Контакт

Македонија

(Видео) Николовски: Владата крие документ во кој Бугарија ги условува преговорите

Објавено пред

Скандал од невидени размери е документот кој Никола Димитров под патронат на Владата на Заев и Спасовски го кријат од јавноста, а со кој Бугарија отворено го условува датумот за преговори. Македонија има нов голем проблем во нејзините европски интеграции, обвини потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

„Од Македонија се бара да се откаже од македонско малцинство, а со тоа и од именувањето на македонскиот народ како македонски, затоа што малцинствата во соседните држави е нераскинлив дел од македонскиот народ, како и да се откаже од македoнскиот јазик и да користи само т.н. ‘службен јазик на Република Македонија’, исто така ќе мора брзо да работи со комисијата за историски прашања ако Македонија сака да продолжи со преговорите со ЕУ, помеѓу другото се вели во документот кој стана дел од резимето на заклучокот за проширување на ЕУ и без кој нема датум за преговори за Македонија. Со имплементацијата на одредбите на овој документ се условува одржувањето на првата меѓувладина конференција за конечното дефинирање на преговарачкиот пакет за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ“, изјави Николовски.

Ако го прифати ова македонската влада по сменетото име, според Николовски, ќе треба да се откаже од македонско малцинство, од македонскиот јазик, а и од голем дел од македонската историја.

„Со цел овој документ да не се крие од јавноста денес го презентирам пред сите вас. Во заклучоците на Советот на Европската Унија јасно стои дека изјавата на бугарската делегација е составен дел од одлуката, а истата исто така ја приложувам содржината на овој понижувачки документ. Сè со цел, да нема криење еве го јавно пред сите. Со ова Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска влегуваат во проект за редефинирање, односно создавање на новата т.н. севереномакедонска нација и целосно откажување од сè што е македонско“ нагласи тој.

„Огромен скандал е што за ова молчи и Стево Пендаровски, кој по неколку недели излезе со став во македонската јавност целосно релативизирајќи го овој скандал, цитирам дека изјавата го истакнува ставот на една земја, а не на заедничкиот став на ЕУ. Ова е целосно погрешно бидејќи од пред некој ден овој услов на источниот сосед стана дел и од официјалните документи на ЕУ, коишто ги приложувам со овој прес. Второ што сакам да го нагласам е да не се релативизира овој неуспех. Затоа што и претходно овие исти ликови не убедуваа дека спорот за името беше билатерално прашање кое еве како што гледаме како заврши на штета на Република Македонија. Трето и не помалку важно, претседателот на државата има ингеренции во надворешната политика. Прашањето е зошто тој со недели молчел за овој документ. Ако знаел тогаш зошто не превземал нешто. Ако не знаел тогаш зошто и кој го криел тоа од него? Овие се прашања на коишто очекуваме одговори од Владата и од претседателот на државата“, истакна Николовски.

Тој додаде дека членството на Македонија во ЕУ е стратешки приоритет број еден, желба на огромно мнозинство на македонскиот народ.

„Ние можеме и ќе станеме дел од ЕУ. Можеме тоа да го направиме достоинствено, а не понижени. Промената на криминалците и кариеристи од власт и еден чесен и патриотски тим може да ја направи Македонија партнер кој ќе биде ценет. Тој тим ќе гради добрососедски односи на рамноправна основа и заемно почитување, а не понижување“, заклучи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Шилегов: Град Скопје е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор

Објавено пред

Град Скопје е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор во Скопје, истакна градоначалникот Петре Шилегов, кој денеска присуствуваше и се обрати на дебатата „Како до ефикасни и независни инспекциски служби во Скопје“ што се одржа во салата на Советот на Град Скопје. Дебатата беше во организација на НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански мониторинг на локалните инспекторати“, поддржан од Амбасадата на САД.

„Идејата за реформи во организацијата на инспекцискиот надзор во главниот град, којшто во делот на локалната самоуправа е управуван од Град Скопје и уште 10 општини, потекнува од многубројните примери во праксата кои се провлекуваат во минатото, а за кои сега кај оваа политичка гарнитура на власт постои огромна политичка волја конечно да се стави крај на сите слабости кои вака организираниот систем досега ги покажувал. Ова е нешто што јас заедно со 10-те градоначалници на скопските општини многу пати досега сме го разговарале и сме барале решенија како да стигнеме до модел кој навистина ќе биде ефикасен, ќе функционира и ќе дава резултати кои ќе значат максимално почитување на законите од сите чинители врз кои сме обврзани да вршиме инспекциски надзор. Откако ја презедовградоначалничката позиција во Град Скопје, секторот Инспекторат значително ја интензивираше својата активност, што може да се забележи во годишните извештаи, кои се јавно и транспарентно објавувани на веб-страницата на Градот. Бројот на казни и опомени во различните области во кои Град Скопје има надлежности се зголемени најмалку двојно, а во зависност од годината и областа, некаде се и неколкукратно зголемени“, рече денеска градоначалникот Шилегов.

Тој ги спореди годишните извештаи за работата на Инспекторатот од изминатите 2 години.

„Во однос на комуналната инспекција, за 134% е зголемено постапувањето на инспекцијата по барање на граѓани (односно, од 82 барања во 2018 година на 192 барања во 2019 година). За 237% е зголемен контролниот инспекциски надзор на комуналните инспектори (во 2018 година – 92, а во 2019 година – 310 контролни надзори). Во 2019 година изречени се 127 платни налози, што е за 807% повеќе во однос на 2018 година (14 налози). Процесирани се 115 барања за поведување прекршочна постапка во 2019 година, што е за рекордни 177% повеќе во однос на 2018 година (9 акти). Зголемена реализација на активности бележи и Одделението за комунални редари. Во 2019 година поднесени барања за прекршочни постапки се 1.120, што е за 77,7% повеќе во однос на 2018 година. Изречени мандатни казни во 2019 година се 72, а во 2018 година – 31, што е зголемување за 132%. Инспекцијата за животна средина во 2019 година извршила 274 редовни инспекциски надзори, односно 117% повеќе од 2018 година. Во 2019 година вонредните инспекциски надзори се зголемени за 300% во однос на 2018 година, односно, во 2019 година спроведени се 49 инспекциски надзори, а во 2018 година – 12. За 300% зголемен е и вонредниот инспекциски надзор со акредитирана лабораторија, односно во 2019 година имало 12 надзори, а во 2018 година – 3. Инспекцијата за патен сообраќај во 2019 година извршила 271 редовен инспекциски надзор, што е 134% повеќе од 2018 година. Зголемен е и бројот на контролни инспекциски надзори за 66% и вонредни инспекциски надзор за 600% во однос на 2018 година“, објасни Шилегов.

Во секторот Инспекторат на Град Скопје, додаде тој, ангажирани се повеќе од 60 лица, а надлежностите на инспекторите од сите области се базираат на посебните материјални закони во делот на комуналните дејности, даноци и комунални такси, патен сообраќај и патишта, животна средина, образование, спорт, туризам и угостителство, како и на законите од заедничка надлежност како: Законот за инспекциски надзор, Законот за општата управна постапка, Законот за прекршоци, Законот за постапување по претставки и предлози, Законот за локална самоуправа и Законот за Град Скопје.

„Од сево ова може да се заклучи дека Град Скопје и сега е подготвен да ја преземе надлежноста за целокупниот инспекциски надзор во доменот на надлежностите на локалната самоуправа на територија на целиот град. Она што треба јавноста да го знае е фактот дека се подготвува меѓуопштински договор кој до крајот на овој месец треба да го потпишеме заедно со 10-те скопски општини преку кој ќе се изврши централизирање на инспекцискиот надзор на територијата на главниот град, под капата на Град Скопје. Во тек е финално усогласување на ставовите кое ќе резултира со конечен предлог. Целта на ова е да се избегнат случаите каде што некој може да помисли, а камоли да започне да гради дивоградба во центарот на Скопје, каков што беше случајот со дивоградбата кај „Мавровка“. За жал, тоа се некои навики од минатото кои по инерција се случуваат кај поединци, но она што е позитивно за разлика од минатото е фактот што сега постои политичка волја на сите релевантни субјекти да се спречи ваквото урбанистичко дивеење и не само да се спречи, туку и да се превенира и во иднина да не ни се случува истото. Затоа сме денеска тука, затоа разговараме на темата, затоа и понатаму ќе продолжиме со воведувањето ред во сите области од надлежност на локалната самоуправа, што понатаму ќе обезбеди владеење на правото и спроведување на правдата и правната држава“, нагласи Шилегов.

На денешната дебата присуствуваа и градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, директорката на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, директорката на НВО Инфоцентар, Билјана Бејкова, како и претставници од Министерството за локална самоуправа, Државниот инспекторат за локална самоуправа и Инспекцискиот совет на РСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Заев на онлајн средба со Шарл Мишел: Вложеното и оствареното нè прави подготвени за преговорите со ЕУ

Објавено пред

Најважните приоритети на Република Северна Македонија во актуелниот период е да биде усвоена Рамката за преговори со ЕУ од страна на Европскиот совет и одржувањето на првата меѓувладина конференција на земјата со ЕУ до крајот на годината под претседателството на Германија, беше истакнато на разговорот на премиерот Зоран Заев со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, што беше организиран онлајн и во кој учествуваа и заменик-претседателот на владата за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Од Владата соопштија дека на онлајн средбата со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, било констатирано дека позитивниот исход за одржување на првата меѓувладина конференција ќе биде поттик за побрзи домашни реформи, како и позитивен сигнал за регионот со што ќе се потврди европската перспектива на Западен Балкан, како една од целите за проширување на ЕУ.

„Вложено е многу од двете страни и исто толку многу е остварено што нè прави, како земја, подготвени за преговорите по поглавја за целосно и безусловно исполнување на нашата ЕУ-агенда“, рекол Заев.

Тој во разговорот потенцирал дека приоритети на Владата за следниот период се понатамошното унапредување на агендата за реформи на ЕУ на инклузивен начин, со вклучување на опозицијата во Парламентот и со активно учество на граѓанското општество и меѓународните партнери.

На онлајн средбата било нагласено дека постигнатите важни резултати во зајакнувањето на независноста на судството, донесувањето на Законот за јавно обвинителство, како и конечните пресуди за случаи на корупција и организиран криминал, вклучително и на високо ниво, дополнително се подобриле и како такви се констатирани и во годишниот извештај на Европската комисија за Северна Македонија.

„Северна Македонија ќе ги засили своите напори и ќе донесе понатамошни опипливи и одржливи резултати во клучните реформски области, особено во областа на владеењето на правото, вклучително и борбата против организираниот криминал и корупцијата“, рекол премиерот.

Заев истакнал и дека Владата е посветена на спроведување на обврските од Договорот од Преспа и од Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија и дека сите преостанати прашања ќе се затворат низ билатерални средби и во пријателска атмосфера.

Мишел на онлајн средбата потсетил дека еден од неговите први приоритети кога го презеде мандатот во ЕС, беше интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ, и во таа насока високо ја оценил посветеноста Влада и на граѓаните на Северна Македонија во остварувањето европските стандарди во сите области, вклучувајќи го и усогласувањето на националните надворешни политики со оние на ЕУ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре автобусите ќе возат по неделен возен ред

Објавено пред

ЈСП информира дека утре, петок, поради државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба, автобусите од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Истиот режим ќе важи и в сабота и в недела.

Утре, петок (23.10.2020 год), и в недела (25.10.2020 год), дежурни ќе бидат три билетарници, односно од 7 до 19:30 часот отворени ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и на Зелено пазарче, а билетарницата во Ѓорче Петров ќе работи од 7 до 13 часот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Првата меѓувладина конференција ќе биде позитивен сигнал и до регионот, порача Заев на онлајн средба со Борел

Претседателот на Владата, Зоран Заев, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни...

Регион1 час

Во Хрватска повеќе од 1.500 новозаболени, десетмина починати во Загреб

Хрватскиот кризен штаб објави нови податоци според кои има повеќе од 1.500 новозаболени од коронавирус, а во Загреб има десетмина...

