Македонија
(Видео) Николоски: Зоран Заев лажеше во судот

Зоран Заев лажеше во судот – што е кривично дело. Затоа што кажа дека не знаел оти целокупниот врв на СДСМ на чело со тогашниот генерален секретар на партијата, тогашниот заменик-претседател на партијата, Радмила Шекеринска, министерот за здравство, Венко Филипче, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, и други лица имале средби со Боки 13. Значи сите тие имале средби, ама, според Зоран Заев, тој не знаел. Тоа е првата лага што ја кажа, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на главната расправа на судењето по тужбата за клевета што премиерот Зоран Заев ја поднесе против него.
„Втората лага што ја кажа е дека ние денеска разбравме всушност дека посетите на домот на Боки 13 и оние снимки што ги видовме, всушност биле дел од активностите врата до врата на политичката партија СДСМ. Имено, како што одговори Зоран Заев, тие имале редовни активности за посета на гласачи и на членови и симпатизери и така одејќи од врата на врата, и Шекеринска, и Кирацовски, и Филипче и Богоев и другите стасале на вратата кај Бојан Јовановски, а тој бил доволно гостопримлив да ги покани дома на кафе и ете случајно излегле снимки од таму“, рече Николовски.
Тој додае дека третата работа што ја разбрал денеска на судењето е дека во Македонија не биле рекетирани бизнисмени од страна на врвот на СДСМ, туку ним им биле промовирани инвестиции.
„Имено, целокупниот врв на СДСМ бил во акција на промоција на стимулирање инвестиции и како што рече Зоран Заев, односно сите тие оделе кај овие бизнисмени да стимулираат инвестиции. Па логичното прашање е како во корист на само еден човек оделе да стимулираат инвестиции, зошто некој обичен човек од улица не го земат за рака и да го однесат кај најмоќните бизнисмени во државата и да стимулираат инвестиции“, рече Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Осуда од Ковачевски за каменувањето на македонскиот клуб во Бугарија: Очекувам да го санкционираат вандализмот во најкраток рок

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски најостро го осудува вандалскиот чин, на каменување на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград.
Тој преку својот Фејсбук профил, порача дека очекува во најкраток можен рок, институциите во Република Бугарија да ги најдат сторителите и соодветно да ги казнат.
„Каменувањето на македонскиот клуб „Никола Јонков Вапцаров” во Благоевград е чин на вандализам кој најостро го осудувам. Ваквите активности не соодвествуваат на договорената политика за унапредување на добрососедските односи, взаемното почитување и пријателство меѓу две соседни држави. Очекувам од страна на надлежните институции во Бугарија во најкраток можен рок да се пронајдат и санкционираат сторителите и да се осуди вандализмот. Северна Македонија во духот на европските вредности, ќе продолжи со заложбите за зацврстување на дипломатската и позитивна агенда меѓу Северна Македонија и Бугарија“, пишува во објавата на премиерот Ковачевски.
Македонија
ЦУК: Пожар кај селото Миладиновци

Искрење на бандера, предизвика пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинеријата ОКТА.
Центарот за управување со кризи на својот фејсбук профил објави дека во моментот се интервенира на негово гаснење.
,,Во 19:05 часот на телефонскиот број 112 пријавен е пожар помеѓу селото Миладиновци и рафинерија ОКТА кој настанал како резултат на искрење на бандера и истиот се проширил на околната сува трева. Во моментот на местото на настанот се екипи на БППЗ на Град Скопје и полиција. Се интервенира на негово целосно гаснење и во моментот нема опасност од негово проширување”, се вели во соопштението од ЦУК.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ го осуди демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград: Да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград. Вандализмот не е добрососедство и не може да биде. Негирањето на Македонија, но и на Македонците во соседството е пред се резултат на поданичкиот однос на власта, која го дозволи и мотивира тој однос, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат дека сега Ковачевски и Пендаровски на дело гледаат кај ја донесоа државата и македонскиот народ. Народот не смее да биде жртва на власта, затоа и ВМРО-ДПМНЕ бара промени. Потребна е власт која ќе се грижи за народот.
Упатуваме апел и до Бугарија и до меѓународните институции во таа земја, што побрзо да се откријат вандалите, истите да се казнат и да се запре со говорот на омраза против Македонците, се вели во соопштението.