Контакт

Македонија

(Видео) Пендаровски: Посетата на Шарл Мишел уверува дека имаме силна поддршка на европскиот пат

Објавено пред

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој престојува во работна посета на земјава.

На заедничката прес-конференција, Пендаровски му се заблагодари на Мишел бидејќи уште на почетокот на неговиот мандат јавно изразил поддршка за отпочнување на претпристапни преговори за Северна Македонија.

„Вашата посета нѐ уверува дека во Вас имаме силен поддржувач на проширувањето на ЕУ. Членството во ЕУ, без никакви резерви, е наша основна стратешка цел и продолжуваме да работиме за нејзино исполнување“, истакна Пендаровски во своето излагање.

Претседателот нагласи дека иако минатиот октомври земјава доби непријани вести, сепак, постои голема надеж дека наскоро ќе има позитивни моменти за нашата европска интеграција.

„Се надеваме дека, многу скоро, уште во март оваа година, ќе биде усвоена новата методологија за водење на претпристапните преговори и дека наскоро ќе има позитивни вести за нашата европска интеграција. Очекуваме дека со новата методологија ќе се зајакне процесот на пристапните преговори, како политички така и во однос на кредибилитетот и одржливоста. Како што Ви истакнав и на нашата средба, ние сме подготвени да ја прифатиме новата методологија затоа што тоа е во наш интерес, процесот да биде одржлив и кредибилен“, му порача македонскиот претседател на Мишел.

Пендаровски додаде дека од сите политичати во земјава, вклучително и оние во опозиција, се очекува да продолжат со работа на реформската агенда и дека европската интеграција не е значајна само за Северна Македонија, туку за целиот регион.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Алексовски: Телефонот ми е дома, не е точно дека е пронајден кај Смилковско езеро

Објавено пред

Синиша Алексоски, советникот за национална безбедноста на експретседателот Ѓорге Иванов, е вториот сведок во „Монструм” по Сашо Мијалков кој дава исказ во судница. Тој сега е вработен во Агенцијата за разузнавање и на самиот почеток кажа дека не познава никој од обвинетите. Тој кажа дека со тогашната министерк на МВР, ескдиректорот на УБК, Сашо Мијалков и ексдиректорот на БЈБ, Љупчо Тодоровски, комуницирал само службено.

Пред да се случи настанот, Алексовски не добил во писмена форма податок дека ќе се случи нешто на критичниот ден кога беа убиени петте лица кај Смилковско езеро. Но, усно бил известен за наводно присутна вооружена група во планини која ќе нападнела полициска станица.

„Секогаш пред верски празник, се следат стандардните оперативни процедури. Се собираат податоци за намери за терористички упади од екстремисти кои можат да извршат напади на верски објекти, каде има голема фреквенцина на луѓе. Во тие планови се опфаќа и движењето на претседателот. Стигаа известувања од полициски службеници, воени лица, овластени лица во УБК. Во еден од тие имав полициска дојава на податок, односно интерпретација на податок од страна на полицискиот службеник Зоран Трајковски, кој кажал дека има група која се движела по планините и може да изврши напад на полициска станица. Јас се видов со него и го прашав ‘Дали е изворен податок или интерпретација на податок’, како и ‘Дали напишал оперативна информација’. Ме извести дека со податокот ги известил припадниците на воената служба и припадниците на регионалното одделение на УБК во Куманово. Неговото барање беше доколку јас имам податоци, да ги споделиме и размениме, а јас му напомнав дека секоја година има дојава на полуинформации”, рече Алексовски.

По настанот, сите се јавувале и сите се знаеле, рече Алексовски, кој напомена дека добивал пораки, меѓу другото и од Зоран Трајковски.

„Може да станува збор за поранешен полициски службеник Башким Бајрами, а според местото на настанот, тој живее на сто метри од местото на убиството. Во тој момент тој беше во бегство, па кажа дека дека доколку тој се враќал дома би го користел тој пат”, додаде Алексовски.

Алексовски рече дека имал официјлни средби со семејствата на убиените деца, а се среќавале и неофицијално во домот на службеник кој бил задолжен за безбедноста на семејството Иванови.

„Првата средба со семејствата на жртвите беше во Кабинетот на претседателот на државата, по нивно барање за да ги презентираат оние материјали и разговори кои ги добиле од лидерот на СДСМ. Тоа беше официјална средба, каде беа изнесени одредени сомневања во однос на институциите и како тие постапувале со случајот, особено во делот на заштитата со класифицираност на одредени документи во предметот. На средбата беа и Ѓорге Иванов, записничар, генералниот секретар. Тие побараа дали имаме допис од странски претставници во врска со овој случај, за да им помогнеме. Неофицијални средби имавме во домот на Оливер Наќевски кој беше личен службеник задолжен за безбедноста на семејството на државата и близок роднина на едно од убиените деца”, рече Алексовски.

Наќевски го известил Алексовски што било разговарано на средбата со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Алексовски обвини дека Заев изнел невистини за него, кога посочил на семејствата дека кај Смилковско езеро е најден неговиот телефонски апарат. Истото на Алексовски му го кажал и на адвокатот Насер Рауфи.

„Наќевски ме извести за средбата со лидерот на СДСМ, на која што тој упатил сериозни сомневања за инволвираност на високи полициски службеници во случајот со пасивно или активно однесување, инволвирајќи ме и мене, дека наводно некој мој телефон бил паднат кај езерото. Лидерот на СДСМ изнесува невистини и клевети. Тој посочи и дека има сомневања за потеклото на возилото „опел омега”, за кое што лидерот на СДСМ посочил, цитирајќи одредби во пресудата, можно е да биде сопственост на МВР, а користено од единицата Алфи”, образложи Алексовски.

Тој негираше дека го изгубил телефонот и кажа дека му е дома заедно со службената сим-картица која тогаш ја користел.

„Јас јасно одговорив дека се уште го користам телефонот ‘Нокиа Е6’, со целата содржина, сите разговори, како и сим-картичката која е службена од МВР, која пак, ако сум ја изгубил ќе требало да направи дупликат-што не се случило. Во однос на возилото, јас кажав дека додека јас бев командант, а тоа едно 30 месеци пред да се случи настанот, во возниот парк имало „опер вектра”. За тоа возило имам потпишано налози за користење од службеници, за тоа има и податоци. По ноември 2009-та не знам. Ова лесно може да се провери и отфрли ваква невистина. Во однос на прашањето дали имам други податоци зо случајот, јас ја објаснив мојата улога во кабинетот на експретседателот”, рече Алексовски кој потоа кажа дека со Наќевски имал и трета средба.

На последната средба, Алексовски рече дека Наќевски бил загрижен дали предметот ќе биде завршен, односно, дали ќе останат истите обвинители или ќе има нови. Тој не одговорил на прашањата, а средбата била откако предметот бил во рацете на СЈО. Семејствата барале од Алексовски да побара информации од УБК, МВР и другите институции кои би им ги соопштил.

„Се она што ние ќе добиеме, тие во соодветен начин ќе бидат известени”, рече Алексовски. За убиството кај Смилковско езеро дознал од телохранителот на Маја Иванова.

Прикажи повеќе...

Македонија

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

Објавено пред

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на Водно.

„Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно ќе се дезинфицираат и одделни делови од возилото како држачи и слично“, соопштија од ЈСП.

Од таму велат дека вонредната дезинфекција е мерка за заштита од коронавирусот со оглед на тоа дека јавниот превоз во Скопје секојдневно во просек го користат 115.000-130.000 граѓани, а стотици граѓани ја посетуваат и ја користат жичницата.

Дополнителната, односно вонредна дезинфекција ќе се врши секојдневно, сè до добиените нови препораки од надлежните институции кои ја следат состојбата со коронавирусот.

Инаку, додаваат од ЈСП, внатрешна дезинфекција на автобусите се врши секојдневно преку т.н. редовна дневна нега (чистење, миење) на возилата. Притоа, возилата се третираат со соодветни еколошки средства кои имаат дезинфекциско својство. Секое возило, пред да се пушти во сообраќај, е подложно на дневна нега.

Прикажи повеќе...

Македонија

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на вирусот.

Пациентката е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје. И двата случаи се негативни на вирусот.

Во моментов веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19.

Инаку, како што беше најавено на синоќешната конференција за медиуми, во текот на ноќта сите 9 патници на 5-те локации, 2 во Скопје и 3 во Струмица беа посетени од страна на епидемиолозите од Центрите за јавно здравје во Скопје и Струмица.

„Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација“, посочи министерот Филипче.

Лицата со кои тие биле во контакт се веќе лоцирани и исконтактирани. И тие се наоѓаат во домашна изолација, а епидемиолозите на Центрите за јавно здравје од утринава се веќе на терен и ги анкетираат, согласно утврдената постапка.

Владата претходно ги извести сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработени во основно, средно и високо образование како и сите ученици и студенти дека доколку во последниве 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван потребно е, да не доаѓаат на работа/училиште/факултет и да ја информираат институцијата/претпријатието/училиштето и да се јават на телефонските броеви во ЦЈЗ.

Надлежните апелираат до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Вонредна дезинфекција на автобусите на ЈСП и на жичницата на Водно

ЈСП Скопје од денеска, 27 февруари, ќе почне со вонредна дезинфекција на автобусите, како и на кабините на жичницата на...

Македонија36 минути

Жената која допатува од Рим не е заразена со коронавирус

Министерството за здравство информира дека резултатите на пациентката кај која постоеше сомнеж за коронавирус, кои штотуку пристигнале, се негативни на...

Македонија43 минути

СДСМ и Беса заедно на изборите

Лидерите на СДСМ и движењето Беса, Зоран Заев и Биљал Касами, потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12...

Македонија1 час

(Видео) Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија

Градот Скопје во рамките на своите надлежности е целосно подготвен да ги преземе сите неопходни мерки за да се спречи...

Македонија2 часа

Граѓаните кои биле во регионите со коронавирус да се јават во ЦЈЗ и да не одат на работа и на училиште

Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како...

Топ3 часа

Притвор за гевгеличанецот кој силувал малолетно девојче

Против 23-годишникот од Гевгелија кој силувал малолетно девојче поднесена е кривична пријава и определена му е мерка притвор во траење од...

Македонија3 часа

Мијалков не се сеќава на анализата за „Монструм“

Ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков сведочеше на рочиштето за „Монструм”. Тој кажа дека откако било поднесено обвинение, биле правени анализи...

Македонија3 часа

Ветрот во Скопје со над 100 километри на час

Силниот ветер во Скопје на моменти достигна и над 100 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. „Во...

Регион4 часа

Црногорци уапсени со пет тони кокаин на брод во Венецуела

На бродот „Ареса“ во Венецуела се запленети еден тон, а потоа уште четири тони кокаин и уапсени се црногорски државјани,...

Свет4 часа

Потврдени 433 нови случаи за еден ден, до сега се излекувани 32.495 луѓе во Кина

Во Кина вчера се регистрирани 433 нови потврдени случаи на заразени со коронавирус и 29 смртни случаи, соопштија од Националната...

Свет5 часа

(Видео) САД: Добил отказ во пиварница, се вратил со пиштол и убил петмина колеги

Поранешен вработен во пиварница на САД уби најмалку пет лица, а потоа се самоубил, јавуваат американските медиуми. Шестмина загинаа, вклучувајќи...

Европа5 часа

Петмина настрадаа во пожар во Стразбур

Пет лица настрадаа во пожар што избил во зграда во Стразбур, на североисточниот дел на Франција, соопштија локалните пожарникари. Истите...

Македонија5 часа

(Видео) Силниот ветер откорна дрвја и уриваше покриви во Скопје

Силниот ветер синоќа корнеше дрвја и уриваше покриви во главниот град. Десетици дрвја се паднати на  локации од невремето. Ветерот,...

Македонија15 часа

МОН: Дадени се препораки на образовните установи за заштита на учениците, студентите и вработените од коронавирусот

Согласно заклучоците донесени на вчерашната владина седница, а во врска со заштита на јавното здравје во услови на брзо ширење...

Македонија17 часа

(Видео) Филипче: Познати сопатниците на жената заразена со коронавирус, ќе останат во излоација 14 дена

Идентификувани се сите патници кои се возеле во комбето со жената која е заразена од коронавирусот, а која утринава допатувала...

Регион17 часа

Во Хрватска потврден трет случај на коронавирус

Во Риека, Хрватска потврден е трет случај на коронавирус, пренесуваат хрватските медиуми. Како што се наведува, се работи за маж...

Македонија20 часа

Спасовски: Нема потреба од паника, сè е под контрола

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, на прес-конференција изјави дека нема потреба од паника во јавноста поради појавата на првиот случај...

Македонија21 час

(Видео) Прв случај на коронавирус во земјата

Потврден првиот случај на коронавирус во земјата. Се работи за жена, родена 1970 година, од Скопје. Како што изјави министерот...

Економија1 ден

Бебе имало дивиденда над 1 милион денари во 2018 година, а скопјанка пријавила приход од 17 милиони евра

Скопјанка со годишен бруто-приход од 17, 1 милион евра е најбогатата Македонка. Таа во 2018 година пријавила во УЈП годишен...

Свет1 ден

(Видео) Бебе кое има само 17 дена излечено од коронавирус

17-дневно бебе од Вухан, на кое му беше дијагностицирана инфекција со коронавирус КОВИД-19 веднаш по неговото раѓање, заздравило без лекување...

Досие