Македонија
(Видео) Османи-Блинкен: Силно ги поддржуваме амбициите на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ

Османи му се заблагодари на државниот секретар Блинкен за гостопримството и исклучителната организација на Стратешкиот дијалог во Вашингтон, истакнувајќи дека ова е важен ден за Република Северна Македонија.
„Почнувањето на стратешкиот дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија претставува значајна пресвртница во нашите севкупни билатерални односи и мислам дека е логичен чекор напред по 30 години воспоставени дипломатски односи и 15 години стратешко партнерство, а особено две години Сојузништво во НАТО”, истакна Османи.
Според Османи овој моментум ќе отвори ново поглавје на соработка и ќе ја врами севкупната соработка на двете земји.
„Ова е особено важно сега кога нашите вредности се оспорени; и ние земјите кои припаѓаме на демократскиот свет, кои споделуваме исти вредности, треба да бидеме тесно координирани за да се справиме со тие предизвици”, рече Османи.
„Мислам дека врв на нашата соработка беше нашето членство во НАТО и ние сме благодарни за поддршката што ни ја давате. Тоа беше прва и најважна стратешка цел за Северна Македонија. Се трудиме овие две години да бидеме додадена вредност не само за алијансата туку и во нашиот регион како конструктивен партнер на НАТО”, додаде Османи, заблагодарувајќи се на САД за поддршката во аспирациите на Република Северна Македонија за членство во ЕУ.
„Ќе продолжиме да работиме заедно во надминување на споровите што ги имаме за да станеме членка на ЕУ и да го туркаме целиот регион во евро-атлантско закотвување”, заклучи Османи .
Задоволство од иницирањето на Стратешкиот дијалог и од страна на Ентони Блинкен, државниот секретар на САД.
„Ја цениме многу значајната реформска агенда на која се ангажираше Северна Македонија, за демократијата, за енергетиката, за регионалните економски иницијативи. Сите овие се значајни, важни се и ние многу ги поддржуваме”, истакна Блинкен.
„Силно ги поддржуваме амбициите на Северна Македонија во процесот на пристапување во ЕУ. Многу сакаме да видиме дека се движи напред и ќе продолжиме да го поддржуваме тоа на секој начин што можеме”, рече Блинкен.
„И, се разбира, имаме многу да зборуваме кога станува збор за руската агресија против Украина. Бевте во Киев во еден од деновите кога разговарав со нашиот пријател Дмитро Кулеба, тамошниот министер за надворешни работи, со нетрпение чекам да разменам мислења со вас за тоa”, заклучи Блинкен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре изменет режим на повеќе линии на ЈСП, поради блокада на крстосницата во Автокоманда

Утре од 7 до 10 часот, поради најавената блокада на раскрсницата во Автокоманда на булевар „Александар Македонски“ со „16 Македонска бригада“, дел од линиите од јавниот превоз ќе сообраќаат по изменет режим од вообичаениот.
По изменети траси ќе сообраќаат:
Линии 43, 45, 50, 50А, 52, 53, 55, 55 В, 62, 63, 63А, 65, 65А, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
Во насока на Дом на печат, Клинички центар и Транспортен центар, во Автокоманда преку булевар „Александар Македонски“ ќе се исклучуваат на клучката Дијамант, па по булеварите „Киро Глигоров“, „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајните постојки на Транспортен центар, а линиите 43, 50 и 50А од Транспортен центар, преку Југодрво и Рекорд, ќе продолжуваат до крајните постојки на Дом на печат и Клинички центар.
Во обратна насока, ќе сообраќаат по истиот изменет режим.
Линија 54
Од кај Бриколаж, од улица „Перо Наков“, ќе врти лево по булевар „Киро Глигоров“, па по булеварите „Србија“ и „Јане Сандански“ до крајната постојка на Транспортен центар.
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линија 16
Од Пржино према Железара ќе сообраќа преку Чаир (Бит пазар, Чаир, Железара).
Во обратна насока, ќе сообраќа по истата изменета траса.
Линиите 13 и 42
Во насока на Железара, движејќи се од Кисела Вода и Драчево, кај Фершпед ќе вртат лево на улица „808“, ќе поминат пред дирекција на ЈСП се до постојката кај „Алкалоид“ која ќе биде почетна/крајна постојка
Лините 2 и 2А
Во насока на Автокоманда, на кружниот тек кај Континентал, ќе се враќаат назад на кружниот тек и почетно/крајна постојка ќе им биде постојката кај Светлост.
Македонија
Утре топло време, попладне пороен дожд и грмежи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. УВ=8
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време, во попладневните и вечерните часови со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Македонија
Утре и задутре без струја повеќе делови на Скопје

ЕВН информира дека заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре без електрична енергија ќе останат следните корисници:
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 1515, ул. 1513 и дел од ул. Саса во околината на ОУ Рајко Жинзифов во нас. Пинтија. (Oпштина Кисела Вода)
на ден 28.06.2022 година ( вторник ) :
од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од с. Добри Дол. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од с. Горно Соње. (Oпштина Сопиште)
од 09:00 до 10:30 часот, објектите во околината на бул. Партизански Одреди бр. 70. ( Општина Карпош)
од 09:00 до 14:00 часот, ул. Желево зграда 3 и зграда 5 и ул. Разловечко Востание зграда 22 и зграда 24. (Општина Карпош)
од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Побожје. (Oпштина Чучер Сандево)