Свет2 часа

99-годишна жена од Шпанија го победи коронавирусот

Кога 99-годишната Флорентина Мартин се заразила со коронавирус во септември, нејзината внука стравувала дека ќе заврши сама на одделот за...

Македонија2 часа

Стевановиќ: Заразените со лесни симптоми да се лекуваат дома

Сите оние кои имаат лесни симптоми да бидат дома, изолирани со симптоматска и витаминска терапија. Да им помогнеме на оние...

Свет3 часа

ФБИ: Иран и Русија се мешаат во претседателските избори

Иран и Русија собраа податоци од американски гласачи за да влијаат на претстојните претседателски избори, соопшти денеска ФБИ, додавајќи дека...

Македонија4 часа

Активни над 6.000 случаи со коронавирус, болниците се полнат

Во моментот како активни се водат 6.069 случаи на коронавирус на целата територија, од кои 2.983 се од Скопје. Само...

Свет16 часа

Починал волонтер што учествувал во тестовите за вакцина против Ковид-19

Бразилската здравствена агенција „Анвиса“ потврди дека починал волонтер што учествувал во испитувања на вакцина против Ковид-19, пренесува агенцијата „Ројтерс“. Станува...

Македонија19 часа

Дванаесетмина починати и нови 641 заразен од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.688 тестирања, а регистрирани се 641 нов случај на...

Топ20 часа

Кондовец со возило удрил во полицаец и побегнал, нападнати биле и полицајците што го пронашле

Во вечерните часови на 20 октомври, на скопската улица Ѓорче Петров, автомобил „ауди“, управуван од А. А. (26) од село...

Македонија21 час

Инспекторите ќе можат да ги затвораат кафеаните со новите законски измени

Со новите построги мерки кои се во собраниска процедура инспекторите ќе можат веднаш да ги затвораат угостителските објекти до 30...

Свет22 часа

(Видео) Силен земјотрес го прекина интервјуто на премиерката на Исланд

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, за кратко го прекина интервјуто со премиерката на Исланд, Кетрин...

Македонија22 часа

Филипче: Мерките мора да се донесат во најкраток можен рок

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека обидот на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на измените на Законот за заштита на населението...

Македонија23 часа

Владата ги осуди изјавите на Каракачанов: Тие се недолични и недостојни

Владата ги осуди изјавите на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов, дека би можел да испрати инженерски полк за демонтирање споменици во...

Македонија1 ден

Царовска: Екскурзии годинава нема да се организираат, учениците можат на прошетка до пет километри

Екскурзии оваа година нема да се организираат, испратени се упатства од Бирото за развој на образование, истакна министерката за образование...

Македонија1 ден

Шеќеринска: И ние и Бугарија сме членки на НАТО, ова не е начин на кој треба да комуницираме

Помина времето кога министри за одбрана од нашиот регион можеа да даваат такви изјави, а некој да ги смета за...

Регион1 ден

Нов рекорд во Хрватска – 1.424 нови случаи и 11 починати

Рекордни 1.424 нови случаи на коронавирус се пријавени во последните 24 часаво Хрватска, а 11 лица починале, објави Националниот штаб...

Свет1 ден

Австралија пријави случај на повторна инфекција со коронавирус

Австралиските власти пријавија редок случај на Ковид-19 во Мелбурн, Викторија, станува збор за лице кое било позитивно тестирано во јули....

Македонија1 ден

Македонија, Албанија и Црна Гора добиваат респираторни машини од НАТО

До крајот на овој или следниот месец, НАТО ќе достави респираторни машини во нашата земја со цел да помогне во...

Свет1 ден

Приведени уште седум лица за убиството на францускиот професор

Уште седум луѓе, вклучително и двајца малолетници, ноќеска биле предадени на судијата во рамки на истрагата за минатонеделното убиство на...

Македонија1 ден

Од денеска кафулињата и рестораните ќе работат до 23 часот

Од денеска угостителските објекти ќе работат со скратено работно време. Владата на вчерашната 13. седница ги разгледа и прифати препораките...

Досие