Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на Регионалната универзитетска школа за безбедност на тема „Надворешните актери и нивното влијание на регионалната безбедност и евроинтегративниот процес на Западен Балкан“, која се организира шеста година по ред од страна на Фондацијата „Конрад Аденауер“ со Универзитетот „Свети Климент Охридски“, а е поддржана од Центарот за европски студии „Вилфред Мартенс“ од Брисел.

Toj во своето обраќање зборуваше за позитивните аспекти на фразата ,,влијанието на надворешните актери врз безбедноста на регионот” за која рече дека првата асоцијација, особено во популарниот жаргон и во медиумите е негативна.

„Северна Македонија неодамна ја одбележа првата годишнина од своето членство во НАТО и тоа за мене е без дилема, клучното стратешко и надворешно-политичко достигнување на земјата по приемот во Организацијата на Обединетите нации“, рече претседателот Пендаровски.

Тој потсети на некои настани од изминатите 30 години од нашата независност: турбулентниот период на осамостојувањето и избегнување на лавиринтот на војните во поранешна Југославија, конфликтот во 2001, па сè до нападите на столбот на демократијата – Парламентот, во два наврати, во 2012 и 2017.

„ Само 3,5 години по конфликтот станавме земја кандидат за членство во ЕУ и само една година по обидот за рушење на уставниот поредок во 2017 добивме покана да станеме членка на НАТО. Ваквата брза консолидација ќе беше невозможна без подршката на нашите стратешки партнери од НАТО, Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, потенцираше претседателот.

Тој подвлече дека надворешната асистенција во развојот на нашата демократија беше најделотворна кога постоеше кохезија и синхронизација од двете страни на океанот, во трансатлантската заедница и кога присуството на Соединетите Американски Држави беше поизразено на Балканот. Претседателот нагласи дека и преостанатите крупни прашања и проблеми на Западниот Балкан не можат да бидат решени ако Европа и Америка не го кренат нивото на заемна координација.

Претседателот Пендаровски рече дека европските интеграции нудат долгорочна перспектива за регионот и ќе биде трагично ако тие интеграции бидат попречени, не толку од Европската Унија, колку од самите нас, во регионот, преку анахрони историски интерпретации.

„Неодамна реков дека додека ние балканските народи во 21 век сé уште разговараме за историјата, милиони млади луѓе ни заминаа да ја бараат својата шанса во државите каде што историјата е присутна во книгите, а не како кај нас, во политиката и на улиците“, нагласи претседателот.

Во овој контекст, претседателот Пендаровски рече дека со посебна загриженост гледа на серијата нон-пејпери, кои заговараат ново менување на границите на Балканот и чија логика е да продуцираат повеќе регионална нестабилност, отколку она што е наводно првичниот план на креаторите на овие идеи – регионална стабилност.

„Ако интеграциите траат со години и при тоа никој не може да даде ниту приближна оценка кога преговорите би завршиле и наместо интеграции почнуваат да циркулираат вакви предлози чија имплементација сигурно не носи во конфликт, тогаш е логично нашите граѓани да покажуваат интерес и за други опции“, рече претседателот Пендаровски.

Претседателот нагласи дека неколку истражувања на јавното мислење и кај нас и во регионот покажуваат дека опаѓа поддршката за западно ориентираните организации и земји и за првпат по три децении, расте поддршката за некои други регионални организации и поинакви модели на управување.

Тој порача дека како држава мораме да разбереме дека најдобриот начин за одбрана од овие малигни стратегии е засилување на нашите домашни референци, а тоа значи, интензивирање на борбата против организираниот криминал и корупцијата и владеење на правото како врвен приоритет.

„Само со јакнење на демократските стандарди, транспарентноста на институциите и развојот на поинаква политичка култура на толеранција и градење  консензус ќе создадеме амбиент во кој позитивното влијание на бенигните надворешни актери ќе се чувствува повеќе“, порача претседателот Пендаровски во обраќањето.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

ДОМ со поддршка на граѓанскиот протест за сечењето на дрвјата на Орце Николов

Објавено пред

Зелената партија ДОМ го поддржува утрешниот граѓански протест поттикнат од сечењето на дрвјата на улицата Орце Николов.

„Апелираме до Град Скопје и општините на своите веб страни да ги објавуваат проектите за реконструкција на улиците, сите решенија за сечење на дрвјата и податоците од Зелениот катастар“, велат од ДОМ.

Партијата порача дека зголемената транспарентност ќе придонесе кон зголемување на довербата на граѓаните во институциите.

Прикажи повеќе...

Македонија

МОН: Училиштата не смеат да наплаќаат за свидетелствата

Објавено пред

Училиштата не смеат да наплаќаат такси на родителите и учениците за издавање на свидетелствата, велат од Министерството за образование и наука, откако за проблемот претходно денеска информираше Сојузот на средношколци.

Од Министерството нагласија дека станува збор за изолирани случаи во неколку училишта кои вршеле наплата на надоместокот за свидетелствата, за што ќе постапи Државниот просветен инспекторат.

МОН тврди дека преку писмен допис до училиштата, укажало на тоа уште пред крајот на учебната година.

„Педагошката документација потребна за крајот на учебната година се обезбедува од Бирото за развој на образование при што секое училиште добива дополнителни 5 проценти во случај на грешки и слично“, велат од Министерството.

Согласно Уставот и Законите за основно и средно образование, секое дете има право на бесплатно и квалитетно образование.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Објавено пред

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи, додавајќи дека, сепак, не може да каже точно каков ќе биде исходот од самитот на ЕУ и дали ќе ги почнеме преговорите со Унијата, бидејќи присутни се разликите со Бугарија.

„Ја слушнавме позицијата на Макрон и другите лидери. Прашањето за овој регион се сведува на Северна Македонија. Ако не се одговори позитивно, се создава сомнеж во регионот за проширувањето на ЕУ“, вели Османи.

Тој потенцира дека Владата и на билатерална основа комуницира со Бугарија, а дипломатите на двете држави се обидуваат да ја организираат втората меѓувладина комисија и да го договорат акцискиот план, ако биде изнајден договор.

Единствениот предлог на маса, како што рече Османи, е португалскиот, за којшто Владата смета дека е добра основа за решение. Предлогот предвидува мониторинг од страна на ЕУ на имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 преку патоказ којшто има јасни рокови и институции одговорни за имплементација, а којшто ќе биде мониториран во рамки на Советот за асоцијација и стабилизација, што се одржува еднаш годишно. Секој заклучок од Советот мора да биде одобрен со консензус од сите земји членки, објасни Османи.

„Владата не бега од обврските за исполнување на Договорот за добрососедство и без ЕУ мониторинг. Сепак, доколку тоа значи повеќе доверба на Бугарија дека имплементацијата ќе биде одржлива, тогаш Советот за асоцијација и стабилизација е добро решение“, рече Османи.

Прикажи повеќе...

Најново

Спорт21 минута

(Видео) Кристијан Ериксен колабираше на теренот

Данска и Финска во Копенхаген го играат првиот меч на ЕУРО 2020, во Б-групата. Првиот дел мина во знак на...

Македонија4 часа

Османи: Зголемена е активноста на ЕУ за почеток на преговорите, но исходот е непредвидлив

Се забележува една невообичаена зголемена активност од сите земји членки за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, истакна министерот...

Македонија6 часа

Регистрирани 21 нов случај на коронавирус, почина едно лице

Денеска се регистрирани 21 нов случај на Ковид-19, оздравени се 7 пациенти, а пријавенo е едно починатo лицe. Во последните...

Македонија6 часа

Заев отвори канцеларија за директни средби со граѓаните во Струмица

Претседателот на Владата, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. Од Владата велат дека...

Македонија8 часа

„Кога пилите ќе стивнат“ – утре протест против сечата на дрвја

За утре со почеток во 12 часот, на улицата Орце Николов , најавен е протест против сечата на дрвја. Зад протестот...

Македонија8 часа

Средношколскиот сојуз: Училишта бараат пари од учениците за издавање на свидетелства

Сојузот на средношколците реагира дека некои училишта бараат од учениците пари за издавање на свидетелства. „Изминативе неколку денови Сојузот на...

Македонија10 часа

Македонија повеќе не е на германската листа на ризични земји

Според новите податоци, објавени од државниот германски институт „Роберт Кох“, Македонија повеќе не се смета за ризична држава од Ковид-19....

Спорт10 часа

Арнаутовиќ: Не го отпишувајте Пандев поради неговите години

Македонија и Австрија, утре ќе го одиграат првиот натпревар во Ц-групата на Европското првенство. Дуелот на двете селекции, во Букурешт,...

Спорт23 часа

Пандев со обраќање до нацијата: Генерацијата која ја обедини цела Македонија

Капитенот Горан Пандев преку Инстаграм прати порака до нацијата пред историскиот настап на Европското првенство во фудбал, во кое зборува...

Регион1 ден

Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ за деца од 12 до 15 години

Агенцијата за лекови и медицински помагала на Србија ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ за деца на возраст од...

Македонија1 ден

Заев – Брнз: Извршната наредба на Бајден ги штитат САД, Северна Македонија и сојузниците

Премиерот, Зоран Заев, денеска имаше средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Кејт Брнз, при што во фокусот на разговорите...

Македонија1 ден

Андоновска: Системот за вакцинирање со сериозен недостаток, ако се пријавите повеќе пати, се регистрира последното пријавување

Ако веќе еднаш сте пријавени на vakcinacija.mk не се пријавувајте повторно, затоа што се евидентира само датата на вашата последна...

Македонија1 ден

Регистрирани 20 нови случаи на Ковид-19, починале две лица

Во последните 24 часа се направени 2.885 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на КОВИД-19 од: Куманово – 5,...

Македонија1 ден

Еко-активистите бараат увид во извештајот за состојбата на исечените дрвја, Богдановиќ тврди дека биле стари и суви

Еко-активистите изразија револтираност од, како што велат, масакрот на дрвјава на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало, направен вчера. Од...

Македонија1 ден

Македонски полицајци ќе се грижат за безбедноста на Европското фудбалско првенство

По повод Европското првенство во фудбал ЕУРО 2020, на кое првпат ќе учествува и македонската фудбалска репрезентација, Министерството за внатрешни...

Македонија1 ден

Продолжен притворот на Орце Камчев

Бизнисменот Орце Камчев останува во затворот во „Шутка“. Кривичниот совет му ја продолжи мерката за нови 30 дена. Судиите сметаат...

Македонија1 ден

САД со поддршка за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, без одложување

САД изразија поддршка за итен почеток на преговорите за Македонија и Албанија во ЕУ, објави портпаролот на американскиот Стејт департмент,...

Македонија1 ден

Во тек се двете трансплантации на бубрег од починатата донорка

Во моментов на Клиниката за урологија во тек се двете трансплантации на бубрег од 44-годишната пациентка која вчера беше дијагностицирана со...

Топ1 ден

Албански државјанин им дал мито на полицајците, кои во неговиот камион пронајдоа дрога вредна 200.000 евра

Албанскиот државјанин кој вчера беше фатен со голема количина дрога во камион со приколка на патот Прилеп-Градско, претходно им понудил...

Свет1 ден

Кина ја одобри вакцината на „Синофарм“ за деца постари од три години

Вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија „Синофарм“, што ја направи Институтот за биолошки производи во Пекинг, доби одобрение за употреба...

Досие