Македонија
(Видео) Петровска: Реализацијата на пописот е патриотски чин

Законот за попис на населението е во собраниска процедура и со неговото усвојување се создаваат сите услови за одржување на попис оваа година, изјави Славјанка Петровска од СДСМ. Според неа, реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин.
„Попис, по највисоките меѓународни стандарди, дигитализиран и согласно прописите на Евростат. По цели 19 години на нашата земја и е неопходен попис. За да може подобро и рамномерно да се развива, за креирање нови долгорочни развојни политики. Тоа е во интерес на државата, на народот, на сите наши граѓани. Затоа велиме дека реализацијата на оваа статистичка операција е патриотски чин“, вели Петровска.
Таа вели дека Мицкоски мора да сфати дека пописот е статистичка операција, а не политичка.
„А за својата борба за фотелјата во белиот дворец треба да си бара други начини наместо да блокира сè што е во интерес на граѓаните и државата. Тој е против сè, а не знае зошто. Се обидува да блокира сè, без никаква одговорност кон државата и без осет за потребите на граѓаните. Дури повикува на бојкот на пописот. Зошто, не знае ниту тој. Помалку граѓани Македонци да излезат? Да бидеме единствена земја без попис? Ние немаме намера да му дозволиме на ВМРО-ДПМНЕ да спречи уште еден попис“, рече Петровска.
Таа ги повика сите пратеници да го поддржат законското решение.
„Државата има електронски регистар на население кој ќе биде поврзан со уредите за попис и податоците ќе бидат споредувани со податоците на други 10 институции и проверени. Што значи не е возможно да се попишат лица кои не постојат. Без разлика колку и да не им се допаѓа на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, попис оваа година ќе има по меѓународни стандарди. Тоа е важно за економијата, за целокупното наше општество, за развојот на нашата држава и ние сме должни тоа да го овозможиме“, рече пратеничката од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Фетаи за „Монструм”: Овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор

Обвинителката Фатиме Фетаи која го застапува случајот „Монструм”, преку анализа на доказите, односно вештачењата и сведочењата, му докажуваше на судот дека возилото “опел омега” било употребено за транспорт при извршување на петкратното убиството на Смилковското езеро. Таа посочи дека возилото не било на МВР, како што тврдеше еден од сведоците во постапката, додавајќи дека на него биле најдени билошки траги од обвинетиот Алил Демири на потпирачот на глава, но и земја од Смилковското езеро.
„ Неточна е тезата од правно фактички и правно логичен аспект”, рече Фетаи за тврдењето на сведокот дека МВР е сопственик на “опел омегата”, образложувајќи дека тој ја препознал само по боја, но не дал никакви други детали за неа, ниту регистарски таблици.
Обвинителката докажуваше и дека телата на убиените не биле донесени на Смилковското езеро, како што беше тврдено во текот на постапката и јавноста. Таа кажа дека трагите, нивното земање, транспортот, вештачењето, го запечатуваат тврдењето дека петкраткото убиство е направено кај што се пронајдени телата.
„ Лишени се од живот пет лица со употреба на оружје. Настануваат траги од крв, како и чаури. Трагите од крв може да бидат локва, слевање, капка.. Трагите од слевање настануваат со истекување на крв од крвните садови. Сите видови траги се важни бидејќи укажуваат далу телото е поместувано или донесено. Во однос на трагите на оружја, ќе се задржиме на проектилите и чаурите како траги. Може да се пронајдат цели или одредени нивни делови. За чурите важи податокот дека се утврдува од какво оружје е испукано. Вистинското место на настанот е она каде што се пронајдени телата. Фингирање на проектил, природното истекување на почвата каде се извршило убиството е невозможно. На иста линија се и на вештите лица дадени во постапката”, рече Фетаи, објаснувајќи ги материјалните докази и осврнувајќи се на научниот аспект во однос на доказите.
Се лиферуваа информации дека младите момчиња биле во блиски контакти со ќерката на Трајко Вељаноски, па затоа се случил настанот, рече Фетаи, која образложи дека немало индиции, ниту се докажало дека убините се познавале со неа, ниту дека имале контакти, а најмалку дека поради тоа се лишени од живот.
„ По однос на околноста дека обвинетите биле на местото на настанот претходните денови, единствен доказ е исказот од заштитениот сведок. За деновите пред убиството не постои доказ дека иделе таму за да евидентираат кои лица од која националност доаѓале”, рече Фетаи.
За тоа дека Алил Демири, Агим и Африм Исмаиловиќ ги извршиле убиствата, Фатиме Фетаи кажа дека има докази и се потврдуваат со материјални докази и сведочења пред судот.
„ Вишок е само тоа дека ‘на свиреп и подмолен начин’ било извршено убиство. За да е на свиреп начин треба да има страдање на жртвата и извршителот свесно да знае дека жртвата страда… Убиството на подмолен начин е на потајно сторување, каде сторителот ја искористува неговата доверба… Во случајот има докази за употреба на три вида оружје, приближно траење на настанот… Да се разбереме, овој чин не заслужува ништо помалку од доживотен затвор..”, рече таа, објаснувајќи дека делот за ‘свиреп и подмолен начин’ е вишок поради недостаток на докази.
За Фетаи е неважно кој со какво оружје пукал, со оглед на делото тероризам за кое се гонат. Таа посочи дека имало договор за лишување од живот на жртвите меѓу обвинетите, образложувајќи дека контактирале, но и како се транспортирале до извршувањето на убиствата кај Смилковското Езеро.
„ Исказот на Хаки Азири заслужува верба. Сите елементи за исказот да биде веродостоен, ги има. Делот за исклучените телефони се потврдува со листинзите од телефонските оператори. Чекањето во Топанско поле, се поклопува со времето на извршувањето на чинот. Обвинетиот Хаки самиот го дообјаснува моментот кога застанува возилото ‘опел омега’, позади неговото, за обвинетите да се префрлат во неговата кола. На иста линија е и исказот на Хаки кој ги дава сите појаснувања за настанот и неговите дејствија”, рече Фетаи, која објасни дека на подоцнежното тврдење на Хаки Азири дека бил присилен да ја даде изјавата пред суд поради деталите кои ги кажал во врска со чинот, не може да му се верува.
Фетаи бара сите обвинети да бидат осудени.
„ Не би сакала никигаш повеќе во вршење на функцијата јавен обвинител да бидам доведена да давам завршен збор за ваков настан. Лицата за кои се бара осуда се одговорни за делата кои им се ставаат на товар”, рече Фетаи на почетокот од завршните зборови.
Македонија
Лицата со попреченост најверојатно ќе бидат вклучени во петтиот сет мерки

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, одговарајќи на новинарско прашање изјави дека се размислува за тоа лицата со попреченост да бидат вклучени во петтиот сет економски мерки за помош на последиците од пандемијата,
„ Дел од лицата со попреченост спаѓаат во групите кои беа претходно опфатени, дел од пензионерите се лица со попреченост, исто така и дел од регистираните баратели на работа“, рече Шахпаска.
Таа е оптимист дека оваа категорија граѓани ќе биде меѓу оние кои ќе добијат економска помош од Владата.
„ Имавме вчера разговор со вицепремиерот за економски прашања. На крајот верувам дека и овие лица ќе бидат вклучени, имам сознанија дека уште многу малку останале неопфатени“, рече Шахпаска.
Македонија
Османи во официјална посета на Црна Гора на средба со Ѓукановиќ

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи ќе престојува во официјална посета на Црна Гора на покана на министерот за надворешни работи на Црна Гора, Ѓорге Радуловиќ.
Во рамките на посетата Османи ќе има набиена агенда на која ќе оствари средби со целиот државен врв на земјата. Покрај неговиот хомолог, Османи ќе оствари средба и со претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со претседателот на црногорскиот парламент Алекса Бечиќ, со претседателот на Владата, Здравко Кривокапиќ, како и со потпретседателот на Владата, Дритан Абазовиќ.
Се очекува, на разговорите да бидат потврдени блиските и пријателски односи меѓу двете земји, но и детално разгледување на начините како да се продлабочи соработката, особено економската, која треба да ги следи многу добрите политички односи, преку изнаоѓање на нови форми и содржини за збогатување на трговската размена. Во споделувањето на мислења и ставовите посебно внимание ќе биде ставено на соработката во рамките на НАТО, како земји сојузници и во процесот на интеграцијата во Европската Унија, во која двете држави имаат заедничка цел и перспектива. Во тој контекст, ќе се разговара и за регионалната соработка и иницијативи, кои имаат клучна улога во развојот на добрососедските односи и нивното значење за меѓусебната соработка и европската иднина на секоја земја поединечно и регионот како целина.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот