Контакт

Македонија

(Видео) Николовски: Се подготвуваат мерки за поддршка на производителите на ориз

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, заедно со амбасадорот на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар, денеска присуствуваа на традиционалната манифестација во Кочани, „Денови на кочанскиот ориз“.

Министерот Николовски посочи дека денешната посета на Кочани ќе ја искористи и за средби со производителите на ориз, да се слушнат нивните ставови и предлози во врска со откупот и откупната цена на оризот. При тоа, Николовски најави дека на следната седница на Владата, како за јаболката, така и за оризот ќе бидат донесени пакет мерки за поддршка на производителите на ориз, со цел да имаат рентабилно производство и да има стабилен откуп и цени.

Николовски, меѓудругото потенцираше и дека кочанскиот ориз е изграден и препознатлив бренд од Македонија пошироко во регионот, по својот квалитет и своите карактеристични својства, но на пазарот се соочува со се поголема конкуренција од другите држави како Турција и Италија. Затоа тој најави дека со Програмата за рурален развој за 2019 година, ќе има финансиска поддршка за реконструкција и инвестиции во опрема во Институтот за ориз во Кочани, кој претставува база за развој и модернизирање на производството на ориз преку воведување на нови сорти на ориз кои барани на странските пазари. Годинава се меѓу 2.600-3.500 хектари се засеани со ориз, и се очекува 15.000 тони оризова арпа.

Македонија

Шахпаска: Социјалната реформа дава резултати

Објавено пред

Грижата за сите значи еднакви можности и услови за сите граѓани, социјалната реформа дава резултати, оцени министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, која денеска беше во посета на Центарот за социјална работа и Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип.

„Денеска го посетивме Дневниот центар за лица со интелектуална или телесна попреченост во Штип, каде што лицата со попреченост доаѓаат на дневно ниво и ги користат услугите како дел од децентрализација на социјалните услуги на локално ниво, онаму каде што живеат граѓаните. Согласно протоколите бројот на корисници е помал, а вработените строго се придржуваат на мерките, со цел обезбедување на безбеден престој на корисниците кои и во услови на КОВИД им се неопходни на оваа категорија на граѓани“, истакна Шахпаска.

Од страна на директорката на Центарот за социјална работа беше посочено дека и во време на пандемија од КОВИД 19, Центарот работи непречено со странките и активно работи на подобрување на квалитетот на услугите, јакнење на капацитетот на семејствата преку интегрирано водење на случај со што се постигнува олеснето следење на домаќинството низ системот на социјална заштита од стручен работник, водител на случај.

Министерката Шахпаска посочи дека и во услови на пандемија грижата за најранливата категорија на граѓани продолжува, во таа насока е и олеснетиот пристап до Гарантирана минимална помош, како парично право кое е од големо значење особено за оние на кои им е потребна помош и поддршка.

„Ние сме социјална држава и согласно концептот „Еднакво општество за сите“ , треба да дадеме услови и еднакви можности за сите граѓани, и на еднакви основи сите учествуваат во јавниот, општествениот живот“, истакна Шахпаска.

Под ингеренции на Центарот за социјални работи од Штип, покрај овој Дневен центар е и Дневниот центар за лица со аутизам, каде услугата ја користат 7 деца , на возраст од 10 до 18 години, со кои работи стручен тим . Центарот располага и со Советувалиште за жртви на семејно насилство Кризен центар за жртви од семејно насилство 24/48 , чија цел е обезбедување на жртвата сигурност, безбедност и заштита.

Прикажи повеќе...

Македонија

Николовски: Инспекторите имаат целосна поддршка од Владата

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, одржа работна средба со дел од инспекторите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДЗСИ). Од страна на ДЗСИ, беа презентирани податоците за спроведените надзори во изминатиот месец во надлежност на овој инспекторат, откако се стапени на сила измените на Законот за заштита на населението од заразни болести. Вицепремиерот Николовски посочи дека овој инспекторат има значаен придонес во спречувањето на ширењето на вирусот КОВИД-19, преку надзорите што ги спроведува во рамки на своите надлежности.

„Инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што ги преземаме за спречување на ширење на коронавирусот. Повеќе од било кога е важно да ги почитуваме мерките и протоколите, да носиме маска, да одржуваме растојание и да нема групирања. Само така, заеднички, ќе ја надминеме оваа здравствена криза, која притиска и врз економијата. На тој начин, ќе им помогнеме и на инспекторите, на здравствените лица, полицијата, армијата и сите други чинители што се вклучени во битката со овој вирус“, изјави вицепремиерот Николовски.

Притоа, Николовски нагласи дека Информацијата за кадровската екипираност во инспекторатите, е веќе влезена во владина процедура и онаму каде што има потреба, за следната година ќе се овозможи да има нови вработувања, со цел да се обезбеди непречено функционирање.

Директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Ирина Сотирова-Бухова, изјави дека инспекторите изминатите девет месеци се секојдневно на терен со вршење на вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установи, училишта, детски градинки, козметички салони, старечки домови.

„Изминатиот месец откако стапија на сила измените и дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, нашиот инспекторат издаде околу 40.000 решенија на лица позитивни на вирусот КОВИД-19 и на лица контакти со позитивни. Само во последните четири дена доставени се 7.500 решенија за изолација. Ако ја споредиме оваа бројка со бројката од минатите месеци, ќе ни ја покаже сериозноста на целата ситуација. Инспекторите ќе останат на терен, будно ќе мониторираат било какво отстапување од протоколите и од законските норми кои се пропишани. Борбата е заедничка, почитувајќи ги протоколите прво се заштитуваме себе си, но и овозможуваме на здравствениот систем да истрае“, изјави Сотирова-Бухова.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ги спроведува надзорите во здравствените установи, градинките, училиштата, старечките домови, од аспект на почитување на здравствените протоколи, управување со медицински отпад, санитарно-хигиенски услови во сите установи што ги контролира ДЗСИ, заштитна опрема во установите и друго.

Прикажи повеќе...

Македонија

Груевски: Не сум организатор на насилното влегување во парламентот, изјавата на Заев е гнасна

Објавено пред

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски реагира дека премиерот Заев дал лажна и гнасна изјава против него, посочувајќи го во судницата како главен организатор на нстаните во Собранието од 27 април.

Груевски во реакцијата вели дека Заев му прави организиран прогон кој според него во следниот период ќе биде интензивиран.

Во продолжение објавата на Груевски:

Денес Зоран Заев уште еднаш ја покажа својата патолошка омрза кон мене нечесно давајки лажна и би рекол гнасна изјава со држење политички говор во судот дека јас сум бил организатор на настаните од 27 април 2017 година. Тој денес уште еднаш јавно покажа дека е промотор на овој длабок и интензивен политички прогон врз мене каков што одамна не се случил во македонската историја.

Токму тој, понекогаш во соработка со други негови соработници, лично го осмислува и го нарачува прогонот против мене, често и кон мои блиски соработници со цел да ги притисне и уцени да бидат сведоци во неговиот нечовечки нагон да ми направи најголеми можни штети, понижувања, апсења, судења, пресуди, затвори и секаков друг вид малтретирања.

Има повеќе причини за тоа, а едно од тие сигурно е што јас сум антипод на неговите политики на промена на уставното име, идентитет и историја на македонскиот народ, но и антипод на неговите безидејни економски политики и редица други политики и резултати.

Добро е што јавноста знае колку тежи зборот и колку е искрен со јавноста и со сите околу него, бидејќи постојано и безмалку континуирано јавноста, граѓаните се сведок на неговите лаги и лажни ветувања. Од она што го дознавам во последните месеци на многу негови блиски и не многу блиски им говори дека во овој мандат ќе направел најголеми можни напори и активности да ме затворел, употребувајќи секакви можни и најбрутални методи. И во тоа е постојан и посветен. Од лажни и паушални сведочења како денешното, изнуда на изјави и сведоци, следења, заплашувања, уцени, притворања и други дивјачки методи кон моите блиски и соработници, па до креирање на нови судски случаи, диктирање на пресуди на судиите на сите нивоа а потоа и нивно наградување за послушноста, давање задачи на обвинителите и инструкции на контролираните од него медиуми.

Зоран Заев знае дека јас не сум организатор на насилно влегување во парламентот и физички пресметки во него.
Знае и свесен е дека нема никаков доказ за тоа, затоа што тоа е невистина.

Тој знае дека ниту обвинетите на чие судење беше денес повикан како сведок, на кои исто така по негова нарачка им судат, не нарачале насилство од било каков вид, независно дали е насилен влез во собранието или употреба на физичка сила кон пратеници, ниту организирале тероризам. Тие се обвинети како и многу други, со цел да бидат исплашени, да паднат со духот, да бидат уценети и скршени и да прифатат да бидат негови соработници во гнасното сценарио за неправеден прогон кон мене, кое откако не му помина се обидува да го поправи впечатокот за неговите валкани игри во нивните очи.
Тие се невини. Тие не се ниту организатори, ниту изманипулирани ниту можеле да организираат терористички акт кој не се случил. Како што и оние кои се во затвор а кои се осудени со лажна и невистинита квалификација за тероризам.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија53 минути

ДСЗИ наложи итно санирање на руинираните простории во битолската болница

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) и надложи на директорката на битолската болница итно да бидат санирани руинираните простории, како...

Македонија1 час

Шекеринска: Не сакаме да бидеме заложници на темните страни на балканската историја

Имаме историја на која сме горди, но мора да се трудиме да ги решаваме проблемите, истакна денеска министерката за одбрана...

Македонија2 часа

Радев: Согласност за Македонија откако ќе се признаат историските факти и искорени омразата

Бугарија треба да даде согласност за почеток на преговорите за Северна Македонија, откако ќе се признаат објективните историски факти и...

Македонија2 часа

Ахмети: Верувам во европските вредности на Бугарија и се надевам дека ќе најдеме заедничко решение

Премиерот Зоран Заев ја ризикува својата политичка кариера, само за да го деблокира патот на земјата за интегрирање во Европската...

Македонија3 часа

Заев: Груевски беше организаторот на „27-ми април“, а не Јанакиески, Ристовски и Вељаноски

Никола Груевски е главен организатор на 27-ми април, а екс-функционерите Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески се изманипулирани од него,...

Економија6 часа

Поради стравот кај јавноста, АЕК распиша тендер за изработка на студија за влијанието на 4Г и 5Г-мрежите

Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) распиша меѓународен тендер за изработка научна студија за влијанието на зрачењата од 4Г и 5Г-мрежите...

Македонија7 часа

Филипче: Охрабрува бројот на оздравени

„Епидемијата го достигна пикот минатата недела, сега бројките се стабилизираат, а Р-факторот на преносливост е 1“, вели министерот за здравство,...

Свет7 часа

Трамп: Испораката на вакцина против коронавирусот почнува следната недела

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави дека испораката на вакцина против коронавирусот ќе почне следната недела, пренесува „Ројтерс“. Во разговор со...

Свет8 часа

Истражување: тестирањето на антитела покажува помал број лица заразени со коронавирус

Тестирањето на антитела во крвта за да се утврди инфекцијата со коронавирус дава помал број во споредба со реалната состојба...

Свет8 часа

СЗО: Вакцината ќе ни даде контрола над вирусот

Еден од главните експерти на Светската здравствена организација (СЗО), Мајк Рајан, рече дека почетокот на употребата на вакцината против коронавирусот...

Свет9 часа

Болсонаро: Не сакам да се вакцинирам

Бразилскиот претседател, Жаир Болсонаро, изјави дека нема да прими вакцина против коронавирусот. Тој во видеообјава преку социјалните мрежи вели дека...

Спорт9 часа

Погребан Диего Армандо Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, кој почина во средата е погребан во Буенос Аирес. Илјадници навивачи низ улиците на...

Свет9 часа

За еден ден потврдени повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид- 19

Повеќе од 577.000 нови случаи на Ковид-19 се потврдени за еден ден во светот, објави Светската здравствена организација (СЗО), со...

Свет9 часа

(Видео) Трамп: Ќе ја напуштам Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе ја напушти Белата куќа доколку Изборниот колеџ ја потврди победата на демократскиот кандидат...

Свет10 часа

Милиони Американци отпатувале на семејни средби за Денот на благодарноста и покрај предупредувањето да не се групираат

Mилиони Американци отпатуваа на семејни средби на Денот на благодарноста и покрај предупредувањата на експертите да не го сторат тоа...

Македонија21 час

Во Македонија 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа

Во последните 24 часа потврдени се 1.160 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа, а 1.094 оздравеа, соопшти Министерството за...

Македонија22 часа

Рот: Северна Македонија запиша историја со договорот со Бугарија, тоа сега треба и да се награди

Северна Македонија запиша историја со Договорот за пријателство со Бугарија, но и со решавањето на спорот за името со Грција,...

Македонија23 часа

Захариева: Бугарија ги блокира преговорите за Северна Македонија поради говорот на омраза

Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија  сè додека не го напушти говорот...

Европа23 часа

Италија го воведува првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД

Италија ќе го пушти првиот „ковид-фри“ воздушен мост меѓу Европа и САД за патниците со негативен тест на коронавирус, со...

Регион1 ден

Хрватска воведува строги мерки – се затвораат рестораните, училиштата, фитнес-центрите…

Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, ги претстави новите строги мерки за борба против коронавирусот, кои ќе траат најмалку до 21...

Досие