветни на секоја возраст, можност што досега ја немаа“, рече Георгиевски.
Општина Гази Баба за оваа намена издвои 2,5 милиона денари, а со 500 илјади денари од Министерството за труд и социјална политика е опремена градинката.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија3 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене