Контакт

Македонија

(Видео) Николов: Сите се уверија дека коронавирусот не бира по пол, раса или етничка припадност

Објавено пред

Изминатиов период е исполнет со сериозни предизвици и се уверивме дека присуството на коронавирусот е новата реалност, истакна д-р Сашко Николов, кандидат за пратеник од ИЕ 3.

„Се уверија и оние кои не верува дека тој постои и дека тој не бира ниту раса, ниту пол, ниту етничка или  каква било припадност. Несериозниот пристап на одредени луѓе кон него донесоа последици по здравјето и раст на бројот на новозаразени лица. Денес се соочуваме со една состојба каде што се бара од нас поголема општествена и социјална одговорност, но и сплотеност сите да ги почитуваме и темелно да ги спроведуваме препораките од Министерството за здравство“, вели Николов.

Тој апелира граѓаните задолжително да држат физичка дистанца 1.5-2 метри, да носат заштитни маски во затворен простор, меѓута и на отворен простор кога не можеме да ја одржиме таа дистанца и задолжителна дезинфекција на раце и на работните површини со кои стапуваме секојдневно во контакт.

Николов вели дека единствено оружје за борбата против вирусот е нашата свест и одговорност. Здравствените работници четири месеци се борат по 24 часа на ден, тие се преморени и потребна им е нашата помош, додаде Николов.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДИК: Одѕивот до 17 часот најголем во Крива Паланка 58,7 отсто, во земјата 38,78 отсто

Објавено пред

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто, а со оглед на ситуацијата во која се гласа овој одѕив е задоволителен, рече претседателот на Државната изборна комисија Оливер Деркоски. До 17 часот на гласање излегле вкупно 703.597 гласачи.

Најголем одѕив до 17 часот има во Крива Паланка каде што на гласање излегле 58,7 отсто од гласачите.

Во Првата изборна единица на гласање излегле 127. 007 гласачи, односно одѕивот е 41,01 отсто. Во Втората изборна единица излегле 118.270, одѕивот е 36,98 отсто. Во третата изборна единица одѕивот е 43,87 отсто, гласале 122.181 гласач. Четвртата изборна единица има одѕив од 43, 99 отсто, односно гласале 124.276 граѓани. Во Петтата изборна единица излегле 120. 184 граѓани, одѕивот е 38,22 отсто и во Шестата изборна единица, повторно одѕивот е најмал, 29,6 отсто, гласале 91.678 гласачи.

„ Голем одѕив има во Општина Аеродром 42,94 отсто, Карпош има одѕив од 44,11 отсто, во Кисела Вода одѕивот е 42,26 отсто и висок одѕив се бележи и во Македонски Брод каде што 55,65 отсто од гласачите излегле да гласаат. Во Центар одѕивот е 43,69 отсто. Во Изборната единица 2 висок одѕив има во Бутел 40,39 отсто, 36,55 отсто во Куманово. Во Третата изборна единица во Берово одѕивот е 48,32 отсто, во Крива Паланка 58, 7 отсто , каде што одѕивот е најголем во државата, Лозово 55,93, а во Изборната единица 4 одѕив од 44,84 има во Битола каде што излегле 35.700 гласачи, Во Кичево 39,27 отсто, во Охрид 41,7 отсто и во Шестата изборна единица Тетово има одѕив од 33,75 отсто, Гостивар 30,32 отсто, Јегуновце 31,99 отсто. Одѕивот е задоволителен со оглед на ситуацијата во која се гласа и очекуваме до крајот на денот гласачите да си остварат правото и да дадат легитимитет на овие избори“, рече претседателот Деркоски.

Тој нагласи дека добиле претставки за неколку за нарушувања на изборниот процес и неколку приговори за повреда на изборен молк кои веднаш биле решени е не можат да го нарушат изборниот процес.

Прикажи повеќе...

Македонија

Комисијата за следење изборни нерегуларности: До 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера

Објавено пред

Комисијата за следење евентуални нерегуларности поврзани со извршување кривични дела против изборите и гласањето ја известува јавноста дека до 17 часот изборите се одвиваат во мирна атмосфера, без значителен број изборни нерегуларности.

Во основните јавни обвинителства и на електронската адреса [email protected], на која граѓаните може да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето, пристигнаа вкупно 10 известувања за настани што се случиле денеска во текот на гласањето. Повеќето од нив се однесуваат на агитирање и давање поткуп за гласање за одредени политички партии. Две од известувањата се однесуваат на лица што го сликале сопственото гласачко ливче при остварување на правото на глас.

Комисијата продолжува со натамошна координација на основните јавни обвинителства, кои се организирани со дополнителни дежурства на јавните обвинители и постапуваат итно преземајќи дејства за расчистување на настаните и утврдување на фактите.​

Прикажи повеќе...

Македонија

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 83, Куманово – 12, Дебар – 1, Штип – 21, Прилеп – 2, Тетово – 9, Струга – 3, Велес – 2, Битола – 11, Охрид – 3, Гостивар – 10, Радовиш – 7, Кочани – 1, Пробиштип – 2, Демир Хисар – 3, Свети Николе – 27, Кичево – 1.

Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица, и тоа од: Скопје – 71, Штип – 7, Тетово – 12, Велес – 1, Битола – 1, Кочани – 1, Пробиштип – 1, Кичево – 1, Ресен – 2.

Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа четворица пациенти на возраст од 49, 61, 70 и 72 години.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.530, бројката на оздравени пациенти е 4.565, на починати – 393, а во моментот бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.572. Во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје – 4.035, активни 1.804
• Куманово – 880, активни 212
• Дебар – 154, активни 92
• Штип – 484, активни 195
• Прилеп – 304, активни 64
• Тетово – 894, активни 286
• Струга – 340, активни 166
• Велес – 205, активни 34
• Битола – 84, активни 40
• Охрид – 230, активни 122
• Кавадарци – 27, активни 19
• Гостивар – 250, активни 157
• Гевгелија – 13, активни 3 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци, еден е од Дојран)
• Струмица – 24, активни 16
• Крива Паланка – 19, активни 8
• Радовиш – 15, активни 11
• Крушево – 12, активни 7
• Кочани – 78, активни 12
• Пробиштип – 39, активни 24
• Демир Хисар – 11, активни 10
• Македонски Брод – 9, активни 5
• Пехчево – 6, активен 1
• Берово – 4, активен 1
• Валандово 6, активни 0
• Виница – 4, активен 1
• Делчево – 1, активни 0
• Кратово – 9, активен 1
• Свети Николе – 147, активни 134
• Кичево – 85, активни 71
• Ресен – 139, активни 73
• Неготино – 22, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1.382 теста се преку: ИЈЗ – 521, ЦЈЗ Скопје – 21, „Авицена“ – 163, „Биотек“ – 96, МАНУ -159, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 223, „Систина“ со PCR-метода – 160, Судска медицина – 0, ЦЈЗ Битола – 38, КИБФС (Инфективна клиника) – 1. Досега во земјата се направени вкупно 80.774 тестирања на Ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 38 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 20 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, 8 деца позитивни и 2 деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 15 нови, вкупно се хоспитализирани 90 пациенти. На респираторна машина се 7 пациенти.

Во болницата во Битола хоспитализирани се 29, а во болницата во Штип – 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и во Струга хоспитализирани се 123 пациенти позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија23 минути

ДИК: Одѕивот до 17 часот најголем во Крива Паланка 58,7 отсто, во земјата 38,78 отсто

Одѕивот на предвремените парламентарни избори до 17 часот е 38,78 отсто, а со оглед на ситуацијата во која се гласа...

Македонија2 часа

Нови 198 заболени и четворица починати од коронавирус во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на...

Македонија2 часа

ДИК: Гласањето во Бутел не е прекинато, се работело за недоразбирање

По обвинувањата дека на избирачко место во Бутел било фотографирано гласачко ливче, портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир Шабани, вели...

Македонија2 часа

Поради неусогласени сериски броеви на ливчињата, имало кус прекин на гласањето во Лојане

На избирачкото место во селото Лојане, општина Липково, имало кус прекин на гласањето поради неусогласени сериски броеви на гласачките ливчиња,...

Македонија3 часа

МОСТ: Во сите изборни единици одзивот е околу 30 отсто, нема нерегуларности

Изборниот процес тече без неправилности, според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ. Според податоците добиени од...

Македонија5 часа

Експретседателот на кривичниот суд сам се пријавил во затворот во Шуто Оризари

Експретседателот на кривичен суд Владимир Панчевски сам се пријавил во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера Основниот суд во...

Македонија5 часа

Пријавени случаи на организиран превоз, гласање во туѓо име и еден приведен на изборниот ден

Од отварањето на гласачките места до сега е регистрирано едно нарушување на јавниот ред и мир, соопшти на прес-конференција портпаролот...

Регион5 часа

Нови мерки во Србија: Забрана за собирање на повеќе од 10 лица, задолжително носење маски и на отворено

Српските медиуми јавуваат дека Кризниот штаб во Србија донел одлука за забрана на собирање на повеќе од 10 лица на...

Свет6 часа

Индиската компанија „Зидус“ го почна тестирањето на вакцина против коронавирус врз луѓе

Индиската фармацевтска компанија „Зидус“ потврди дека нејзините експерти почнале клинички да тестираат можна вакцина против Ковид-19 врз луѓето. „Првите дози...

Македонија7 часа

МОСТ: Гласањето се одвива непречено

Според потврдените информации добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ, на гласачките места покриени од МОСТ нема неправилности, а...

Македонија9 часа

МОСТ: Избирачките места се отворени и гласањето се одвива безбедно

Граѓанската асоцијација МОСТ го следи денешното гласање со 900 набљудувачи. На 696 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок,...

Регион10 часа

Црна Гора со најмногу активни случаи на Ковид-19 по глава на жител во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје во системот ги внесе резултатите од 2.000 тестови кои претходно поради малиот капацитет во...

Македонија11 час

Граѓаните може да пријавуваат прекршувања на избирачкото право во Хелсиншкиот комитет

Со оглед дека веќе почна гласањето во рамки на предвремените избори за пратеници во Собранието, Хелсиншкиот комитет за човекови права...

Македонија11 час

Бесплатна телефонска линија на Народниот правобранител за пријавување повреда на избирачкото право

Во канцеларијата на Народниoт правобранител денеска во периодот од 7 до 21 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на...

Македонија12 часа

Во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори

Под специфични услови денеска во Македонија се одржуваат десеттите парламентарни избори, петти предвремени парламентарни избори од независноста, на кои право...

Македонија19 часа

На вториот ден гласаа околу 86 отсто од пријавените гласачи

На вториот ден од гласање своето избирачко право го искористиле 9.330 гласачи, соопшти вечерва портпаролот на Државната изборна комисија, Адмир...

Свет21 час

Американска компанија почнува со завршни испитувања на вакцината против коронавирусот

Американскиот фармацевтски концерн „Модерна“ објави дека завршните клинички испитувања за вакцината против Ковид-19 ќе почнат на или околу 27 јули....

Македонија1 ден

Регистрирани 135 новозаразени од Ковид-19 и четири смртни случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.259 тестирања, а регистрирани се 135 нови случаи на...

Македонија1 ден

Се бара со потерница експретседателот на кривичниот суд Владимир Панчевски

Експретседателот на кривичен суд, Владимир Панчевски, се бара со национална потерница што ја распиша МВР по наредба на Основниот суд...

Македонија1 ден

Во полициска станица повикани лица кои објавиле статус да се чкртне „Северна“ на гласачкото ливче

И други лица ќе бидат повикани на разговор за објавување статуси на социјалната мрежа „Фејсбук“, по примерот на директорот на...

Досие