Македонија
(Видео) Пандов: Великани од историјата се избришани со промената на имињата на улиците, ова е идентитетски геноцид

Според претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов, со менувањето на имињата на улиците во Скопје градските власти, на чело со градоначалникот Петре Шилегов, вршат идентитетски геноцид.
„Ветувањето дека ќе ја реши Универзална сала, дека ќе направи нови булевари, дека ќе направи нови мостови, ќе имаме тунел под Калето, дека ќе имаме луна-парк за децата, ништо од тоа не е направено и целиот негов мандат се сведува на клучната работа, а тоа е да ги смени имињата на улиците и притоа, како и за сè друго што прави СДСМ, се прави идентитетски геноцид“.
Како што вели Пандов, со новите предлози се менуваат имиња на народни херои, на револуционери, а на нивно место се ставаат разноразни ликови.
„Се брише името на еден од најголемите имиња во македонската историја – Павел Шатев, гемиџија и прв министер за правда, се брише името на Христо Батанџиев, на Борис Трајковски, на Теодосија Гологанов или, ако сакате, на нобеловката Мајка Тереза, а на нивно место се ставаат имиња на ликови што немаат никаква допирна точка со градот Скопје и со македонската историја, а како капак на сето тоа, сигурно по наредба на Зоран Заев, шефот на Шилегов, ќе имаме улица што ќе го носи она срамно обележје и потпишувањето на договорот од Нивици, со кое, да потсетам, ни се смени уставното име“, вели претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додава дека има и цела листа со имиња на луѓе што ја сочинувале призренската лига, која, како што вели, како главна идеја го имала создавањето голема Албанија.
„Оттука, со индигнација ние како Патриотски институт на ВМРО-ДПМНЕ и ВМРО-ДПМНЕ ги отфрламе овие имиња и остро се спротивставуваме на тоа“, нагласува Пандов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Захариева: Нема да поглегнеме на притисок за Северна Македонија, ЕУ не е Југославија

Бугарија нема да подлегне на притисок за интеграциите на Северна Македонија, изјави за БТВ вицепремиерката и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева по повод синоќешната средба со министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи.
Захариева потврди дека двајцата разговарале за претстојното свикување на меѓувладината конференција, но истакна дека датумот треба да биде објавен од двете страни.
„Европската Унија не работи како Југославија, таа работи поинаку и ние и’ зборуваме за тоа на Република Северна Македонија од 2019 година“, рече Захариева, потсетувајќи на почитување на Договорот за добрососедтсво и неопходноста од напредок во дијалогот.
Таа реече дека никој, вклучувајќи ги и САД, не може во иднина да ја притисне Бугарија да попушти и да дозволи пристапни преговори на Македонија со ЕУ, доколку не се исполнети условите.
Захариева вчера оствари средба со министерот , Бујар Османи во Софија, каде разговараа за акцискиот план. По средбата, од Софија стигна порака дека Бугарија ја поддржува европската интеграција на земјава, со исполнување на соодветни услови.
Македонија
Сончево и топло со температура до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност.
Ќе дува слаб северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во Скопје сончево и топло. Максималната температура ќе достигне 19 степени.
Продолжува периодот на стабилно време. До сабота ќе се задржи натпросечно топло, а од недела ќе има намалување на температурата за 6 до 8 степени.
Од сабота попладне ќе почне да дува умерен по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, а ќе има и извесно зголемување на облачноста. Топлото време до сабота ќе предизвика натамошно топење на снежната покривка на планините, јави УХМР.
Македонија
Градоначалникот на Центар позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на скопски Центар, Саша Богдановиќ, е позитивен на Ковид-19, а веста ја соопшти на социјалните мрежи.
Почитувани сограѓани,
И покрај заштита за целото време на пандемијата на КОВИД-19, резултатот од тестот кој го…
Posted by Саша Богдановиќ on Среда, 24 февруари 2021
„И покрај заштита за целото време на пандемијата, резултатот од тестот што го направив утринава откога почувствував покачена телесна температура е позитивен. Останувам во домашна изолација и ги следам инструкциите на лекарите.
Вирусот е опасен и непредвидлив. Одржувајте дистанца, носете заштитни маски и почитувајте ги препораките на надлежните институции затоа што само така, сите заедно, можеме да излеземе од борбата против пандемијата“, напиша Богдановиќ на „Фејсбук“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер