Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Нашите војници покажаа дека се професионално обучени

Објавено пред

Нашите војници покажаа дека се професионално обучени согласно највисоките НАТО-стандарди, изјави претседателот Стево Пендаровски на свеченоста во касарната „Илинден“ во Скопје, по повод завршувањето на учеството на Армијата во мировната мисија во Авганистан 2002/2021.

„Оваа мировна мисија потврди дека нашите војници можат да служат успешно во рамките на која било мировна мисија, дека се обучени на највисоко професионално ниво и во согласност со највисоките стандарди на НАТО. Се разбира, оваа мисија немаше да биде можна без поддршката од нашите тогашни партнери, а сега сојузници – САД, Обединетото Кралство, Турција, Чешка, Грција, Норвешка и Германија“, рече Пендаровски.

Тој ги пречека војниците и им посака добредојде.

„Најпрво сакам на нашите мировници да им кажам – добре дојдовте дома. Сега и вие и вашите најблиски можете да воздивнете со големо олеснување бидејќи ни се вративте дома живи и здрави. Се вративте од мисија чијшто мандат воопшто не беше лесен. Не само што е предизвик, самиот по себе да се најдете во непозната средина, далеку од својот дом, уште поголем предизвик е да бидете во средина која веќе 20 години е нестабилна, а често пати и опасна. Затоа, вашето учество во оваа мировна операција е уште повредно, а придонесот не е само ваш, личен, туку и на вашите семејства кои ве поддржуваа“, рече Пендаровски.

Тој кажа дека еден период Северна Македонија била четврта според големината на придонесот во однос на бројот на нејзиното население.

„А, бројката од повеќе од 3.300 припадници изнесува речиси половина од вкупната бројност на нашата армија. Самата бројка е многу позначајна ако се земе предвид и нејзината структура која секогаш го одразуваше етничкиот состав на нашето население и дека нашите војници, заедно со нашите партнери, споделуваа исти вредности на слобода и демократија“, рече Пендаровски.

Македонија

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на Ковид-19 од кои 14 во Тетово, Скопје – 12, Гостивар – 5, Куманово – 4, Кичево – 2 и по еден во Битола и Валандово.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти, шест во Тетово и по двајца во Скопје, Гостивар и Дебар.

Во изминатите 24 часа не се забележани смртни случаи.

Направените 3.839 тестови се преку: ИЈЗ-126, ЦЈЗ Скопје-36, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-35, ЦЈЗ Тетово–22, ЦЈЗ Куманово–42, Судска медицина-3, ГОБ 8-ми Септември-10, Институт за микробиологија–2, Жан Митрев (Филип Втори)-63, Авицена-252, Биотек-197, Систина-66, лабораторија Лаор-338, Синлаб-29, Ремедика-18, Плодност–46, Генеа–10, Никоб лаб-559, ВФВ Медикал-18, Ели Медика-9, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.906.

Досега во земјата се направени вкупно 959.456 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 156.124 бројката на оздравени пациенти е 150.307, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 326.

Според епидемиолошките анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Скопје 68823, Активни 118
Куманово 8917, Активни 36
Прилеп 8335, Активни 7
Тетово 7391, Активни 94
Битола 6312, Активни 2
Велес 5478, Активни 4
Гостивар 5209, Активни 21
Кавадарци 5156, Активни 1
Охрид 5025, Активни 6
Штип 4964, Активни 3
Струмица 4130, Активни 5
Струга 2986, Активни 5
Кочани 2796, Активни 4
Кичево 2609, Активни 10
Гевгелија 2196, Активни 1
Неготино 2184, Активни 0
Свети Николе 1526, Активни 1
Ресен 1234, Активни 0
Крива Паланка 1227, Активни 0
Радовиш 1162, Активни 1
Берово 1032, Активни 0
Делчево 974, Активни 1
Дебар 949, Активни 5
Виница 886, Активни 0
Пробиштип 789, Активни 0
Валандово 668, Активни 1
Богданци 494, Активни 0
Крушево 490, Активни 0
Демир Хисар 400, Активни 0
Демир Капија 396, Активни 0
Кратово 377, Активни 0
Македонски Брод 359, Активни 0
Пехчево 269, Активни 0
Македонска Каменица 249, Активни 0
Дојран 132, Активни 0

Прикажи повеќе...

Македонија

Отворена нова градинка во Стајковци

Објавено пред

Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, и градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, денеска учествуваа на настанот по повод пуштањето во употреба на градинката „Пеперутка“ во Стајковци.

Со вкупно 6 занимални, градинката „Пеперутка“ има капацитет за околу 140 дечиња.

„Тоа е од огромна помош за родителите од населените места Стајковци, Црешево, Булачани, Смилковци, Виниче, Раштак, Страчинци и Брњарци. Сега родителите сега нема да имаат потреба дечињата да ги носат во најблиските градинки кои се со километри оддалечени од нивните домови“, рече Заев.

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски, информираше дека градинката е целосно изградена со средства на општината, во вредност од 30 милиони денари, а опремена е со поддршка на Владата и Министерството за труд и социјална политика.

Прикажи повеќе...

Македонија

2 август неработен ден за сите граѓани

Објавено пред

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 2 август (понеделник), Ден на Републиката, е неработен ден за сите граѓани.

Денот на Републиката е голем државен празник. Се прославува на 2 август, кој е исто така и голем верски празник—Илинден, во чест на пророкот Св. Илија— според јулијанскиот календар.

Денот на Републиката се прославува во знак на сеќавање на два големи настани кои се случиле на овој датум и со кои се удрени темелите на македонската државност: Илинденското востание од 1903 година, кое било организирано од Внатрешната македонска револуционерна организација против Отоманското Царство, и во текот на кое била прогласена република, и Првото заседание на АСНОМ од 1944 година, во текот на Втората светска војна, на коe се поставени основите на денешна Република Македонија.

Прогласен е за државен празник уште на Првото заседание на АСНОМ во 1944.

Големи народни собири се одржуваат во сите манастири, а се организира и коњанички марш од Скопје до Крушево каде што е прогласена Крушевската република во 1903 година. Главната прослава се одржува на Мечкин Камен, каде што имало борба со отоманските војски во која загинал Питу Гули.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Регистрирани 39 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.839 тестирања, а регистрирани се 39 нови случаи на...

Македонија3 часа

Заев: 17 октомври е датумот за локалните избори

И покрај дилемите за тоа дали кампањата за локалните избори ќе се поклопи со претстојниот попис, премиерот Зоран Заев денеска...

Европа3 часа

(Видео) Силна експлозија го потресе Леверкузен: Жителите добиле предупредување за екстремна опасност

Силна експлозија ги потресе куќите во германскиот град Леверкузен. Снимките од социјалните мрежи покажуваат како се крева огромен облак од...

Спорт3 часа

Крај на 20-годишниот пост – Прво олимписко финале за Македонија

Дејан Геoргиевски го прекина 20 годишниот пост на Македонија на Олимписките игри. 22-годишникот од Скопје, го обезбеди сребрениот медал во...

Македонија4 часа

Само 0,02 отсто од вакцинираните со две дози во Македонија заболеле од коронавирус

Вкупно 92 лица од 330.000 кои се ревакцинирани заболеле со коронавирус, објави министерот за здравство, Венко Филипче. Ова, додаде тој,...

Европа4 часа

Во ЕУ вакцинирани 70 отсто од возрасните, две дози примиле 57 отсто

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави дека целта од 70 проценти вакцинирани од возрасните лица во Европската...

Спорт5 часа

Георгиевски обезбеди сребро на ОИ во Токио

Дејан Георгиевски избори пласман во финалето на олимпискиот турнир во таеквондо, во категоријата над 80 килограми. Во полу-финалето, Георгиевски го...

Македонија6 часа

Спасени планинари од Чешка на Шар Планина

Група планинари од Чешка вчера вечер се спасени од Шар Планина. Тие залутале, а околу 18 и 30 часот се...

Свет17 часа

(Видео) Песочна бура проголта град во Кина

Песочна бура висока речиси 100 метри зафати град во северозападна Кина, при што целиот град остана покриен со прашина. На...

Европа17 часа

Украинскиот напад ќе заврши со колапс, одговори Русија по изјавите за нова офанзива на Киев

Коментирајќи ја позицијата на поранешниот заменик-министер за привремено окупираните територии на Украина, Јуриј Гримчак, кој повика на подготовка на армијата...

Европа17 часа

Стапката на заразени од коронавирус во Европа се зголемува, предупредува СЗО

Светската здравствена организација (СЗО) денеска објави дека стапката на ширење на коронавирусот е забрзана во некои европски земји, пренесуваат светските...

Европа18 часа

(Видео) Јужна Европа се бори со пожари, најлошо е во Грција и Италија

Шумските пожари, потпомогнати од горештините и силните ветрови, денеска зедоа замав во јужна Европа, а некои северни земји ги расчистуваат...

Регион19 часа

Радев: Нема да дозволиме кршење на правата на Бугарите во Северна Македонија

Бугарија е најсилниот поддржувач на проширувањето на ЕУ, но не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република...

Македонија24 часа

Двајца починати и 10 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа,...

Економија1 ден

Поевтинуваат горивата

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 1,5 и за 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија1 ден

(Видео) Јанакиески за притворот: Ова е малтретирање и изживување со човекови судбини

Ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, по објавувањето на пресудата за „27 април“ со која беше осуден на 6...

Македонија1 ден

Пресуда за Вељаноски, Ристовски, Јанакиески и Атанасовски – осудените плански го организирале упадот со цел да се зачува власта

Судот ги изрече пресудите за организаторите за упадот во Собранието на 27 април –  поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е...

Македонија1 ден

Трајко Вељаноски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на...

Европа1 ден

(Видео) Големо невреме во Лондон: Поради поплави затворени осум метростаници и две болници

Силен дожд и грмотевици го погодија Лондон што предизвика поплави во некои делови на главниот град на Британија, поради што...

Македонија1 ден

Заев: Скопје никогаш нема да заборави на жртвите од земјотресот и солидарноста по него

Катастрофалниот земјотрес пред 58 години за само 20 секунди го запре животот на Скопје и им го одзеде животот на...

Досие