Контакт

Македонија

(Видео) Невреме во Охрид

Објавено пред

Охрид, невреме

Невреме со пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Охрид, жителите стравуваат од поплави.

Освен Охрид, силно невреме ги зафати и Крушево, Прилеп и Кавадарци. Во Лазарополе има пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град со големина од 2 сантиметра.

Од УХМР информираат дека попладне на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево ќе има и во Скопската Котлина, а можно е и појава на краткотрајно невреме.

Во наредните денови следува период на променливо и нестабилно време на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Утре врнежите ќе бидат поретки и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, па дневната температура во наредните денови повторно ќе биде малку под просекот за овој период од годината.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Вечерва Централен одбор на владејачкиот СДСМ

Објавено пред

Денеска, со почеток од 18 часот, во седиштето на СДСМ во Скопје, ќе се одржи единаесеттата седница на Централниот одбор на партијата.

„Потсетуваме, седниците на Централниот одбор на СДСМ се работни. За заклучоците и одлуките на Централниот одбор, медиумите ќе бидат дополнително информирани“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

„Водовод“ во акција за исклучување диви приклучоци во Сарај

Објавено пред

Во текот на денешниот ден ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје заедно со комунални инспектори од Град Скопје спроведува акција за исклучување диви приклучоци на територијата на општина Сарај.

„Покрај многубројните апели за разумно и рационално користење на водата во периоди на високи температури, како и информациите за зголемена потрошувачка на водата, упатени до граѓаните, ЈП ‘Водовод и канализација’ – Скопје регистрира голем број диви приклучоци, кои дополнително ја оптоваруваат мрежата и вршат злоупотреба. Акцијата ќе продолжи и во наредниот период сè до целосно нормализирање на состојбата“, велат од „Водовод“.

Оттука, апелираат за разумно користење на водата од страна на сите граѓани на целата територија на град Скопје.

Прикажи повеќе...

Македонија

МТСП: Во првите три месеци од социјалната реформа детскиот додаток им се исплаќа на 20.230 деца

Објавено пред

Во првите три месеци од спроведувањето на социјалната реформа детски додаток им се исплаќа на 20.230 деца, што е трипати повеќе од претходно. Оваа бројка очекуваме да расте и ги повикуваме родителите корисници на гарантиран минимален приход или имаат минимална плата да аплицираат во меснонадлежните центри за социјална работа за користење на ова право.

„Со социјалната реформа Министерството за труд и социјална политика ја прошири достапноста на детскиот и образованиот додаток за неколку категории семејства. Освен примателите на социјална помош, сега овие два надоместока може да ги користат и тричлените семејства со приходи до 11.400 денари, четиричлените семејства со приходи до 13.800 денари и петочлените семејства со приходи до 15.000 денари.

Со социјалната реформа обезбедивме поправедна распределба на додатоците наменети за децата, со што директно влијаеме на намалување на сиромаштијата, особено на детската сиромаштија. На овој начин се овозможува еднаков почеток во животот за сите деца“, соопшти Министерството за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион25 минути

Маскирани мажи нападнале гости додека гледале фудбал во кафуле во Хрватска, петмина повредени

Гостите на едно кафуле во општината Бискупија во близина на Книн, го гледале фудбалскиот натпревар на „Црвена звезда“ кога група...

Топ49 минути

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија3 часа

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија3 часа

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија4 часа

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет4 часа

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија5 часа

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа5 часа

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија16 часа

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија17 часа

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион17 часа

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Македонија19 часа

Павлески: Јанева е жртва на случајот „Рекет“

Адвокатот Стеван Павлески кој ја застапува шефицата на СЈО, Катица Јанева, за случајот „Рекет“ вели дека таа е жртва на...

Македонија20 часа

(Видео) Влада: Одговорност мора да има за сите инволвирани во случајот „Рекет“.

Од Владата соопштија дека отворениот случај „Рекет“, во кој сега осомничена е и првата специјалната обвинителка Катица Јанева, потврдува дека...

Македонија20 часа

Катица Јанева донесена во Кривичен суд на распит

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева попладнево откако беше уапсена, однесена во специјалното јавно обвинителство и во нејзиниот дом, спроведена е...

Македонија20 часа

Заврши претресот во куќата на Јанева, со полиција однесена на распит во суд

По два часа заврши вториот претрес во куќата каде што живее шефицата на СЈО, Катица Јанева. Таа по претресот во...

Македонија23 часа

Обвинителството бара притвор за Јанева, стекнала имотна корист од 298.000 денари

Јавното обвинителство бара притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и попладнево беше...

Македонија24 часа

Во присуство на Јанева се врши претрес во СЈО

По приведувањето на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, од нејзиниот дом во скопската населба Козле, таа е донесена во просториите...

Топ1 ден

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август. Како...

Регион1 ден

Опозицијата во Албанија го обвини Рама дека украл милијарда евра

Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша, во нова видеопорака на социјалната мрежа „Фејсбук“ го обвини албанскиот премиер, Еди Рама, за...

Досие